Могерини и Хан на 18 април во Македонија

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан се очекува да ја посетат Македонија на 18 април, еден ден по објавувањето на Извештајот за напредокот на земјите од страна на Европската комисија, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Нашите очекувања се дека тоа ќе се случи после Извештајот што го очекуваме на 17 април. Веројатно тоа би било 18 април посетата овде, затоа што тогаш тука ќе се одржи Дигиталниот самит. Верувам дека 18 и 19 април ќе бидат датумите кога ќе биде посетата од комесарот Хан и од високата претставничка Могерини, рече премиерот Заев на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со неговиот гостин колегата од Словенија Мирослав Церар.

Шефот на македонската Влада запрашан дали очекува вето од постојаните членки на Советот за безбедност Русија и Кина по последното протерување на руски дипломат од страна на Скопје и епизодата Тајван со Кина, изјави дека не очекува вето од страна на Москва и Пекинг доколку се постигне договор со Грција за името и тој биде упатен пред Советот за безбедност на Светската организација.

Ние сме пријатели со Кина и Русија, рече Заев, и посочи дека со Кина се остварува соработка преку процесот 16+1, а се надева на продолжување на соработката и со Русија.

– Кога се нарушени домашните закони и Виенската конвенција ние сме должни да ја постапуваме и да ја почитуваме меѓународната легислатива која важи подеднакво за сите земји, но и на домашните закони. Со искрено почитување можеме да градиме пријателство. Очекувам поддршка за резолуцијата и од Русија и од Кина за евентуалниот договор со Грција, рече Заев.

Словенечкиот премиер Церар, пак, изрази уверување дека сега е вистинско време кога Македонија може да го реши спорот со името.

– Словенија го поздравува фактот што овие разговори се интензивираа, искрено сакаме да дојде до решавање на ова прашање што поскоро. Ми се чини дека сега е вистинскиот момент кога условите се веќе созреани дека е можно решавање на ваквото прашање. Затоа ја изразувам својата желба да дојде до некаква спогодба која на Македонија ќе и овозможи да може да диши со полни гради, рече Церар.

Во однос на случајот Скрипл, Церар рече дека Словенија како членка на ЕУ ги поддржала заедничките мерките кон Русија и го повикала на консултација својот амбасадор во Москва со што се солидаризирала