ПОРТАЛОТ „МАКЕДОНСКА НАЦИЈА“ ГО ИЗДАДЕ 1.000-ОТ ЈУБИЛЕЕН БРОЈ

Информативното гласило „Македонска нација“ било регистрирано како независно списание (весник) за општествени прашања и култура, како двомесечник и се печатело во Минхен. Првиот број е отпечатен на 30 јануари 1971 година (како двомесечник за јануари – февруари), во почетните броеви како независно гласило, а потоа како орган на Движењето за ослободување на Македонија (ДОМ) и на Народноослободителниот фронт на Македонија (НОФМ).

Се печатело на македонски јазик, на триесеттина страници, на формат како списание (весник) на 21 х 29 см. Главата на списанието била на македонски јазик, меѓутоа бојата се менувала на секое клише. Од шестиот број понатаму се наведуваат уредниците, најнапред е Драган Радински, потоа Драган Богдановски,  потоа инженер Танас Ташев, Благој Шамбевски и други.

Уште на почетокот весникот „Македонска нација“, претставувал вистинска национална трибина. Тоа е изразено  во воведната статија од првиот број во кој се нагласува следното:

„Само во еден дел од нашата страдална татковина, во Вардарска Македонија, Македонецот денес може слободно да го изрази своето национално чувство – да каже дека е Македонец. Во другите два дела на несреќна Македонија, нашите сонародници се присилени да бидат викани она што тие не се, па дури да не смеат да зборуваат на својот мајчин јазик. Нашите браќа и сестри под грчкото и бугарското ропство постојано се изложени на систематски денационализаторски режим кој има за цел да ги уништи како народ, да ги погрчи и да ги побугарчи, или, пак, присилно да ги исели од нивните родни огништа.

Списание „Македонска нација” започна како едно од македонските информативни гласила во иселеништвото кои имаат посебно значење и играат огромна улога, пред се’ во зачувувањето на македонскиот јазик. Тие се поттикнувачи во врска со продлабочувањето на националниот дух и самобитноста, како и продолжувачи на културните вредности на Македонците во новите средини. Во исто време информативните гласила во дијаспората го јакнат единството меѓу иселениците од сите делови на Македонија.

Соред делото „Македонски иселенички печат“, НИО „Студентски збор“, Скопје, 1993, 1-254. (на македонски), на авторот на овие редови Славе Катин, гласилото „Македонска нација” се печатеше на македонски јазик, на триесетина страници, на формат како списание на 21 х29 см. Главата на списанието е на македонски јазик, меѓутоа се менува бојата на секое клише. Од шестиот број понатаму се наведуваат уредниците, најнапред е Драги Радински, потоа Драган Богдановски, потоа инж. Танас Ташев, Благој Шамбевски и други.

Во сеопштиот македонски национален подем живо учествуваат и македонските иселеници и емигранти во надворешниот свет, како и македонските нови печалбари што се на привремена работа во туѓина, сплотувајќи се во прв ред под топлото мајчинско крило на својата национална автокефална Македонска православна црква. Како одраз на тој национален живот на македонските иселеници, емигранти и привремените печалбари во туѓина, се појави ова скромно списание чие име е „Македонска нација”.

Во продолжвкие се вели дека целите на списанието „Македонска нација“, покрај другото, се да ги заштити националните интереси на целокупниот македонски народ; да води борба за извојување национални права и слободи за Македонците под Грција и Бугарија; да подготвува терен за обединување на трите дела од распарчена Македонија во единствена македонска национална целина; да работи за побогат духовен, културен и политички живот на Македонците во туѓина и да ја шири во надворешниот свет вистината за Македонија и македонскиот народ, разобличувајќи ги притоа лагите и клеветите што га шират балканските националисти и империјалисти.

Притоа, името на списанието јасно го оцртува неговиот општ македонски национален карактер, односно дека тоа нe e орган на политичка партија, друштво или организација, туку е широка национална трибуна во која може да соработува секој Македонец кој сака да работи за доброто и среќата на својата нација. Издавачите на „Македонска нација” сметаат дека на македонската нацпонална кауза може да и’ служи секој чесен Македонец без разлика на негавите филозофски погледи, идеолошки убедувања или партиска припадност. Списаниего нема цел да биде ни антикомунистичко, ни комунистичко, туку надпартиско, една широка македонска национална трибуна, што ќе работи на постигнување македоиско единство.

Драган Богдановски беше еден од најпознатите македонски политички емигранти. Тој беше човек со извонредно богата биографија, непоколеблив борец за остварување на македонските илинденски (Гоцеви) идеали, односно идеи за ослободување и обединување на сите делови од етничка Македонија. Богдановски 30 години се наоѓаше во челните редови на патриотски настроената македонска емиграција. Драган беше еден од најпознатите македонски политички емигранти по 1945 година. 

Драган Богдановски беше иселеникот најмногу следен од УДБ-а, а во 1977 година киднапиран од Франција и тајно доведен во Македонија. На судскиот процес зад затворени врати беше осуден на 13-годишна робија. Тој починал на 31 мај 1998 година, во воз (во местото Федерација, Данска), на пат од Шведска кон Германија. Погребан е во Куманово на 1 август 1998 година во присуство на фамилијата и најблиските и до крај верните пријатели и соработници.

Вториот број на списанието „Македонска нација“, е отпечатен како двоброј за март и април 1971 годна, на ист формат, на 20 страници, и со променета боја на главата. И наредните четири броеви во 1971 година, се идентични на првиот број како по формата, техничкото решение, така  и   по  содржината.

Во текот на 1972 година отпечатени се пет броја, од кои од бројот 8 издавач и редактор е Драган Богдановски и се печати во Минхен, Западна Германија, со годишна претплата од 20 ДМ. Од бројот тринаесет како уредник на списапието се јавува ииж. Танас  Ташев, а  подоциа  повторно  Драган   Богдановски.

Од бројот 17 за септември—октомври 1973 година, списанието „Македонска нација” го мени клишсто на главата, со тоа што на левата страна е поместена етничката карта на Македонија. Списанието стана орган на Движењето за обединување на Македонија, дадено и во главата каде што стои слоганот „Македонци обединети за обединета Македонија”. Од бројот 16 пак, како додаток започна да се печати прилогот „Македонска трагедија”, а од бројот 23 списанието „Македонска нација” започна да се печати во Гетеборг и тоа веднаш по смртта на членот Благој Шамбевски.

Содржината на списанието „Македонска нација” обилува со теми кои имаат изразит национален карактер, а кои се претежно од областа на историјата, културата, јазикот, литературата и друго, вклучувајќи ги притоа прашањата и проблемите за обединување на Македонија.

Во наредните дваесетина години „Македонска нација” излегуваше, за жал, со извесни осцилации и прекини, со постојано ривалство, несогласувања и расцеп меѓу лидерите на емигрантските организации. Таков е случајот, покрај другите, со печатењето на бројот 26 и 27 од 1975 година и разидувањето мeѓу Драган Богдановски и Ване Самоилов, како и со бројот 90 од 1990 година, во кој е поместено соопштението на Контролната комисија на Народноослободителниот фронт на Македонија (НОМФ) во кое се коментира наводното одржување на Шестиот конгрес на НОФМ во август 1989 година во Женева, на кој учествувал „само” д-р Богољуб Андоновски (во конфликт со Драган Богдановски). Поради тоа бројот 92 од 1990 година, на „Македонска нација” се јавува како орган на НОФМ и го уредува редакциски колегаум, чиј главен уредник е Диогенес, односно д-р Богољуб Андоновски.

Инаку, Драган Богдановски беше најинволвираниот во „Македонска нација“ и беше душата на ова гласило. Во исто време, тој беше голем борец против сите оние што го негираа постоењето на македонската нација и македонскиот етнички идентитет. Така, во периодот од 1958 -1977 година најголема битка водеше против „МПО“ на Ванчо Михајлов, бидејќи, по Втората светска војна МПО се обиде своето влијание да го прошири и во Европа.

Драган Богдановски до својата смрт остана доследен на идејата за самостојна, независна и демократска Македонија. Со таа идеја се градеше како личност, со таа идеја живееше и со таа идеја почина. Иако за таа идеја страдаше и беше прогонуван, сепак, историјата е последниот судија, и денеска, благодарение на демократскиот систем во кој живееме, историјата му го обезбедува заслуженото место.

Покрај Драган Богдановски за „Македонска нација“ треба да се споменат и неговите истомисленици кои за жал не се повеќе меѓу живите, а кои цело време се бореа за самостојна Македонија, а тоа, меѓу другите се: Благоја Шамбевски – Шамбе ( 1921-1974); Панко Стамкоски (1938-2007); Михаил Шариновски – Солунски (1932-1999), Крсто Шкодров (1944-2005), Ристе Блажев – Ристески (1931-2000); Крсто Јенчев – Димитров (1912-2003), Јонче Трајчевски (…-2015) и други.

Списанието „Македонска нација”, беше едно од првите демократски и емиграциски  гласила, кое претставуваше голем печатен медиум на Македонците во Европа и Европската Унија. Тоа остави вечни траги во историјата на македонската емиграција и воопшто во историскиот развој и вистината за македонскиот народ и етничка Македонија.

36379
363799

                                  Драган Богдановски и Мане Јаковлевски

Продолжувач на гласилото „Македонска нација”, кое се печатеше четириесеттина години и беше гласило на македонската емиграција е Мане Јаковлевски. Тој како емигрант во Германија беше голем поддржувач на ова македонско гласило  и контактирал со голем број политички емигранти во светот. Меѓу другото, постојано  бил во контакт со Драган Богдановски кој во тој период живеел во Гетеборг и Малме-Шведска. Тие двајцата како афирматори и бранители на етничка Македонија, покрај личните средби имаат и опширна писмена кореспонденција преку која може да се видат неговите погледи за иднината на организацијата и, воопшто, на македонското иселеништво во Европската Унија и во светот.

Мане Јаковлевски е продолжувачот и основоположникот на македонската национална слободна мисла со новото електронско издание „Македонска нација” http://mn.mk/

Денес како Веб-портал „Македонска нација”, претставува вистинска нацонална трибина, во која учествуваат сите оние Македонци или Македонки, кои сакаат да работат за доброто и среќата на својата нација и етничка Македонија. Веб порталот, всушност продолжува со потрагата по вистината, толку потребна за одбрана на македонската национална кауза, за македонските вистини во минатото, сегашноста и иднината.

Денес, електронското издание „Македонска нација”, го прославува 1.000-от јубилеен број, кога со своите близу шест илјади статии, претставува вистинска енциклопедија на македонскиот народ, а изнесената вистина која ја шири низ светот претставува вистински браник на македонската национална кауза.

Инаку, познатиот и признат патриот и доблесен Македонец, Мане (Маноил) Јаковлески, со своите соработници го основа  Веб-порталот „Македонска нација” меѓу кои денес е и авторот на овие редови Славе Катин. Овој Веб-портал е еден од водечките во Македонија во изминатиот период. Тоа е екипа која нема да отстапи од македонскиот патоказ, нема да престане да истражува и да ги расветлува страниците од македонската историја.

Покрај Мане Јаковлески како основач на веб-порталот, во него се вклучени: Горан Митевски, Киро Кипроски, вебмастер Дејан Донев, уредници: Тихомир Каранфилов, Гордана Димовска, Емил Јакимовски и Славе Катин, како и надворешните соработници: Васил Стерјовски, Бранислав Саркањац, Панде Лазаревски, Виолета Сековска, Жаклина Трпевска, Тодор Петров, Жаклина Петровска, Александар Џеповски и Костадин Керпичоски, додека Иницијативниот одбор го сочинуваат 46 Македонци од целиот свет.

Посебно место во збогатувањето на содржините на веб-порталот „Македонска нација” во информирањето на читателите насекаде во светот имаат бројни личности на политичкото живеење, колумнисти и други вид информатори за минатото, сегашноста и иднината на македонскиот народ во Македонија и во дијаспората. Сите тие го прават Веб-порталот „Македонска нација” да биде хроничар и да ја брани и чува македонската вистина и Македонија.

Како дел од информативната дејноста на веб-порталот „Македонска нација“, особено за македонското иселеништво ширум светот, ја користам оваа пригода да им честитам на сите добронамерници, помагачи, вљубеници во информирањето, бранители и афирматори на својата татковина Македонија. Посебно им честитам на основоположниците, уредниците, соработниците, добронамерниците и помагателите кои ги поставија темелите на весникот и веб – порталот „Македонска нација“. Нивната љубов, истрајност и самопрегор кон гласилото направија сите ние со гордост да го одбележиме  50. годишниот јубилен на „Македонска нација“.

Веб-порталот „Македонска нација“ е познато и признато информативно гласило на читателите во Република Македонија и во сите земји ширум светот. Улогата на „Македонска нација“ е огромна и непроценлива особено за македонските иселеници во прекуокеанските земји: Австралија, Канада, САД, Европската Унија и бројни други демократски земји каде “свиле нови гнезда“, како и за голем број Македонци од сите делови на етничка Македонија.

1SlaveK2 copy copy copy copy

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *