КОСТА (ГАС) СТЕНВИК – ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ И ДОНАТОР ВО МАКЕДОНСКАТА ЗАЕДНИЦА ВО ТОРОНТО (21

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Коста (Гас) Стенвик беше познат и признат во македонската заедница. Тој  беше од познатите македонски бизнисмени, кој од 1996 година постана сопственик на фабриката за сирење “Triple A Cheese“ која со својата  богата палета на сирења и други млечни производи, особено со своето „Фета сирење“ беше позната на пазарите во Торонто, Онтарио и пошироко на американскиот континент.. Во исто време Коста Стенвик, кој беше познат како Гас Стенвик беше посветен на македонските прашања и македонската кауза.. Живееше во Канада, а беше бранител на Македонија и македонска вистина. Тој беше човекот кој постојано донираше, а несакаше да се споменува неговото име.

Коста (Гас) Станвик е роден на 15 октомври 1930 година во селото Арменско, општина Лерин, во Егејскиот дел на Македонија. Овој доблесен Македонец имал 18 години кога во текон на „Граѓанската војна во Грција“, со дел од неговото семејство заминал со брод на долгиот пат кон демократска Канада. Останало зад него убавото село Арменско, убаво место, впечатливо и препознатливо со силниот непокорлив дух и со зачувувањето на традиционалните семејни обичајни и вредности.

Родното место на Коста Стенвик, селото Арменско се наоѓа 5-6 км на запад од Лерин и е расположено во подножјето на планината Бигла, на почетокот на Леринската или Стара Река која извира над селото. Реката тука тече бујно и шумно, а бреговите се стрмни. Селото е изградено на брег на реката во должината по брегот.  Според подато-тице на Ѓорче Петров од крајот на XIX век Арменско имало 120 куќи со околу 720 жители, кои биле под духовно живеење на Грчката патријаршија, Во селото има една црква посветена на свети Атанасиј летен и еден нов манастир посветен на свети Ѓорѓи

Над селото се вишнее планинскиот превој, каде се наоѓа скијачкиот центар „Бигла“ и бројните ветерници на ридот над селото Псодери од каде се гледа голем дел од Лерин, селото Арменско и дел од Пелагонија. Тоа место е познато и по тоа што на планината Бигла, недалеку од селото Псодери македонски комити ја  пролеале својата крв за Македонија, а биле предадени од селскиот поп Ставрос.

Познатиот биснисмен Коста Стенвик беше голем Македонец, патриот, борец за македонските работи и донатор на македонските цркви и организации во Канада. Тој особено донираше на  Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“и на Организацијата „Обединети Македонци“ во Торонто.  Како претставник на овие две организации, а како гостин на Матицата на иселениците од Македонија бил делегат за повеќе прослави во Република Македонија,

Тој, заедно со својата сопруга Лена, беше голем помагател на црквата „Свети Климент Охридски”. Неговиот придонес е огромен на оваа црква која денес е стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко. Овој прв македонски храм во Канада и организацијата „Обединети Македонци“ која е во состав на Црквата, за најголем број Македонци претставуваат мотив повеќе за изразување на патриотската љубов и почит кон родната земја Македонија.

Коста Стенвик беше член во повеќе управи  на црквата „Свети Климент Охридски“., кога  и неможеше да се замисли црковна активност без негово присуство и негова донација. Исто така, тој беше човекот кој донираше и на македонските православни цркци „Свети Илија“ во Мисисага,  „Свети Димитрија Солунски“ во Маркам и „Света Недела“ во Пикеринг, како и на други македонски асоцијации во Канада. Но, интересно е да се спомене дека тој донираше, а несакаше да се споменува неговото име.

Коста како бизнисмен беше душата на фабриката „Triple A Cheese“, која  е формирана и изградена во во индустрискиот дел на Мисисага во  1996 година. Таа е еден од најголемите производители на фета сирењето во Канада и врвен производител на квалитетни млечни производи. Во изминатиот период од 25 години во сопственост на семејството Стенвик фабриката „Triple A Cheese“ е пионерот во канадската индустрија за сирење. Таа снабдува голем број клиенти, трговци на големо, добавувачи на храна, дистрибутивни и малопродажни синџири низ Северна Америка.

На Коста Стенвик вечна љубов му беше Хелен (Елена) со која имаат три деца Бети, Крис и Том, кои се продолжувачи на бизнисот на семејството Стенвик. Нивната мајка Хелен (Елена) Стенвик е тесно врзано со историскиот развој на женските секции на црквата “Св. Климент Охридски” и на националната организација “Обединети Македонци”. Таа е активна уште од почетните дни кога Женската секција се покажала и докажала дека е душата и моторната сила во македонската колнија во Торонто. Како награда  за постигнатите резултати повеќе пати била во управите на Женската секција, а во 1968 година е избрана за претседател.на Женската секција на црквата „Свети Климент Охридски“.

Хелен, која пријателките ја викат Лена, е родена на 11 август 1934 година во селото Рула Костурско, а од 1947 година живее во Канада. Таа е ќерка на благородните Македонци Ламбро и Тодора Тодорови. За Коста се омажи во 1950 година со кого ги роди ќерката Бети, која беше избрана за убавица – мис на “Обединети Македонци” и синовите Крис и Том, од кои имаат девет внучиња и четири правнучиња.

Коста и Лена Стенвик ја оставија фабриката „Triple A Cheese“ во Мисисага на своите синови Крис и Том  во 2019 година и купија мотел на плажата Васага. Поради љубовта кон Македонија, мотел го именуваа  „Македонска сирена“, каде Коста работеше до крајот на животот. Таму им беше.нивно омилено место, нивниот дом на плажата Васага уште од 1973 година, каде се собираа голем број пријатели-Македонци од етничка Македонија, меѓу кои и авторот на овој текст Славе Катин.

И покрај тоа што Хелен и Коста живее во Васага Бич, сепак, беа чести гости и активисти во црквата „Свети Климент Охридски“, бидејќи нивните  чувства и љубов се огромни  кон родната земја – Македонија и кон Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Погребот на Коста (Гас) Стенвик се изврши на 10 јануари 2022 година (понеделник) на гробиштата Payne Hills во Торонто, каде се наоѓа неговиот вечен дом,. Поради тековната пандемија „Ковид-19“ и поради грижа за безбедноста и благосостојбата на семејството и гостите, присуството на погребната служба беше ограничен на 100 луѓе.

Притоа,  погребните православни церемонии беа извршени во македонската православна црква “Свети Климент Охридски“ во Торонто, каде му беше оддадена голема почит на познатиот Македонец и голем донатор во Македонската заедница во Канада, Коста (Гас) Стенвик. 

Продолжува

1slavek1 copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *