Сиљановска-Давкова: Битката за младите, за најдобрите и најталентираните е битка за четвртата македонска Република

твртата македонска Република, битката за најдобрите и на најталентираните, на креативноста наспроти деструктивноста, битка за четвртата македонска Република. Во говорот ги спомна и шумите за кои рече дека и тоа е битка.

-Оваа битка ќе ја добиеме само со европеизација на државата, со владеење на правото, со борба против корупцијата, со ефикасни институции, со компетитивна економија, со демократски вредности и демократска политичка култура, со човекови права и слободи, конечно, со функционални системи што ќе можат да се справат со пожарите, поплавите и другите елементарни непогоди. За да ја добиеме оваа битка, мора да ги вклучиме младите во секоја етапа на носење одлуки што се однесуваат на нив и на нивната иднина. Ние не смееме да носиме одлуки за младите без младите. Оваа битка е и нивна битка, ваша битка, што можете да ја водите само тука, во својата татковина. Оваа битка мора да започне уште денес и ние мора да ги вложиме сите наши лични и институционални капацитети. Вистинскиот патриотизам се докажува не со празни зборови, не со гола реторика, туку со работа, со труд, рече престедалката.

Таа најави дека ќе ги искористи уставните и законските ингеренции за доброто на граѓаните и за иднината на Републиката, укажувајќи дека наместо да се прашуваме дали сме го допреле дното и дали може да биде полошо, мора да се прашуваме како да биде подобро, како да се издигнеме и да постигнеме нови успеси и победи.

Во говорот се осврна и на соработката со стратешките партнери и европски пријатели, за кои кажа дека се врвен приоритет.

-Нашата Република беше зачната од европските идеали за слобода од тиранијата, еднаквост пред законот, братство меѓу луѓето и народите. Тоа нѐ прави еднакви наследници на врвните европски придобивки. И затоа, освен географски, ние и вредносно, политички и економски припаѓаме кон големото европско семејство. На нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија, сѐ уште се соочуваме со непринципиелни услови што постојано се менуваат. Но, знаеме дека меѓу земјите членки имаме многу пријатели коишто се застапуваат за нас и ја будат европската совест кон случајот со нашето маратонско интегрирање. Ние мора да им помогнеме со тоа што нема да отстапиме од зацртаниот европски пат. Тоа е и нашиот пат. Македонските институции се подготвени за европските реформи. Но, од нашите европски и стратешки партнери очекуваме разбирање и праведно деблокирање на процесот на преговорите. Нашето место беше и е во Европа, но со заштитен македонски идентитет, јазик, култура и историско паметење, меморија, рече претседателката.

Таа повика да се помогнат младите на автенитчен, креативен начин исто како илиденците и асномците да креираат европски вредности и придобивки, посочувајќи дека така ќе се направи Републиката пристојно место за живеење, за граѓаните од сите заедници, религии.

-Ќе завршам како што почнав. Истата 1939-та, кога 150-годишнината од Француската револуција се одбележуваше во сенката на Втората светска војна, од печат излезе уште една мала, но многу важна книга, којашто исто така беше цензурирана и забранувана. Но, пред да биде запленета и уништена, и оваа книга беше поделена меѓу напредната македонска младина. Во фашистичкиот мрак којшто во тој период веќе се спушти над Европа, авторот на оваа книга ги навести белите мугри на македонската слобода, рече претседателката.

Сиљановска-Давкова положи цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце и ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамките на чествувањето настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”. Цвеќе положија собраниска делегација, владина делегација, сојуз на борци, на генералшатбот на Армијата, на локални власти на Куманво и Старо Нагоричане, на дипломатскиот кор, полтитички партии, граѓански здруженија.