КИРЕ ПЕЧЕНКОВСКИ – ПОЗНАТ МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО КАНАДА

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Животната сторија на Ки­ро (Кирил) Печен­ков­ски поч­ну­ва во Долно Перово, во Песпа, село кое се наоѓа непо­сред­но до северниот брег на Прес­пан­ското Езеро, оддалечено око­лу десет километри од Ресен. Сите жители на се­­­лото се Македонци, од кои голем број како и Киро и неговата сопруга Дежда, одамна тргнале по други животни па­тишта во светот кои живот значат.

Убаво е во Долно Перово, а со тоа и во цела Преспа во есен кога разновидните бои се пре­пле­тени како пајажина, кога ми­ри­сот на зрелите јаболка се раз­не­сува низ чистиот воздух. Пре­крас­но е во зима кога планините над­виснале над Езерото, а лето­вите и звукот од пеликаните се пре­несуваат по езерската шир. Но, Преспан­ското Езеро е нају­баво во пролет кога јагликата ги пробива последните остатоци на снегот на Галичица и Пелистер и во лето кога свежината од Езе­рото го исполнува треперливиот воздух и е преполно со мно­гу­број­ни капачи и риболовци.

Таму, на 21 април 1937 година беше роден Киро Печенковски.  Неговиот животен пат во родниот крај за­­­почнал токму до Преспанското Езеро, каде го започнал своето образование сво основното се­­­дум­го­диш­но училиште во Дол­но Пе­ро­во, малата матура во Ца­рев Двор, обидот со Економското учи­лиште во Охрид и двегодиш­ни­те гим­на­зис­­ки класови во Ре­сен. Од чети­­ринаесеттата година за­почнал со комерцијалниот ри­бо­лов, од кој не се откажал до на­пуштањето на Македонија. Во рибарството научил една формула која практично и успешно ја испробал во Канада. Таа гласи: „На луѓето не им давај риба, туку научи ги сами да ја ловат”!

Киро Печенковски бил вистински мајстор за ловење риби, еден од нај­доб­рите во селото, а тоа го наследил од татко му. Од реките или од езе­рото никогаш не се враќал со празни раце. Сепак, тоа за­до­волс­тво решил да му го остави на татко му Мите, кој како рибар ја дочекал пензијата во ри­бар­ска­та задруга „Рибар” во Долно Пе­ро­во. А тој веќе ковал други пла­нови. Не можејќи да се помири со тогашната економската состојба, прво решил да си најде избраничка, животната сопатничка, а таа била Дежда од Евла, а потоа да замине преку граница, во потрага по нов и подобар живот во прекуолеанските земји.

Така, на 6 мај 1962 година, на Ѓурѓовден, заедно со двајца другари, со преспанска чунка – кајче, ја минале македонско-грчката граница. Нив­ното бегство од земјата било во најголема тајност. Границата ја минале без проблеми, зашто како рибари биле добри поз­на­вачи на теренот, но и на  „та­бие­ти­те” на Преспанското Езеро. Првин прис­тиг­нале во селото Раби, од каде, при­фа­тени од полицијата биле пре­фр­ле­ни во село Желево, а потоа тран­спортирани во Лерин, каде што останале бли­зу една година. Оттаму ги од­веле во Солун, а потоа во логорот Лав­рион. Во Грција останал до 1963 година, кога со брод за­ми­нал за Канада. На 14 април 1963 година пристигнал во Халифакс, од каде заминал за Торонто. Во меѓувреме, во Долно Перово, во 1960 година, му се родила првата ќерка Кети, како подарок од не­го­вата сакана Дежда, која не­тр­пе­ливо очекувала да заврши бе­гал­ската одисеја на нејзиниот маж, за потоа да му се придружи со ќерката.

По пристигањето во То­рон­то, Киро Печенковски започнал со реализација на својата формула што ја чувал во мислите. Англискиот ја­зик го учел сам, без посетување кур­севи, туку низ практична ко­му­никација со Македонците или Канаѓаните. Главна преокупација му било констуирањето или ино­­­­­ва­­циите на машини за об­ра­бот­ка на метал. Но, во почетокот морал да ги создаде неопходните ус­ло­ви, прво за неговата еле­мен­тар­на егзистенција во Торонто, а по­тоа и за вработување во фаб­рика во која ќе може да ги ост­вари идеите од областа на лие­њето метали.

Во почетокот, како и многу иселеници во друга земја, за­поч­нал со миење садови по ре­с­то­рани, за 25 долари неделно, иако работел цел ден. По десетина неус­пешни обиди, конечно во 1964 година бил примен како општ работник во една метална фабрика. Во 1967 година очекувал да му се придружат со­пру­гата и ќерката, па за да ги до­чека подготвен, морал до­пол­ни­тел­но да работи, пак во некој ре­сторан. Во 1968 година бил ис­пратен во САД да работи на лие­ње и влечење бронзени цев­ки. Тогаш дошле до израз не­го­вите способности. Работејќи, ја проу­чувал технологијата и се оби­дел да ја усоврши. Но, по некои не­до­раз­би­ра­ња со матичната фаб­рика, од инат, сам кон­струи­рал ма­шина за топење бронза.

Тоа наиш­ло на поддршка од не­кои вли­јателни Евреи во тој бизнис, па на нив­но ба­рање останал уште некое вре­ме во фабриката. Потоа ре­шил да се осамостои. Стартот бил добар и Ки­ре задоволен што конечно ја започнал индивидуално рибата во Торонто. Тој ден до­шол во 1979 година, кога купил еден хектар земја, на кој во 1982 година ја изградил и ја отворил сопствената фабрика, К.П.Бронз, чиј прет­се­­дател на Управниот одбор беше од почетокот на формирањето на фабриката до неговата смрт на 12 јули 2012 година.

Киро Печенковски ги наследи убавите работи од неговите ро­ди­тели: мајката Веса и таткото Ми­те. Тој беше ин­те­лигентен и мудар, имаше смисла за бизнис и креа­тивноста, беше упорен и енер­гич­ен, притоа имаше голема поддршка од неговата сопруга Дежда, ко­ја му беше и остана негова десна ра­ка. Таа му помогна тој да се кон­цен­­трира на бизнисот, а таа ја пре­зе­де сета грижа за семејството и домот. Еден поглед врз ам­биентот на нивната раскошна куќа, е доволен да се види кој го држи кормилото. Тоа е во рацете на се­мејството Печенковски, би­деј­ќи она што е фабриката за Киро, тоа е и фабриката и домот за Деж­да.

Во тоа авторот на овие редови се увери при бројните посети во нивната фабрика и во огромната милионерка куќа во Ауроа. Тие функционира како еден успешен тандем, кој вешто управува со една мала им­перија на животот, која се вика биз­нис и дом. Во хармонија как­ва што можат да создадат само спо­собни брачни двојки, што со смисла за, речиси, идеал­на брач­на хармонија.

Киро Пе­чен­­ков­с­ки беше успешен биз­нис­мен во Канада кој во деловните кругови беше ценет и по­читуван, осо­бе­но заради не­говит придонес во развојот на еко­но­мијата на оваа земја, која како мул­тиетничка, соз­дава услови за максимално из­разување на креа­тив­ните спо­собности на нејзините гра­ѓани. На тој план Киро беше еден од рет­ки­те Македонци која ја имаше честа да биде познат и признат соз­да­вач на матријалните вред­ности во демократска Канада.

Киро Печенковски го сметаа за еден од побогатите Македонци на север­ноаме­рикан­скиот кон­ти­нент. Тајната на неговиот успех не беше во завршените факултети по машинство или студиите по­вр­зани со обработката на металот, туку во конструк­торскиот ген што му го вградило неговото се­меј­ство во Долно Перово, како последица на фактот дека потек­нува од земја која пред илјада години на светот му дала пис­ме­ност и култура.

При нашата посета на фабриката бевме информирани дека  историскиот развон на К. П. Бронз (К.П. БРОНЗЕ) започнал во 1971 година, а ја формирал Кире Печенковски. Во тој период Кире бил единствен вработен и сам ги извршувал сите оперативни активности, чиј  вкупен годишен капацитет изнесувал 40.000 единици. Меѓутоа, во наредните години компанијата доживува рапиден пораст со дневен капацитет на производство од 40.000 единици.

Продолжува

1slavek1

Пишува: СЛАВЕ КАТИН