Муцунски на средба со претставници од македонската црковна заедница во Виена

Во рамките на работната посета на Австрија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со претставници од македонската црковна заедница во Виена.

Како што соопшти денеска МНР, на средбата тој ја нагласил важноста на дијаспората која, како што рекол, е нераскинлив дел од државата и има значајна улога во културната и економска промоција, но и во застапувањето на националните интереси на меѓународната сцена.

Воедно, изразил надеж и очекување за продлабочување на економската и културната соработка помеѓу двете земји, што може да се постигне единствено со активна двонасочна соработка и комуникација во која придонесот на дијаспората ќе биде исклучително важен.

Претставниците на дијаспората ги претставиле и предизвиците со кои тие се соочуваат, а притоа од страна на министерот Муцунски било изразено уверување дека преку дипломатско конзуларното – претставништво и со поддршка на владата и останатите државни институции во иднина ќе се работи на нивно соодветно адресирање и решавање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *