ДУХОВНОТО И НАЦИОНАЛНОТО ЖИВЕЕЊЕ ВО УБАВАТА ПРЕСПА (22)

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Црквите и манастирите градени во времето на свети Климент и свети Наум Охридски (IX и X век) и во времето на Самуиловото Царство во X и XI век, биле разурнувани од разни антимакедонски завојувачи, многу од нив биле обновувани, но, пак, уништувани за време на владеењето на Турската Империја. Но, преспанци ги обновиле старите и изградиле нови цркви во сите населени места.

Co тоа се потврдува дека во Преспа се создале дела од највисок уметнички дострел во своето време кои ја збогатуваат не само македонската, туку и светската ризница на уметноста и културата. Неговото христијанско население го негувало и го негува култот на Пресвета Богородица, на Исус Христос…

Тоа се потврдува со фактот што во голем број преспански села се изградени цркви посветени на Дева Марија. Меѓу нив, црквите во селата Сливница, Брајчино, Јанковец, Евла, Љубојно, Арвати, Крани, Нивици, Курбиново, Долно Дупени, Бела Црква и други населени места.

Треба да се нагласи дека не се памети кога населението ја има именувано котлината на Горна Преспа, Долна Преспа и Мала Преспа. Меѓутоа, запишано е дека Горна Преспа го зазема северниот дел, Долна Преспа јужниот, а Мала Преспа југозападниот дел на Преспа. Горна и Долна Преспа ги одделува ридот Веќе кај Претор, а Мала Преспа и Горна Преспа копнено се одделени со Пречна Планина. Делот на Долна Преспа, пак, со Малото Преспанско Езеро од Мала Преспа ги одделува планината Сува Гора.

Општината Ресен има 44 населени места. Долна Преспа, пак, со помал дел од Преспанското Езеро и Малото Езеро, влегува во составот на Грција и Албанија. Оваа положба, всушност, резултира од поделбата на Македонија по Балканските војни и Првата светска војна.

Ресен се наоѓа на северниот дел од Преспанската котлина. Тој е овоштарски центар, познат по далеку прочуените преспански јаболка. Ресен е особено познат по грнчарството, заради што долги години во него успешно работи Керамичката колонија, на која секое лето престојуваат керамичари од разни држави и од Македонија. Во него посебно внимание привлекува зградата на Музејот на Преспа, односно некогашниот беговски дворец (Сарајот), изграден од Нијази бег уште за време на турското владеење.

Често се вели дека Ресен е градот на јаболката. Тој е општински центар сместен на северниот дел од Преспанската Котлина. Ресен е овоштарски центар познат по далеку прочуените преспански јаболка. Но, овој крај од Преспа е познат и како туристички регион со убави летувалишта крај езерскиот брег.

33

Дел од Преспанското Езеро

Меѓутоа, миграционите движења во етничка Македонија си го направија своето. Така, Преспа стана крај во кој почна рано да се оди на печалба. Денес Преспанции како печалбари можат да се најдат на работа и постојан престој во прекуокеанските земји Америка Канада и Австралија, во Европа (Европската Унија), како и во некои делови на Хрваска, Србија, Бугарија, Турција и други држави ширум светот.

Историјата на македонскиот народ е тесно поврзана со историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Тие со векови заедно егзистираат и во исто време страдаат и се борат против денационализацијата и неправдата кон македонскиот народ на Балканот и на други места насекаде по светот.

Црквата одиграла првостепена улога за македонскиот народ во текот на тешките периоди на ропство. Затоа се вели дека Црквата била основата на националното признавање и лулка на ренесансата на Македонците во подолг период

Почнувајќи од древниот период па до денес Македонија била.е и ќе биде место кадешто ce вкрстуваат различни цивилизации. Така христијанството се појавило на овие балкански простори, а со тоа и во Преспа пред многу векови, односно уште од времето кога апостол Павле дошол во Македонија. Македонија како земја, неколку пати се споменува и во Библијата.

Една од најубавите области во Македонија е и Преспа. Едно од значајните езера во своето е Преспанско Езеро, кое во себе крие голема историја, митови и преданија, природа и рајска недопрена убавина.

Продолжува

1slavek4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН