ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „40. ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВ. КЛИМЕНТ ФИЛОЗОФ ВО РИМ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ, СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН И ВИКАРНИОТ ЕПИСКОП ХЕРАКЛЕЈСКИ КЛИМЕНТ
Во јубилејната 2000 година, на 32 поклонение во вечниот Рим, црковната делегација беше предводена од Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, кого го придружуваа митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, архимандритот Нектариј, протоѓаконот Димитар Белчовски и Ѓоко Ѓорѓевски.
На молебенот со кој оваа година чиноначалствуваше архиепископот Стефан, се создаде вистинска празнична атмосфера со пеењето на хорот „Свети Климент Охридски” од Соборниот храм во Скопје и од хорот „Русикум” во Рим. Во пригодната беседа архиепископот зборуваше за животот и делото на свети Кирил и за неговата исклучителна улога за православниот Македонец низ вековите.
На молебенот присуствуваше и државната делегација, претседателот г-дин Борис Трајковски, г-динот Ѓорѓи Наумов, министерот за надворешни работи Александар Димитров, министерот за спорт Ѓорѓи Боев, бискупот Јоаким Хербут и др. На одделни средби, и државниот и црковниот врв беше примен на аудиенција кај папата Јован Втори.
Беше остварена и средба во Ватикан во Папскиот совет за единство на христијаните, каде што нашата црковна делегација беше примена од бискупот Касепр и свештениците Јозеф Мај и Фортино.
Архиепископ Стефан во своето Слово над гробот на свети Кирил во „Свети Климент” во Рим, на 24 мај 2000 година, рече:
Господине претседателе на Република Македонија, Ваши ексепенции, пријатели и почитувачи на светото Кирилометодиево депо, возљубени во Господа браќа и сестри,
Секогаш и постојано сме должни да Му благодариме на Бога за добрините и благодетите што ни ги дава; секогаш и постојано сме должни да Го воспеваме Господа, потсетувајќи се на наставниците што ни го проповедаа словото Божја па, имајќи го пред очи крајот на нивниот живот, да ја подражаваме верата нивна.
Господи, оваа година се радува сиот христијански свет и Ти благодарат сите народи за љубовта со која не прегрна, давајќи ни можност за повторно единство со Тебе. Затоа, еве, и ние Македонците, како христијански народ, како држава и црква, во оваа јубилејна двеилјадита година од Твоето доаѓање како Бог Спасител на земјата – се радуваме и Ти благодариме за се!
Во овие, пак, повелигденски-воскресенски денови, „како соучесници во радоста што ги исполни првите сведоци и благовесници на Твоето воскресение” (Мт. 28,9),„се радуваме и ние со истата радост што го развесели сиот свет, со радоста од Денот над деновите, со радоста што ни ја зададе како заповед преку апостолот, како радост дарувана за сета вечност” (1Сол. 5, 16).
„Ти благодариме, Боже, за се, оти таква е волјата Твоја во Христа Исуса спрема нас” (1 Сол. 5, 18),„а најпрво што си не избрал за Свој народ” (1Сол. 1, 4), „и преку осветувањето на Светиот Дух и преку верата во вистината сме избрани за спасение” (2Сол. 2, 13);,,Ти благодариме, Боже, што ни испрати благовесници, кои не учеа со силата на Светиот Дух, преку кои се угледавме и на Господа, така што станавме образец за сите верници во Македонија и Ахаја, и за што од нас одекна словото Господово, не само во Македонија и Ахаја, туку и во секое место се пронесе славата за верата наша во Господа” (1Сол. 1, 5-8), ,,како и за нашето стоење во Господа и за нашето растење во верата” (2Сол. 1, 3).
Ти благодариме, Боже, што од нас Македонците, по Твојата света промисла, избра човек, кој на сон му се јави на апостолот Павле и го повика да дојде во Македонија (Дела 16, 9),што всушност, беше Твој повик уште тогаш, во апостолска време, и на македонските простори да се слушне проповедта на Твоето Евангелие (Дела 16, 10).
Ти благодариме, Боже, што ни испрати апостоли и проповедници на Христа, коишто се трудеа меѓу нас, не учеа и страдаа за верата (еп. 1 Сол. 5, 12): Павле и Силуан, Тимотеј и Сила (Дела 18,5),па Гај и Аристах (дела 19, 29 и 20, 4),како и Лидија, првопокрстената Македонка (дела 16, 14-15),потоа свети Ахилеј, епископот Лариски, свети Еразмо Охридски, светите Тивериополски маченици и многу други светии и исповедници за верата христијанска.
Нивната проповед и мачеништво се вградија во Твојата Црква, која со благодатта Божја почна да се шири по македонските простори (2 Кор. 8, 1), најпрво во Филипи, Солун, Бер, Тијатир, па во Стоби, Хераклеја, Баргала, Скупи и многу други места за, потоа, да прерасне во помесна црква.
Исто така, Боже, посебно сме благодарни што, во потребното време,ни ги испрати светите рамноапостоли просветители Кирил и Методиј, кои не беа слуги на темнината, туку беа проповедници на вистината, како нови апостоли и светила на целата вселена, коишто светнаа како утринска ѕвезда…
Овие двајца преблажени и богоугодни мажи, како сојузницина апостолите, со ништо помали од оние со ист дух одозгора напоени, гиизведоа народите од многумрачното демонско море, кои и нас Македонците,како и словенските народи, не утврдија во вистината и, наоружанисо вера и со сила на крстот, не упатија кон богоразумна светлина и ненахранија со вечна храна и вечна питиа.
Тие два ластара, коишто премудроста си ја направија сестра, на себе носеа плод даден од Бога и срца дадени од Господа, кои, како со духовен меч, ги истребија како пиреј и ги изгореа со духовна благодат, а словото Господово го посеаја како пченица во нивата на срцето, и сите луѓе ги наследија со медоточни зборови и, откако, каде што било потребно, Го исповедиле јасно за сите Тривечното Божество, објаснувајќи ја едната суштина и еднаквоста на Отецот и Синот и Светиот Дух…
Така, во западните панонски и моравски земји, светнаа како сонце, разгонувајќи го мракот на гревот, ги просветуваа луѓето низ писмо, а учениците ги научија да го исполнуваат црковниот чин.
Потоа, откако го свршија патувањето, стасаа на римскиот пат, каде што апостолскиот намесник Адријан им излезе во пресрет далеку од градот Рим и ги пречека како ангели Божји,
И тука, во вечниот град, се наближи времето, нашиот преблажен отец и учител Константин Филозоф да прими покој. .. Така, тој почина во летото господово 6377 (во 869 по Христа) и им се придружи на отците, пророците, апостолите, мачениците и сите светители, таго положија во црквата на свети Климент … (Од житието на светите Кирил и Методиј).
Почитувани пристуни, овде, на ова свето место, каде што и денес се наоѓаат неговите свети мошти, во овој свет храм, во кој, по триесет и вторпат, како делегација од Македонија, молитвена поклонувајќи се, искажуваме вечна благодарност за неговото рамноапостолно дело, како за македонскиот, така и за сите словенски народи, и општо – за европската и општочовечката култура и цивилизација.
Возљубени почитувачи на свети Кирил,
Да Му благодариме на Бога што блаженото упокоение на големиот учител не значеше крај на започнатото дело, туку тоа продолжи да живее, најпрво, во дејноста на сотрудникот Методиј, а потоа, по неговото упокојување (855 година), и по враќањето во Македонија на поголемата група ученици и соработници, делото на светите Браќа продолжи да дејствува на просторот од Македонија, раководено од свети Климента, идниот епископ во Кутмичевица и архиепископот на Охридската столица.
Ти благодариме, Боже, што благослови, покрај светите рамноапостоли, да расте духовно и да се надградува нашиот златен свети Климент, кој во дело го преточи споменот за своите свети учители. Продолжувајќи со просветителската дејност во Охрид, го отвори првиот универзитет, не само на Балканот, туку и пошироко. Исто така, продолжи со започнатите преводи на јазикот кој бил говорен во тоа време на македонските простори, како и со пишување на оригинални творби.
Постанувајќи, пак, епископ во Охрид, ги постави темелите на идната Охридска архиепископија, вековната Црква на просторот на Македонија која, и по укинувањето во 1767 година, продолжи да живее во духот на своите верни македонски чеда па, откако се создадоа услови, истата и се возобнови во 1967 година, во лицето на Македонската православна црква.
Ти благодариме, Боже, што во овие дваесет столетија Си со нас, како избран народ, што во она време, преку Самуила помаза цар од родот наш, што неговата држава потоа беше основан на нашиот вековен копнеж за самостојна македонска држава. Затоа, еве, кон Тебе од ова свето место, пред гробот на великиот свети Кирил, Ти искажуваме благодарност од сите македонски генерации и поборници за самостојна македонска држава.
Ти благодариме, Боже, за милоста што, по свети Кирил и Методиј, свети Климент и Наум, ни испраќаше духовни водачи, учители, подвижници и маченици. Ти благодариме, што меѓу нас, како неминлив дар ги имавме: свети Гаврил Лесновски, свети Прохор Пчински, свети Јоаким Осоговски, свети Иларион Мегленски, свети Агатангел и Нектариј Битолски, свети Ѓорѓи Кратовски, света Злата Магеланска, свети Спасо Радовишки .
..
Ти благодариме, Боже, што во тешките вековни страданија и туѓи владеанија.тогаш кога сите не негираа како народ, ни ја распарчија земјата, само Ти беше со нас, беше и наша единствена утеха и надеж. И, еве, воскреснати сме како народ и црква, зашто со Тебе се родивме и со Тебе живееме, и Ти си нашиот Пат, Вистината и Живот.
Затоа, во годината на големиот јубилеј на христијанството и на денот кога го чествуваме празникот на нашите првопросветители рамноапостоли, можеме со восхит да исповедаме дека Црквата, чиј ка.аголен си Ти, векува и ќе векува,,прекрасен Господ во Своите светии” (ПС 7, 35).
Амин!
Христос Воскресна!
На 13 февруари 2000 година е извршена интронизација на Повардарската епархија со Митрополитот повардарски Агатангел.
Од издавачката дејност:
Вангелија Десподова: Студии за македонската средновековна книжевност, Матица македонска, Скопје 2000.
Вангелија Десподова: Трескавечки аухологиум (со коавтори), Институт за старословенска култура, Прилеп 2000.
Ѓорѓи Поп-Атанасов: Кичевски октоих: Македонски книжевен споменик од XIII век, Скопје 2000.
Ѓорѓи Поп-Атанасов: Библијата за Македонија и Македонците, Скопје, 2000.
Ѓорѓи Поп-Атанасов: Октоихот во македонската книжевна традиција, Скопје 2000.
Вера Стојчевска-Антиќ (со коавтори): Средновековни книжевни жанри, Култура, Скопје 2000.
Илија Велев: Средновековни книжевни антологии, Менора, Скопје, 2000.
Илија Велев: Проникнувања на традицијата и континуитетот, Институт за македонска литература, Скопје 2000.
Славе Николовски-Катин: Монографија за Атанас Близнаков, Ректорат на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Министерство за иселеништво – Скопје, 2000, 1-336 (на македонски).
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН