СТРАНСКИ УЧЕСНИЦИ НА ПРОСЛАВАТА НА 1050-ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ (12)

СТРАНСКИ УЧЕСНИЦИ НА ПРОСЛАВАТА НА 1050-ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ (12)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

По повод 1050- годишнината од смртта на свети Климент Охридски, во Македонија, особено во Охрид од 10 до 12 септември 1966 година др оддржаа бројни манифестации. На прославата и’ беше даден белег од поширокиот размери на делото и значењето на св. Климент. Во прославата, покрај домашните учесници зедоа учество и поднесоа свои излагања и поздравни говори 30 странски слависти од 13 земји: Австрија, Англија, Бугарија, Западна Германија, Источна Германија, Италија, Полска, САД, СССР, Унгарија, Финска, Франција и Чехословачка.

Еден од нив беше Гинтср Витшенс, професор на Виенскиот универзитет, кој во своето излагање, меѓу другото, рече:„Најнапред би сакал срдечно да му благодарам на Одборот за прослава на 1050-годишнииата од смртта на Климент Охридски за тоа што ме покани како претставник на Австрија и на Виенскиот универзитет да дојдам тука, на едно од местата на дејноста на свети Климент. Особено ме радува дека и нова Југослаѕија свсчено се сеќава за еден репрезентантниа старословенската литература, а дури и светец.

Австриската славистика секогаш му се посветуваше во извонредна мера на старословенскиот јазик и неговата литература. Колку и да изгледа необичио, сепак далечната Австрија има миогубројни односи со дејноста, а, пред се’, со посмртната слава на човекот, којшто го прославуваме деиес. Во својот живот свети Климент сигурно стапнад на тлото на денешната Австрија во текот на својата мисионерска и учителска дејност, оти ние денес знаеме дека Великоморавското царство зафаќало големи делови на Долна Австрија. Инаку, ако неколку дела, кои му се припишуваат на свети Климент и кои делумно потекнуваат од старогермански оригинали (Фризинска исповест, Euchologium Sinaiticum), се навистина негови, тоа би значело дека тој бил запознат и со тогашната литература во баварско-австрискиот крај“.

Хорас Лант, професор на Харвардскиот универзнтет, пак, донесе поздрави од америкаисимте слависти и рече: .Собрани сме овде во едно од првите жариштз на словснската култура кое ги преживеало пустошењата од најрани времиња. Велехрад и Преслав се само археолошки наоѓалишта, но Охрид е град што стои како сведок на траднцијага на Кирил и Методиј. Откако славистите веќе ги прославија достигнувањата на браќата од Солун и на нивната Моравска мисија, сосема е умесно сега да се одбележи споменот и работата на нивните следбеници.

Меѓунив, неоспорно најголем е Климент. Не ни е точно познат неговиот роден крај, но сигурно знаеме дска тој бил Јужен Словен. По верното и пожртвувано служење во Моравија, тој се вратил на југ, да продолжи да ги учи своите браќа Словени, да пишуваат на својот роден јазик.

Сега е време поблиску да се испита придонесот на Климента и на неговата генерација кон стариот црковнословенски јазик и кон раната култура која е создадена на неговата основа. Ние многу сме научиле за Климента. Меѓутоа, по интензивното проучување на занемарените ракописи, распрснати по разни библиотеки, секако ќе ни открие уште повеќе. Пожелно е да се олесни добивањето микрофилмови од поголеми и од помали библиотеки. Многу студии треба да се посветат на химнологијата на раната словенска црква, особсно на Триодот, за чија словенска верзија се знае дека делумно била Климентов труд.

Да се надеваме дека овој собир во Клнментовиот град Охрид ќе овозможи нови откритија за Климента и за развојот на словниската култура“, рече американскиот научник.

Во врска со оваа прослава се оствари богата издавачка дејност. Се појави „Книга за Клммент” (Кочо Рацин, Скопје 1966). Со трудови од; Х. Поленаковиќ, Б. Конески, П. Илиевски, Д. Коцо. Се појави „Палеографскиот албум на јужно-словенското кирилско писмо” од Владимир Мошин. Во Охрид, истата година, беше издаден зборникот „Словенска писменост”, со значајни трудови од: В. Штефаниќ, В. Мошин, Петар Хр. Илиевски, Б. Конески, Р. Угринова-Скаловска, Х. Поленаковиќ, В. Венгели, Д. Коцо, Ц. Грозданов, М. Харисијадис, Д. Стефановиќ и Б. Алексова Зборникот го подготви Народниот музеј во Охрид.

Македонската православна црква ја издаде книгата „Свети Климеит Охридски”, со текстови за Климент и од него.


Музејот во Охрид

Веднаш по прославата беше објавена и „Споменица Климент Охридски” (916-1966), Охрид, 9-12 септември 1966, со опширен приказ на програмата, говорите на собирите од претставниците на СР Македонија, од научните институции во СФРЈ, како и од странство.
На 11 септември во организација на Црквата, во „Свети Климент” се одржа свечена архијерејска литургија На 12 септември, Архиепископот охридски и скопски и митрополит македонски, г. г. Доситеј, приреди прием за гостите.

На прославата беше поставена и изложбата „Словенска писменост”, отворена на 11 септември, од страната на претседателот на Одборот за изложбата проф. Р. Угринова-Скаловска. Концепцијата на иложбата ја даде В. Мошин, а нејзин организатор беше Народниот музеј во Охрид. Беше подготвен и каталог – „Словенска писменост”.

На 11 септември пред гостите беше прикажан документарниот филм на „Вардар филм” – „Охридскиот светилник”, според сценариото на Х. Поленаковиќ, а во режија на Т. Попов.

Прославата беше богато презентирана во информативните гласила („Нова Македонија“, Радиото, ТВ) со делови од излагањата, интервјуа итн. (Документацијата од оваа прослава е депонирана во Архивот на Македонија, фонд: Одбор за прослава на 1050 годишнината од смртта на Климент Охридски).

Одборот за прослава на 1050-годишнината од смртта на св. Климент Охридски предвиде богата дејност, меѓу која беше и подготовката на зборникот „Словенска писменост, 1050-годишнина на Климент Охридски“, што го издаде Народниот музеј во Охрид во 1966 година. Првата студија во овој зборник со наслов: „Првобитното словенско писмо и најстарата глаголска епиграфика” е на познатиот и плоден славист В. Штефаниќ.

Во неа тој се осврнува на историјатот на словенското писмо, застанувајќи на страната на славистите кои и даваат примат на глаголицата, како првично писмо создадено од Кирила. Потоа, авторот се запира на трите карактеристични подрачја каде што се негувала глаголицата: моравско-панонското, бугарско-македонското и хрватското. Во секој случај студијата дава пресек на современото ниво и достигањата на славистиката во врска со овие значајни прашања.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН