Мицкоски: Владата повлече арбитража од компанијата „Синохидро“, спасени миниум 50 милиони евра

Со аргументиран пристап и напорна работа изминатите 30 дена Владата успеа да издејствува да биде повлечена арбитражата од кинеската копманија „Синохидро“, која работи на изградбата на автопатот Кичево- Охрид, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

По одбележувањето на 102 години од основањето на Стопанската комора одговарајќи на новинарски прашања тој појасни дека подизведувач на Синохидро имал започнато арбитража кон компанијата, а таа кон државата. 

– Постоеше опасност да бидат потрошени минимум 50 милиони евра народни пари односно пари од буџет. И тоа се средства коишто сега ќе ги имаме повеќе за бизнисот, за граѓаните, за капитални инвестиции, изјави Мицкоски.

Според него, на подизведувач не му биле решени имотно – правните односи, не можел да има фронт за работа, ја тужел фирмата изведувач, а фирмата изведувач државата. 

– Значи, еден сложен процес и добро е што излеговме од тој процес без да бидеме подложни на пенали практично, нагласи Мицкоски.