КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДОЛНА ПРЕСПА И ПОЗНАТИ ЛИЧНОСТИ ОД ОВОЈ ПРЕСПАНСКИ КРАЈ (19)

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Нема податоци кога населението ја има „поделено” котлината на Горна Преспа, Долна Преспа и Мала Преспа. Во трите делови постои незначителна разлика во говорот, носијата и обичаите на месното население.

Меѓутоа се знае дека во X век во Преспа била востановена првата митрополија која за Македонците претставувала силно светилиште на просветата и културата. По нејзиното формирање во сите населби околу Преспанското Езеро биле подигнати голем број цркви и манастири, преку кои се ширела просветата и духовното живеење.

Делбите на Македонија почнале на карта 1912 година, а практично на терен завршиле во 1924 година. Така сега од вкупната површина на хидролошкиот слив на Преспанска Котлина, 56,42 % припаѓа на  Република Македонија, 23,82% на  Република Грција и 19,76% припаѓа на Република Албанија.

Инаку, Големото и Малото Преспанско Езеро поврзуваат две историски значајни точки. Во Преспа на островот Ахил во Малото Преспанско Езеро, 976 година се создало по втор пат Самуиловото Царство, коево 1014 година имало неславен крај кај селото Клуч на подножјето на планината Беласица. Самуиловата војска била поразена од војската на Василие Втори (Македонецот н.з.). Притоа настрадале 14 илјади војници кои биле ослепени и од кои голем број биле вратени во Долна Преспа.

Малото Преспанско Езеро, пак, се наоѓа на 3 метри повисоко до Големото Преспанско Езеро при што негоите води преку природен прокоп кај јужниот дел на превлаката Гладно Поле и некогашното старо село Долно Перово истекуваат во Големото Преспанско Езеро.

Тоа е дел од етничка Македонија кое се наоѓа во Долна Преспа која е во границите на Република Грција. И Малото Преспанско Езеро е поделено меѓу јужниот сосед (поголемиот дел) и Албанија. Во него постојат два острова: Ахил и Видринец, двата на територијата што му припаѓа на јужниот сосед.

Често се вели дека еден од бисерите на оваа убава езерска земја на Балканот – Македонија е, секако, Преспанското Езеро. Тоа е познато по својот жив свет, крајбрежјето, изворите, природните убавини, геолошките, геоморфолошките, хидролошките, лимнолошките и други научни вредности. Затоа, Езерото придонесува Преспа, особено Долна Преспа да биде позната со своите културни, туристички, рекреативни и други стопански значења и вредности за македонската општествена заедница.

Како еден од светските феномени што претставува реткост за Долна Преспа и за Балканот е, секако, тоа што трите државни граници се сечат на тромеѓето на самите езерски води на неколку стотини метри од островот Голем Град

Преспанското Езеро е карактеристично и единствено по тоа што во него има два острова, Голем и Мал Град. Островот Големиот Град е единствен во Република Македонија. При посетата на овој остров се забележува дека тој е огромна карпа, која, веројатно, се откинала од соседните планини од големи земјотреси. Таквите тектонски промени во минатото направиле големи измени во Преспа и пошироко.

1111

Островот Голем Град

Како природна реткост островот Голем Град кој зафаќа површина од околу 2 километра квадратни, е заштитен со закон и спаѓа во рамките на Националниот парк „Галичица”. Островот е познат како омилено излетничко место за посетителите на Преспа, како и археолошки локалитет со остатоци од живеалишта, цркви и некрополи.

Заради некогашната населеност го добило името Град, а името Голем го добил заради разликата во однос на помалиот остров Мал Град, кој е недалеку од Пустец, во Албанија.

Според историските податоци во Долна Преспа посебно место им припаѓа на истакнатите борци од Долна Преспа кои ги дадоа своите животи за народот од Егејска Македонија. Меѓу нив се светлите ликови на учителот Лазо Ангеловски од Граждeно, Сотир Миовски од Орово, Германија Пајкова и Никола Четелевски од Герман и многу други знајни и незнајни херои. Меѓутоа, посебно место му припаѓа на Богоја Фотев од Герман, кој беше револуционер, страдалник и претседател на Президиумот на АСНОМ.

Исто така, има и личности кои имаат придонес во историскиот, националниот, духовниот и културниот развој на Долна Преспа, во Егејска Македонија. Се знае дека најголем број од населението е распрскано по светот, но тоа, со некои исклучоци, си остана со силни национални чувства и голема почит и љубов кон прадедовската поделена земја – Македонија.

Меѓу другите значајни личности од Долна Преспа во Егејска Македонија треба да се споменат: Томе Миовскиод селото Орово, кој живее во Перт, Австралија. Тој е еден од хроничарите за македонското иселеништво во Австралија и е автор на повеќе дела; Митре Кајчевски – Мичоод Герман, исто така автор на повеќе дела за Долна Преспа; Цветко Сарагилове роден во во Герман, а е познат поет во Канада и САД.

Тој е автор на неколку стихозбирки; Коста Мундушеве од Раби, а е автор на книга која се однесува на поделбата на Преспа во Втората светска војна; Стојан (Стан) Малијан, пак, потекнува од Герман.

По Втората светска војна заминал за Канада, а потоа за САД, каде го стекнал своето високо образование. Автор е на неколку дела на англиски јазик; Јанче Андоновские роден во Скопје. Потекнува од егејскиот дел на Македонија, по татко од селото П‘пли и мајка од селото Косинец, Костурско. Автор е на повеќе дела за Македонците од егејскиот дел на Македонија.

Овој плоден автор има напишано и неколку сценарија за играни серии и сценарио за филм; Герман Алабашовскиживее во Торонто и е член на друштвото „Браќа Миладиновци“ во МПЦ Св. Климент Охридски во Торонто. Објавил повеќе песни во изданијата на Друштвото.

Но, конечната навреда врз македонскиот народ е зададена кога Грција, во 80-тите години на минатиот век, го воведе Законот за репатријација, кој дозволува само „Грци по раѓање“ да се вратат во своите места на потекло, односно во местата каде биле родени.

Затоа, Македонците неможат да ги остварат тие права. Бидејќи, надежта никогаш не умира, таа умира последна, протераното македонско население од цела Грција не се откажува од своите барања за враќање на имотите, добивање државјаство, признавање на македонското малцинство, македонскоста црква…

Продолжува

 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *