Пораки по стартот на преговорите на Албанија: Западниот Балкан и ЕУ си се потребни еден на друг, затоа е потребно забрзување на пристапниот процес без билатерилизации и блокади

На Западниот Балкан му е потребна ЕУ, но и на Унијата и треба регионот за и донесе нова енергија и нов поттик, да ја зајакне и да ја направи посилна, но проширување на блокот се блокира со билатерализација на пристапниот процес, со што им се нанесуваат штети и на европските стандарди и вредности, но и на блокираната држава, бидејќи и се прекинува дотокот на кислород и се попречуваат нејзините можности да воспостави систем на вредности, владеење на правото и функционална демократија.  

Ова се дел од пораките упатени по вчерашното одржување на Втората меѓувладина конференција ЕУ-Албанија во Луксембург, со што земјата практично ги започна пристапните преговори по кластери и дефинитивно беше одвоена на својот европски пат од Северна Македонија. 

Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека блокирањето на земјава на европскиот пат поради билатерални прашања, по сите понижувања што ги доживеа и по промената на името, е показател дека билатерализацијата на европскиот патот на една држава е болна работа. Според него, билатерализација на пристапниот процес и блокадите само им се нанесуваат штети на европските стандарди и вредности и на таа држава, со што и се прекинува дотокот на кислород и се попречуваат нејзините можности да стекне знаења за да ги развива своите институции, да воспостави систем на вредности, владеење на правото и функционална демократија.  

– Со блокирањето на Македонија, а потоа и Северна Македонија, и се нанесе голема штета на државата, голема штета на луѓето и со тоа и голема штета на регионот, истакна албанскиот премиер.  

Рама оцени дека историјата не може да биде причина за запирање на пристапните преговори за која било земја, бидејќи не е важно која била чија мајка во минатото, кој со го водел љубов и каков бил идентитетот на некого во тоа време.  

– Навистина тоа се многу интересни теми за историчарите, но не мислам дека тоа треба да биде дел од поврзувањето со Европската унија… Треба да гледаме на минатото со очите на иднината. Гледајќи во иднината со очите на минатото само ќе донесе компликации, заклучи Рама.  

Тој нагласи и дека на секој успех на Албанија во процесот на интеграција во ЕУ треба да се гледа како на уште еден чекор напред за целиот регион. 

– Повеќе од кога било, на ЕУ и е потребен Западниот Балкан, исто како што и на Западот Балкан му треба поттик кон ЕУ, за да застане цврсто на нејзините вредности и принципи. Тоа е витален израз на ова верување. Нашите земји може да се разликуваат на многу начини и да бидат во различни фази на процесот, но едно нешто е исто секаде – желбата да се биде дел од оваа Унија, најуспешниот развоен проект што човештвото некогаш го создало, додаде Рама.  

Во рамки на грчката иницијатива за заедничка иднина на балканските земји и Европа, денеска во Солун ќе се одржи Конференција на високо ниво за европските перспективи на Западниот Балкан насло

Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ, оцени дека Европската Унија ја губи својата конкурентноста и кога станува збор за глобалната политика и за економија, па затоа и е потребно освежување, што може да и ги донесе Западниот Балкан.  

– Како директни соседи на западно балканскиот регион, знаејќи го богатството на регионот, знаеме дека таа свежина и нова енергија што ни требат дефинитивно доаѓаат од Западниот Балкан. Затоа вистински европски интерес е забрзување на проширувањето на ЕУ кон Западниот Балкан, рече Сијарто, додавајќи дека за остварување на таа цел мора да се преземат итни чекори за одржување на кредибилитетот на политиката за проширување, како една од најважните политики на Европската Унија. 

Според него, во последно време политиката на проширување на ЕУ го загуби кредибилитетот, со оглед на фактот што просечното време на чекање на членство на земјите кандидати од Западниот Балкан сега надмина 15 години.  

– Тоа е едноставно несоодветно, мораме да го забрзаме процесот на проширување, рече шефот на унгарската дипломатија. 

Сијарто нагласи дека идеална ситуација би била ако Северна Македонија и Босна и Херцеговина одржат меѓувладини конференции за старт на преговорите до крајот на годината, но тоа не зависи од унгарското претседателството со ЕУ, туку зависи од консензусот на сите 27 земји членки. Сепак, според него, тој консензус не е пречка за проширувањето, а оние земји членки на ЕУ што го тврдат спротивното во основа само бараат изговор затоа што не се ентузијасти за овој процес.   

– Верувајте ми, ако треба да именувам областа во која лицемерието е на врвот во ЕУ, тогаш тоа дефинитивно е проширувањето, бидејќи слушам како моите колеги зборуваат едно пред јавноста, а друго и меѓу нас. За жал, морам да ви кажам дека не сите го кажуваат истото јавно и зад затворени врати, додаде Сијарто.  

Тој нагласи дека верува оти Северна Македонија заслужила да ги започне суштинските преговори, но дека сите знаат со какви пречки се соочува земјава.  

– Она што можам да ви ветам како унгарско претседателство е дека ќе продолжиме да ги поддржуваме двете земји за да можат да минат низ процесот на пристапување што е можно побрзо, додаде Сијарто. 

Зачленувањето на Северна Македонија во НАТО, очекуваниот почеток на преговорите за членство на земјава и на Албанија во ЕУ и парламентарните избори во нашата држава, заедно со оние во Србија

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, пак, оцени дека за ЕУ, но и за нејзините лидери, проширувањето е меѓу првите три приоритети, затоа што без проширување Европа не може да зајакне.  

– Ќе ни треба проширувањето со цел Европската унија да стане посилна, нагласи Вархеји.  

Според него, не држи тезата оти ЕУ треба да се реформира пред да ги прими новите членки, потенцирајќи дека процесите на проширување и на реформи може да се одвиваат паралелно.  

– Сегашната институционална поставеност и поставеноста на договорите (на ЕУ) совршено можат да прифатат нови членки. Се уште верувам дека тоа е така и затоа на проширувањето и внатрешните реформи гледаме како на паралелни дебати и најдобро е да ги држиме паралелно, додаде Вархеји.  

Тој потсети дека една од обврските на новата Европска комисија ќе биде и изработката на Повеќегодишната финансиска рамка за ЕУ за периодот по 2027 година и во неа треба да се направат големи промени да може Унијата да ги прими новите членки, бидејќи со средствата од тој буџет ќе треба да се покријат трошоците од проширувањето. – Мислам дека таа (рамка) ќе биде добар показател кога ЕУ ќе посака добредојде (на нови членки), истакна Верхеји.  

Еврокомесарот нагласи и дека очекува првите исплати на средства во рамки на Планот за раст на Западниот Балкан да бидат реализирани уште во текот на овој месец, откако Советот минатата недела ги одобри нивните реформски агенди.   

– Сега отчукува часовникот со цел земјите кандидатки да започнат со реализација на реформите за да можеме да напредуваме со понатамошната исплата на средства, изјави Вархеји, потсетувајќи дека Планот за раст на регионот има за цел да обезбеди дополнителни инвестиции во инфраструктурата, но и да им помогне на земјите од регионот да ги спроведат суштинските реформи кои се неопходни за да станат членки на Унијата, за што се предвидени шест милијарди евра во форма на грантови и заеми. Но, за да функционира тоа, според него, земјите кандидати мора да покажат резултати во спроведувањето на утврдените реформските агенди.  

Тој потенцира дека средствата од овој План, заедно со Економскиот и инвестицискиот план кој изнесува околу една третина од БДП на целиот регион, ЕУ ќе има инструменти за поддршка на земјите од регионот во приближувањето кон ЕУ и исполнувањето на стандардите за членство.   

Вархеји најави и дека ЕК планира дополнителни седум милијарди евра за инвестициски проекти во регионот, што би можеле да привлечат дополнителни 20 милијарди евра инвестиции во реалната економија.  

Инаку, Кластерот „Основни вредности“, по кој вчера Албанија ги започна преговорите, опфаќа сет на поглавја поврзани со фундаменталните реформи, од чие спроведување ќе зависи целокупното темпо на преговарачкиот процес и почетокот на преговорите по другите кластери. Преговорите по овој кластер се отвораат први, а се затвораат последни.  

Тој вклучува три критериуми – функционирање на демократските институции, реформа на јавната администрација и економски критериуми и пет поглавја – Судство и основните права, Правдата, слобода и безбедност, Јавните набавки и Статистика и финансиска контрола.  

Албанија е прва меѓу земјите кандидати за членство во ЕУ, што ќе ги води пристапните преговори според ревидираната методологија за проширување на Унијата усвоена во 2020 година. Согласно оваа методологија, преговарачките поглавја се поделени во шест тематски кластери: „Основни вредности“,  „Внатрешен пазар“, „Конкурентност и инклузивен раст“, „Зелена агенда и одржливо поврзување“, „Ресурси“, „Земјоделство и кохезија“ и „Надворешни односи“.