ПОЧИТ НА РУСКИ И МАКЕДОНСКИ НАУЧНИЦИ КОН СЕСЛОВЕНСКИТЕ ПРОСВЕТИТЕЛИ (50)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „40. ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВ. КЛИМЕНТ ФИЛОЗОФ ВО РИМ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ, СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН И ВИКАРНИОТ ЕПИСКОП ХЕРАКЛЕЈСКИ КЛИМЕНТ

Од 22 мај до 1 јуни 1993 година во Москва се одржа манифестацијата „Словенската писменост и култура во чест на светите браќа Кирил и Методиj“. Во прославата своето место го најде Меѓународниот ден надетето, под покровителство на УНЕСКО.

Оваа година на московската прослава учествуваше македонската културна делегација предводена од министерот за култура Ѓунер Исмаил, со членовите: проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, проф. Владимир Георгиевски, началникот на Министерството за култура Жељка Демниева и лекторот Чедо Цветановски. Гости на прославата беа поканетите делегации од словенските земји.

Централната манифестација започна на 24 мај, со извонредно изведената „Божестевна литургија” во чест на светите Кирил и Методиј, во акустичниот Успенски катедрален патријаршиски собор на московскиот Кремљ. Служеа блажениот папа и патријарх александриски и на цела Африка – Партениј, светиот патријарх московски и на цела Русија – Алексеј, со бројни руски архиепископи, митрополити и свештеници. Свечената процесија по тој повод продолжи со народот до споменикот на светите Кирил и Методиј, каде што се одржа молебен во нивна чест. Московскиот народ со внимание ја следеше програмата .

Истиот ден, министерот за култура на Руската Федерација, заедно со патријархот Алексеј, приреди прием за гостите и делегациите. На приемот гостите можеа да разменат мислења за идните соработки и контакти. Членовите на македонската делегација разговараа со министерот и патријархот за новоформираното Руско-македонско друштво на пријателство, за прославите на светите Климент и Наум Охридски во Македонија, по повод нивниот 1100-годишен јубилј. Министерот Ѓунер Исмаил ги поздрави домаќините и гостите, изнесувајќи ги најновите согледби за општиот и културниот тренд на Македонија и нејзиниот однос кон делото на просветителите Кирил и Методиј.

На 25 и 26 мај се одржа научната конференција посветена на словенската писменост што ја отвори патријархот Алексеј со воведно предавање. Два дена салите во „Домот на сојузите” беа преполни со излагачи и дискутанти. Покрај пленарната седница се одржаа и активно работеа тркалезните маси: Националното прашање и современиот словенски свет; Образованието и воспитувањето како духовна, интелектуална и културна преродба; Народната уметност на Славените; Црквата и културата.

Македонската делегација зеде учество во сите форми на научната програма. Проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ беше определена во пленарната седница и го прочита рефератот „Традицијата на свети Кирил и Методиј во Македонија”. Министерот Ѓунер Исмаил и лекторот Чедо Цветановски учествуваа во дискусијата на тркалезната маса за националното прашање. Посебни предавања организира проф. Рина Усикова на Универзитетот „Ломоносов“, на Славистичката катедра, каде што пред руските слависти што студираат македонски јазик предавање за „Јубилејот на свети Климент Охридски, по повод хиротонисувањето за прв словенски епископ” одржа проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ.

Второ предавање за „Зборот на сликата” одржа проф. Владимир Георгиевски од Архитектонскиот факултет во Скопје. Началникот Жељка Демниева имаше посебно корисни разговори и договори со проф. Усикова, со лекторот по македонски јазик на Московскиот универзитет – Роза Тасевска, во врска со потребите и тековните активности за успешно одвивање на наставата по македонски јазик

Министерот Ѓунер Исмаил имаше посебни средби со министерот Сидоров, потоа следеше    посебен прием со ручек кај патријархот Алексеј.

Во водените говори, во славата што се одржаа во чест на светите Кирил и Методиј, доминираа потенцијалните заеднички врски и влијанија меѓу словенските народи, што е од големо значење и за единството и афирмацијата на православието, а чија основа ја дале светите Кирил и Методиј.

Делегацијата имаше подолги разговори со проф. Рина Усикова, која мошне сериозно ја унапредува македонистиката во Москва, каде што работи и македонскиот лекторат, потоа со академикот Виктор Кумањев, кој неколкупати престојувал во РМ. И двајцата многу придонесоа

за формирањето на „Руско-македонското друштво на пријателство“ во Москва, а веќе на 30.06.1993 година се формира „Македонско-руско друштво на пријателство“ во Скопје.

Претседател на „Руско-македонското друштво“ беше избран академикот Виктор Кумањев, а на „Македонско-руското друштво“ – писателот и новинар Јован Павловски.

Од 3 до 6 јули 1993 година во Охрид се одржа научниот собир „Свети Климент и Свети Наум и нивниот придонес во развојот на словенската писменост и култура”. Научниот собир го организира Македонската православна црква.

Собирот со посебна реч го отвори митрополитот Тимотеј. Претседателот на МАНУ од Скопје – Ксенте Богоев го поздрави собирот од името на највисоката научна установа во Македонија. Овој научен собир започна со следните пленарни излагања: „Теологијата на свети Климент” од митрополитот Стефан и „Автографот, Нишчи Наум’ во канонот на свети Апостол Андреј” од академикот Петар Хр. Илиевски.

Вечерта се одржа вечерна богослужба во црквата „Свети Наум”, а целиот собир се одвиваше во склопот на истоимениот манастир. На собирот работеа повеќе пленарни секции: литература и јазик; јазик и ракописна традиција; теологија и култ; археологија, уметност, историја и музикологија. Според програмата се пријавија 32 излагача, но на собирот зедоа учество 27.

Од 12 до 15 септември 1993 година во Охрид се одржа Меѓународниот симпозиум „Светите Климент и Наум Охридски и придонесот на Охридскиот духовен книжевен центар кон словенската просвета и култура“. Симпозиумот го организира Македонската академија на науките и уметностите од Скопје.

На 12 септември, учесниците на симпозиумот ги прими претседателот на Македонија Киро Глигоров, во вилата „Билјана” во Охрид. Гостите имаа можност да разменат мислања со претседателот Глигоров.

Наредните три денови се одвиваше научниот дел од програмата, во којашто зедоа учество 35 од предвидените 40 излагачи од 8 земји: Австрија, Бугарија, Македонија, Полска, САД, Југославија, Унгарија и Хрватска. Отсутните излагачи ги приложија рефератите кои ќе бидат објавени во посебен зборник заедно со прочитаните излагања. По научниот дел од програмата се разви богата дискусија во којашто се истакна потребата од тимска работа.  Притоа, доминираше откривањето на свети Наум како средновековен химнограф – поет.

Петар Миљковиќ-Пепек „Нови научни сознанија за првобитниот гроб на свети Кирил Солунски“, Културен живот, 2, Скопје 1993, 36-40.

Според најновите истражувања на П. Миљковиќ-Пепек, гробот на свети Кирил Солунски погрешно се бара во североисточниот дел од северниот кораб, зашто првобитно бил во југоисточниот дел од олтарниат простор, под остатоците од фреската со композиција „Симнување на Христос во пеколот”. Всушност, заблудата ја внесува изборниот податок дека телото му било положено од десната страна на олтарот на црквата „Свети Климент” во Рим, а истражувачите страната десно ја сфаќале од аспект и поглед кон олтарот, а не од олтарот.

Веројатно во Х век гробот бил преместен на сегашното место, каде што се служи и слави на денот 14 февруари. Во композицијата „Симнување на Христос во пеколот” се наоѓа и најстариот портрет на св. Кирил, настанат 869-870 година. Во Кириловото житие се наоѓа податокот дека кај неговиотгроб имало насликана икона со негов лик. Значи, целата композицијасе наоѓала над Кириловиот гроб.

Протоѓакон Ратомир Гроздановски: „Евангелие според Матеј“, Книгоиздателство „Матица македонска”, Скопје 1993.

Најновото издание на Книгоиздателството „Матица македонска” дава убав пример на секогаш нужната литература за проучувањето и толкувањето на Евангелието. На овој план може да се набројат достатен број имиња од христијанскиот свет кои се зафатиле со оваа секогаш актуелна работа. Во нашата средина, токму со ова дело се покренаа интересните прашања за евангелските толкувања. Авторот Гроздановски мошне сериозно и опширно ги опфаќа и најпознатите и најделикатните делови од Евангелието, толкувајќи ги врз основа на старите и познати осврти на еминентните библиолози, но и со своевидни истражувања, со што на читателите вистински им го приближува Евангелието.

Славе Николовски-Катин, „Печалбарски копнеж“, „Матица македонска“, Скопје, 1993, 1-156 (на македонски). Книгата „Печалбарски копнеж“ од публицистот Славе Николовски – Катин на своите страници опфаќа вкупно 44 новинарски и публицистички текстови за нашите сонародници – македонски иселеници во Канада и во Соединетите Американски Држави. Всушност, преку овие свои написи авторот раскажува за своите бројни средби со Македонците во тие две огромни прекуокеански земји.

Тие чести средби се резултат на неговите патувања и престои по разни поводи и во подолг временски период, но поголемиот број од овие текстови ги одразуваат најсвежите, неодамнешни контакти, средби и разделби на авторот со македонските иселеници присутни во македонските православни цркви, друштва и друг вид асоцијации во најразлични региони на американските и канадските простори.

Славе Николовски-Катин, „Македонскиот иселенички печат“, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1993, 1-254 (на македонски). Книгата “Македонскиот иселенички печат” од Славе Николовски – Катин е резултат на неговата долгогодишна истражувачка работа во областа на печатот и новинарството и достигнувањата на македонските иселеници во прекуокеанските земји – Австралија, Канада и Соединетите Американски Држави, како и во голем број европски земји. .Таа е подготвена со цел да пополни празнината во областа на печатот на Македонците надвор од нивната татковина, за периодот од 1945 година, односно од конституирањето на НР Македонија до 1992 година, времето кога Македонија стана самостојна суверена и независна држава.  Оваа книга има исто така за цел да биде помош за новинари, културни, историски, политички, научни и други работници кои можат да  најдат голем број податоци во врска со активностите, ентузијазмот и достигнувањата на полето на новинарството на македонски иселеници во новата средини.

Михајло Георгиевски „Словенски ракописи во Македонија”, Скопје 1993, V, VI том.

Во 1971 година Владимир Мошин ги објави првите два тома „Словенски ракописи во Македонија“. Третиот и четвртиот том „Словенскиракописи во Македонија” ги издаде Михајло Георгиевски во 1988 година.На крајот од 1993 година се појавија описите на словенските ракописиво Македонија, петтиот и шестиот том од истиот автор МихајлоГеоргиевски. Во последните два тома се презентирани 71 словенски книжевни споменици, чиј распон на настанување се движи од XIIIдо XIXвек . Жанровски овие словенски паметници им припаѓаат на текстовитеод видот на: литургиските и библиските состави, ерминии, лекарственици,кодики, слова итн . Со ова збогатување на откриеното словенсконаследство се даваат можности за нови приоди на проучување од по веќенаучни области.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН