Откако пред извесно време ја раскина соработката со својот прв тренер, Андре Агаси, српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ го “отпушти” и неговиот помошник, Радек Степанек. Наскоро според неговите зборови, ќе биде објавено кои тренери ќе го сочинуваат неговиот стручен штаб.
Намерата на Ѓоковиќ е да се врати на врвот на светскиот тенис.
-Новак останува фокусиран на напредокот и има желба да се врати посилен и поодлучен по долгата пауза поради повреда која влијаеше на неговата самодоверба и на самата игра. Новак константно страствено бара нови начини е да ја врати победничката форма – се вели во соопштението на стручниот тим на Ѓоковиќ, упатено до медиумите.
Се очекува србинот да се појави на турнирот во Монте Карло, кој почнува на 14. април.