КОН ДЕЛАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“И „40 ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ФИЛОЗОФ “(15)

КОН ДЕЛАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“И „40 ПОКЛОНЕНИЈА ПРЕД ГРОБОТ НА СВЕТИ КИРИЛ ФИЛОЗОФ “(15)

Делото „Во чест на светите Кирил и Методиј“ е израз на долготрајната истражувачка дејност на авторите д-р Вера Стојчевска- Антиќ и Славе Николовски – Катин на животот и делото на сесловенските (македонските) просветители светите Кирил и Методиј“.Таа е монографија на „Матица македонска“ од Скопје, отпечатена во 1994 година, на 212 страници на македонски јазик. Рецензенти на ова дело се проф. д-р Радмила Угринова – Скаловска и архиепископот на Македонската православна црква г.г. Михаил, а беше издадено во 1994 година, кога се навршуваа 50 години самостоен слободен, просветен и културен живот и растеж во Република Македонија.  

Публикацијата „Во чест на светите Кирил и Методиј“ од авторите д-р Вера Стојчевска- Антиќ и Славе Николовски – Катин е едно од првите изданија на реномираната издавачка куќа „Матица македонска“ во Македонија, чиј директор и главен и одговорен уредник е познатиот писател и поет Раде Силјан.

Инаку,Кирмлометодиевската традиција зафатила благородни и длабоки корени во Макеоднија. Вредните ученмци на светите браќа Кирил и Методиј, светите Климент и Наум Охридски, ја продолжиле нивната целокупна глаголска традиција, особено кога Климент Охридски во 886 година ги ставил темелмте на Охридската книжевна школа. Оттогаш низ Македонија струи Климентовата писменост, книжевноста и организираниот црковен живот, особено со неговото хиротонисување за прв словенски епископ во Велика, во 893 година. Истата годииа свети Наум го напуштил бугарскиот црковно-просветен и книжевен центар во Преслав и го заменил Климента на учителското место во Охридската школа.

Оваа просветителска и културна дејностна преставниците од почетоците на формирањето на словенската писменост и киижевност оставала траги низ вековиге во Македонија. За оваа забележана траднција е досга често пишувано во славистиката. Притоа, се заклучува дека и во пишаните извори, а и во народната усна традиција постои континуираност.

Токму затоа, со ова издание авторите сакаат да ги проследат во еден преглед поважните дејности во врска со кирилометодиевската традиција, во периодот од 1944 до 1994 годииа. На овој начин се регистрирани барем поважните појави во Македонија, поврзани со епохалното дело на светите браќа и нивните ученици, укажувајќи на длабоките кореии на оваа традиција во Македонија, зачувана и во нашето современо живеење и чествување, како долг кон бсспримерните наши учители.

Македонскиот јазик спаѓа во јужнословснските јазици, а се формирал од словенските племиња што се населиле најјужно на Балканскиот Полуостров. Уште тогаш, во IX век, тој се одликувал со карактеристични особености во однос на јазичните црти. И понатаму во својот развој доживувал своевиден напредок. Прашањето за литературниот современ македонски јазик било поставено уште во XIX век, а решено дури со победата на НОБ.

Македонскиот литературен јазик ја доживеал својата кодификација, со одлуките донесени на АСНОМ 1944 годииа, Во изминатиот седумдесетгодишен период растеше јазично-творечката дејност. Во трудот иа Блаже Конески, со наслов „Македонскиот литературен јазик” (Реферати на македонските слависти за XI Меѓународен славистички конграс во Братислава, Скопје 1993 9-33), не случајно е истакнато: „Развитокот на функционалните стилови иа македонскиот литсратурен јазик во периодот на неговата кодификација ја потврдува обемноста и успешноста на таквите напори”.

Веднаш по НОБ се обновија училиштата во Македонија. Повеќе од нив го задржаа или го добија името „ Кирил и Методиј”, и „ Климент Охридски”. Овие имиња на нашите современи македонски училишта не се само симболични наслови, туку една жива врска на писмената, книжевната и културната традиција, што ја вкоренија солунските браќа и светители Кирил и Методиј во IX век.

Во ова издание се одразени и повеќеродни дејности, манифестации, собири, инсштуции, личиости, изданија и други активности кои се носители на името, дејноста и работата на светите Кирил и Методиј и нивните ученици. Разбирливо е дека во него ги проследуваме и јубилеите, кои во одредени години ги потенцираат активностите и дејностите во врска со претставувањето, изучувањето или откривањето на нивното сестрано дело. Исто така, своевиден простор е посветен на културната манифестација „Во чест на свети Кирил” и поклоненијата на светиот гроб на свети Кирил во Рим во период од 25 годиии (1969-1994).

Посочуваните прослави собири, зборници, изданија, библиографии, даваат можности и за други посериозни потфати. Секако, сметаме дека и овој труд ќе даде прилог за поцелосното согледување на повеќе реализирани дејности во врска со епохалното дело на светите браќа Кирил и Методиј и на иивиите ученици, во Република Македонија и пошироко, во периодот од 1944 до 1994 година.

Делото „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, пак,  чиј автори се д-р Вера Стојчевска-Антиќ, Славе Николовски-Катин и викарниот епископ хераклејски Климент е едно од значајните изданија на книгоиздателството „Македонска искра” (2008) на 228 страници. Во ова издание се одразени повеќеродни дејности, манифестации, собири, институции, личности, изданија и други активности кои се носители на името, дејноста, работата, на светите Кирил и Методиј и нивните ученици

Инаку, книгоиздателството “Македонска искра” е формирано благодарение на демократските процеси што настанаа по осамостојувањето на Република Македонија како независна, демократска и самостојна држава. Тогаш се создадоа поволни услови за приватна иницијатива, меѓу другото и во областа на културата, со посебен акцент во развојот на книгоиздателството. Така,  е формирано денешното Друштвото за издавачка и образовна дејност, производство и промет (Книгоиздателството) „Македонска искра” ДООЕЛ увоз-извоз-Скопје.

Македонска искра“  е крстена по весникот „Македонска искра“, првиот македонски весник што започна да се печати во Перт, Австралија  во 1946 година. Таа за првпат е регистрирано во Окружниот стопански суд во Скопје, на 28.03.1995, за потоа да ги следи сите законски измени. Меѓутоа, својата издавачка дејност “Македонска искра” ја започна во текот на 1997 година и досега има објавено стотици наслови од значајните македонски писатели, научници и публицисти, во тираж од илјадници примероци, пласирани во Македонија и во многу национални библиотеки и специјализирани книжарници во европските и во прекуокеанските земји, особена меѓу македонското иселеништво

На оваа скромна, но со видни резултати издавачка куќа посебна област во издаваштвото се учебниците и дидактичката литература  одобрена од Министерството за образование на Република Македонија. Сите учебници и различната дидактичка литература на „Македонска искра“ се користат во основните и средните училишта, и имаат значаен прилог и придонес во образовниот процес во Република Македонија.

Публикацијата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, од авторите д-р Вера Стојчевска – Антиќ, Славе Николовски – Катин и викарниот епископ хераклејски Климент е едно од значајните изданија на оваа реномирана издавачка куќа во Македонија, чиј главен и одговорен уредник е авторот на овие редови, Славе Катин. Рецензенти на ова дело се Архиепископот г.г. Стефан и проф.д-р Ѓоко Ѓорѓиевски, декан на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, а беше издадено во 2008 година, кога се навршуваа шеесетина  години самостоен слободен, просветен и културен живот и растеж во Република Македонија.

Треба да се нагласи дека во публикацијата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим”, се проследени јубилеите кои во одредени години ги потенцираат активностите и дејностите во врска со претставувањето, изучувањето или откривањето на нивното сестрано дело. Исто така, своевиден простор е посветен на манифестација „Во чест на св. Кирил” и поколенијата на гробот на св. Кирил Солунски во Рим, во период од 40 години (1969-2014). 

За ова дело Архепископ Охридски и Македонски г.г.Стефан ќе напише дека пораката на светиот апостол Павле – помнете ги вашите наставници, што ви го проповедаа Словото Божјо (Евр. 13, 7), нашла и има вистинско место меѓу македонскиот народ кога е во прашање чествувањето на македонските и сесловенските просветители, браќата од Солун – светите Кирил и Методиј.

Во книгата „40 поклоненија пред гробот на Св. Кирил Философ во Рим” е запишано декачетириесет години Македонската републичка делегацијасвечено го одбележува Денот на словенските просветителисветите Кирил и Методиј во Рим. Во месец мај веќе 40 годиние претставувано македонското традиционално наследство, во кое е вткаена плодната дејност на солунските просветители,кои во основата на литературниот старословенски јазик ги вткаајужномакедонските говори од околината на Солун .

Во програмите во чест на свети Кирил Филозоф и свети Методиј, широко чествувани воМакедонија, важно место зазедоа и тие во Рим, посветени на поклоненијатапред гробот на Свети Кирил Филозоф, починат во Рим , на 14 февруари стар стил, (27 нов стил), во 869 година. Во широкото откривањена Кирилометодиевското наследство, преку културни, научни идруги уметнички програми и манифестации во Рим, и МПЦ со пиететги одбележа изминатите чествувања, на кои посебно се задржувамево оваа книга. Разбирливо е дека ваквиот однос се засили со признавањетона автокефалноста на МПЦ во 1967 година, по што веќе во1969 година започнаа редовно одржуваните молебени на гробот насвети Кирил Филозоф во Рим.

Првиот архиепископ на МПЦ, г.г. Доситејим даде значаен белг на сите чествувања, кои понатаму го продолжијаистиот пат наредните архиспикопи, за да ја одбележи 40-годишнинатана поклоненијата денешниот охридско-македонски архиепископ г.г.Стефан.

На чествувањата во Рим и во Република Македонија земаат учество високи претставници на Владата на Р. Македонија, на Министерството за култура, на Министерството за надворешни работи, на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, а во училиштата ширум Македонија, кои го носат името на просветителите денот се одбележува празнична и свечено.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН