ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ВО ВЕЧНИОТ РИМ ВО 1976 ГОДИНА (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „40. ПОКЛОНЕНИЕ ПРЕД ГРОБОТ НА СВ. КЛИМЕНТ ФИЛОЗОФ ВО РИМ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ, СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН И ВИКАРНИОТ ЕПИСКОП ХЕРАКЛЕЈСКИ КЛИМЕНТ

Во 1977 година Деновите на културата на СФРЈ во Италија се одржаа како комплексна југословенска културна манифестација, со која беше презентирано современото културно творештво и културната традиција на СФРЈ пред италијанската публика. СР Македонија зеде учество во оваа манифестација на тој начин што акциите што беа планирани за македонските Денови во чест на свети Кирил, беа приклучени кон „Месецот на југословенската култура”, што се одржа од 21 април до крајот на мај истата година. На тој начин чествувањето на сесловенските просветители прерасна во општојугословенска манифестација.

Во програмата на Месецот на културата на СФРЈ, СР Македонија беше застапена со следните содржини: по еден концерт во Рим, во областа Лацио и во Неапол одржа Камерниот хор на Радио Телевизија Скопје, а од македонските филмови беа прикажани „Црносеме” на Кирил Ценевски и кусометражните филмови „Оган” од Столе Попов и „Стоп” од Дарко Марковиќ.  Музејот на современата уметност од Скопје, пак, беше организатор на изложбата за современата југословенска карикатура, а проф. д-р Ѓорѓи Старделов учествуваше во дискусијата за самоуправувањето во културата.

Овогодишната културна делегација на СР Македонија ја предводеше г. Љупчо Копровски, републички секретар за образование и наука, а делегацијата на Македонската православна црква ја предводеше митрополитот американско-канадско-австралиски г. Кирил, со членовите

протојерејот Богољуб Димитриевски, парох при црквата „Свети Ѓорѓи” од Чаир, Скопје и протоѓаконот Александар Цандовски, секретар на Скопската митрополија, како и хорот на црквата „Свети Кирил и Методиј”од Тетово.

Молебенот во базиликата „Свети Климент Римски” се одржа на Денот на светите браќа, токму во 12 часот, на кој членовите на делегацијата на СР Македонија положи венец на гробот на свети Кирил. Таму се наоѓаа двата хора од Скопје, членовите на двете југословенски амбасади во Рим со амбасадорите г. Зденко Свете, при Светата столица и д-р Борислав Јовиќ, при Република Италија, членови на ватикански институции и околу 150 поклоници од Македонија, кои дојдоа да се помолат пред гробот на просветителот и учителот свети Кирили Солунски.

Ватикан

По молебенот митрополитот Кирил одржа слово во кое, меѓу другото, истакна:

… Евангелското слово, посеано од тебе длабоко во душата на нашиотнарод давало стократен плод, го хранело со здрава духовна храна и гопоело со животворна вода, така што, национално и духовно запазен,веднаш по ослободувањето, благочестивиот наш народ побара да имаи своја самостојна Црква, свои свештеници и свои владици. Цркватанаша, обновена и осамостоена, под постојаната молитвена закрила натвојот најдаровит ученик свети Климент Охридски – Чудотворец, постепеноги обновува древните црковно-народни традиции, ги поправастарите и изградува нови цркви ширум нашата слободна земја.

Последнивегодини, Македонската православна црква ги собра распрснатитечеда на Македонија по сите меридијани на Земјината топка. Поднејзината мајчинска закрила и духовно раководење, Македонците водалечниот свет го слушаат словото Божја на својот мајчин јазик.

Свети оче, Кириле, ти си наш сопатник и предводник низ сите нагорнинии удолнини во нашето постоење повеќе од единаесет векови. Тија знаеш и нашата слава и нашите многубројни понижувања и патила.Ова што го говориме, го говориме не затоа што ти не го знаеш тоа, тукуда си припомнене за твојата голема љубов, за твоите богати дарови иза твојата безгранична саможртва …”

Во текот на престојот, делегацијата на СР Македонија, заедно со делегацијата на Македонската православна црква, беше примена во Ватикан, во одделни посети од монсињор Копа, помошник на заменикот на државниот секретар на Ватикан, и од монсињор Силвестрини, потсекретар во Советот за јавни работи во Ватикан. Ова беше првпат една државна делегација од СР Македонија, како и делегацијата на Македонската православна црква да бидат примени од високи ватикански личности.

Покрај Рим, државната делегација од СР Македонија го посети и Неапол, како и Семинарот за студии на Источна Европа при Ориенталниот институт на Универзитетот во Неапол. Притоа, беа водени разговори со проф. д-р Нула Миниси, директор на овој институт и со проф. Ѕигари, ректор на Унвиерзитетот во Неапол.

Што се однесува, пак, до делот од културата, треба да се одбележат настаните на Камерниот хор на Радио-телевизија Скопје, одржани во Рим и во Неапол, а кои наидоа на забележителен прием кај италијанската публика, како и проекциите на играниот филм „Црно семе” од Кирил Ценевски, на краткометражните филмови „Оган” од Столе Попов и „Стоп” од Дарко Марковиќ. Не помал беше интересот за предавањето на проф. д-р Ѓорѓи Старделов и изложбата за карикатура.

Вера Антиќ: „Локални хагиографии во Македонија”, „Просветнадело”, Скопје 1977.

Со воведниот дел и петте локални македонски светителски ликови застапени во книгата, авторот има за цел да ги проследи развојните култни светителски традиции во Македонија. Основата на словенските локални хагиографии ја чинат светите браќа Кирил и Методиј, кои ги формираа и вредните наследници Климент и Наум Охридски, кои ќе ја формираат значајната средновековна Охридска книжевна школа.

Нивниот подвиг остварува благопријатна почва и за наредните развојни линии на култните локални традиции: свети Јоаким Осоговски, свети Прохор Пчински, свети Гаврил Лесновски, свети Иларион Мегленски и свети Ѓорѓи Кратовски.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН