ЃОРЃИ ЛУКРАС ТРЕТИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МПЦ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ (6)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА

Преселничките печалбарски движења на Македонците и нивниот интензитет биле условени, пред се`, од тешките економски услови за живеење и работа, а во многу помалку случаи и од причини што имаат национално-политички карактер. Тешките, лоши, често и невозможни услови за живеење и постојаната борба за опстанок присилиле голем број Македонци да се определат, покрај другото, и за печалбарството.

Печалбарството, односно преселувањето, пак, од Македонија во САД и  Канада е карактеристично за традиционално иселеничките краишта: Леринско, Битолско, Преспанско, Костурско, Охридско, Воденско, Прилепско, Струшко, Солунско, Тетовско и други делови на Македонија. Иселеничките движења од овие краишта се засилиле по Илинденското востание во 1903 година, а особено иселувањето било изразено по Балканските војни и по Првата Светска Војна, кои наместо слобода од петвековното ропство, на Македонците им донеле тројна поделба, угнетување, асимилација, денационализација и физичко уништување, што ги спроведувале порано ослободените соседи, Бугарија, Кралска Југославија, Грција и Албанија. Она што се случувало во минатото во периодот од неколку векови, по Првата Светска Војна, за релативно кусо време во одделни делови на Македонија настанале крушни миграциони движења и етнички измени кои имале катастрофални последици за македонското население.

Еден од тие иселеници од Егејска Македонија бил и Ѓорѓи Лукрас, за кого се вели дека живата антологија на народните песни од Костурско е сонародникот Ѓорѓи од село В’м6ел. Потекнува од многучлено македонско семејство, какви што во времето на Илинденското востание биле сите македонски семејства, но во кои тлеела и живеела голема македонската мисла, волја, битие и националност.

Роден една година пред да пламне Илинденското востание, во 1902 година, имал можност да биде свидетел на многу средби на македонски револуционери, во татковиот дом, што ја продолжиле борбата за ослободувањето на Македонија по Илинденско востание, задушено во крв и во оган. Некои од војводите лично ги познавал, меѓу кои, Пандо Кљашов, Митре Влавот, Цеко Бакаларов.

Набргу по отслужувањето на воениот рок ја засакал и ја зел за брачен другар првата мома од село Врбник, Мита од надалеку прочуениот македонски род Василевци. Co Мита задомил дом. Добиле две деца: син и ќерка, и бил првиот човек во селото.

Разделбата му падна потешко од се. Емигрира.

Во Канада помина десет години без драгото му семејство. Овде одново беше во македонското национално движење, во кое му беше полесно да се вклучи откако се собра со сопругата и со децата Веќе не беше сам. Имаше помошници и едномисленици.

Годините го направија своето, полека се вклучуваше се поактивно во македонското движење во Канада, кое стануваше се посилно, поизразено и поодредено во Торонто. Тоа стана посебно значајно кога преку дневниот печат и преку радиото се разбра оти во Македонија, во 1958 година дојде до обновување на Охридската архиепископија

Кога во 1959 година се организира “Јунајтед Маседониенс”, беше избран за благајник под претседателството на Џими Сандрес и секретарството на Петре Папаилија Меѓу другото, чичко Џорџ Лукрас има речено дека првите години од постоењето на “Јунајтед Маседониенс” беа “златниот век на македонското национално движење во Канада”.

Еден од иницијаторите за формирање на Македонската православна црква „Св, Климент Охридски“ во Торонто е и Ѓорѓи  Лукрас. Тој беше избран за претседател на овој црковен јрам во 1968  година, за период од една години. Со тоа почитуваниот Ѓорѓи Лукрас ја изрази неговата  силна љубов кон дедовската земја, Македонија, која секој иселеник длабоко ја носи во своето срце.

Овој црковно – национален дом е најголем центар на раселените од сите делови на Македонија. Таа е место на другарување на Македонците од седум до седумдесет и седум годишна возраст. Со други зборови, таа е македонски центар за поколенијата. 

Тоа е постигнато благодарение на демократска Канада која се смета за светски пример на мултикултурно општество.

Таа е прва земја во светот која официјално го призна мултикултурното шаренило и ја продолжува континуираната, значајна и доследна недискриминаторска политика. Со тоа, мултикултурата на заедништво, почит и љубов кон Канада се прогласи за политика на власта на Канада, каде што секој староседелец или новодојденец како Канаѓанин има право на слобода на свеста, верата, мислата, изразувањето, мирното собирање и дружење, уживање и развој во сопствената култура, пропагирање и применување на сопствената религија и употребата на мајчиниот јазик. 

Македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ е изградена во убавата метропола Торонто. Тој е распространет на брегот на езерото Онтарио, на осумдесетина километри од Нијагарините водопади и претставува град со многу европски нишани, кој магично го привлекува и опијува посетителот и намерникот. Торонто е град со прекрасни облакодери, раскошни населби со архитектура адаптирана од целиот свет, со уметнички галерии, музеи, опера и со други многубројни културно-историски споменици. Тој е најголемиот индустриски, културен, политички, административен и спортски центар, како и бисер на Онтарио и метропола со големи перспективи.

Ѓорги Лукрас беше избран и за претседател на “Јунајтед Маседониенс”, a no прогласувањето на самостојноста на Македонската православна црква во лицето на обновената Охридска архиепископија, со акламација во 1963 година беше избран за претседател на црковната општина, на која подоцна стана и благајник.

Како претседател учествувал на свеченостите организирани во Републиката по повод педесетгодишнината од Илинденското востание Тогаш одржа слово над гробот на Гоце Делчев, чии остатоци се чуваат во камениот саркофаг во дворот на црквата “Свети Спас” во Скопје.

Луѓето што го следеа неговото животно дело, добрините и хуманоста му ги признаа доделувајќи му од Медицинскиот факултет во Скопје Спомен – диплома како признание за особените заслуги и придонес.

И Македонската православна црква “Свети Климент Охридски“ во Торонто не го заборави својот претседател, доделувајќи му Спомен – благодарница за несебичното извршување на задачите, оживотворувањето на уставните цели, чувањето на црковните канони и за ширењето на пријателството меѓу Канаѓаните и Канаѓанките од македонско колено, на прославите одржани на 8 и 10 декември 1972 година.

Продолжува 

1slavek4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН