ПЕДЕСЕТГОДИШЕН БРАЧЕН ЖИВОТ НА СТИВ И ЛИЛИ ПЉАКАС (9)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН 

На 24 јануари 1965 година Лили и Стив Пљакас го кажале своето судбоносно – да, со што влегле во брачните води. Нивниот брак бил регистриран пред црковниот олтар и мистичен подиум во Македонскиот православен храм „Свети Климент Охридски”’ во Торонто, добивајќи благослов за долг, среќен и берикетен заеднички живот. Тие влегоја во историјата на Светиклиментовиот дом во Торонто како втора брачна двојка која се регистрирала во првата македонска православна црква на територијата на Канада

Во животните врвици посебно место кај Стив Пљакас има брачната идила, брачните години сместени во убавата приказна со неговата сопруга  Лили. Тоа е навистина долгодецениско животно „соѕвездие” кое останува да биде една хармонична, прекрасна сторија.

Има многу да се пишува и да се раскажува за нивните заеднички години, затоа во оваа прилика авторот на овие редови Славе Катин ќе се обиде да пренесе барем дел од заедничкиот живот на Лили и Стив.

Почетокот  на љубовната идила на двајцата млади Стив Пљакас на возраст од 25 години, по потекло  од село Зелениче и малолетната Лили Ѓиану на 16-годишна возраст, од селото Желево, Леринско е кога им се сретнуваат погледите. Се запознаваат убавата мома и стаситото момче и веднаш се раѓаат првите симпатии на идната брачна двојка.

Почнува голема љубов, се разменуваат прстени и се дава збор за свршувачка. Набргу потоа  следи и раскошната венчавка, натаму пак, радоста со приновите, со раѓањето на двете ќерки, Маргарет и Џини и зетовците Џорџ и Алек,  што е, всушност, многу интересна и по многу нешта специфична сторија, која го прави нивниот брак хомоген и толку среќен, особено со внучињата:Анџела, Стивен, Кристифор и Стефан.

Бидејќи низ целовитата приказна сместена во овој биографски труд, се испреплетуваат и се компонирани многу лично-брачни и семејни мозаици, затоа ќе издвојуваме дел по дел од настаните, за да ги заокружуваме во една небаре филмска сага за фамилијата Пљакас (Пљаковци) од Канада.

12312

Св. Климент Охридски во Торонто

Се враќаме на венчавката на Лили и Стив. Имено, на 24 јануари среде зима 1965 година, двајцата млади и убави Лили и Стив, го кажуваат своето судбоносно – да. Конечно влегуваат во брачните води. Застануваат пред црковниот олтар и мистичен подиум во Македонскиот православен храм „Свети Климент Охридски”’ во Торонто, добивајќи благослов за долг, среќен и берикетен заеднички живот.

Тој е многу голем ден за нив, за двете семејства и за нивните роднини и пријатели. Тоа е исклучителен чин кога си даваат завет за верност и кон Бога упатуваат молитваза среќа, радост и успеси во идните заеднички години, во идниот нивен живот 

Влегуваат во историјата на Светиклиментовиот дом во Торонто како втора брачна двојка која се регистрирала во првата македонска православна црква на територијата на Канада.

Свештеникот кој во тоа време службуваше, познатиот битолски преспанец – Атанас Поповски, го овековечи исклучително радосниот миг со библиските зборови, со оние што се чита од каноните при влегувањето во брачните води. А кога свечено ги ставиле и потписите во црковната книга дека конечно ќе се заедно засекогаш, одекнал спонтан, долг аплауз.

Роднините и пријателите кои присуствувуале, а биле повеќе од 200, ги опсипале со многубројни благопожелби низ искрените честитки за долговечен брак. Тие од срце посакале заеднички среќни години на младенците, кои со рожби треба да ја продолжат семејната лоза.

Потоа следела богата гозба од кејтеринг сервисот на познатиот битолчанец Ван Петров. Храната и пијалакот изобилувал со најразновидни македонско-канадско-интернационални специјалитети. Токму било погодено и за најпребирливите вкусови на сите присутни гости.

Среќни зетот и невестата ги споделиле емоциите со своите најблиски, со фамилиите и пријателите. И сето тоа пред иконите на Севишниот Бог и Мајката Божја, во македонски храм со македонски свештенослужител, пред погледите на светците и ангелите извишени над нив во храмот. Сè на сè, незаборавни мигови кои остануваат длабоко меморирани во прекрасните венчални спомени на Лили и Стив.

Продолжува

1SlaveK2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН