ЗНАЧАЈНИ  ДУХОВНИ ЦЕНТРИ ВО КУМАНОВСКАТА ЕПАРХИЈА (42)

ЗНАЧАЈНИ  ДУХОВНИ ЦЕНТРИ ВО КУМАНОВСКАТА ЕПАРХИЈА (42)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Патувајќи од Скопје до Крива Паланка, односно до „Св. Јоаким Осоговски“, на автопатот Велес-Куманово во Дељадровци се наоѓа манастирот „Св. Ѓорѓи“. Тој се вишнее на ридот и е забележителен од сите страни. Со помош на голем број донатори, а на чело со митрополитот Кирил, заедно со свештениците, манастирот е целосно реновиран и претставува прекрасен дух вно-црковен храм, место за прослави, одмор и рекреација. Таму се наоѓа вечното почивалиште н митрополитот Кирил.

Манастирот беше резиденцијален во поранешната Полошко-кумановската епархија, каде митрополитот Кирил често престојувал и имал посебен однос кон тој простор на Македонската православна црква. Всушност Дељадровци е првата Македонска православна ларва, каде во непоредна близи на Манастирот се изградени уште неколку цркви и параклиси. Тоа го прави овој простор уште подостапен и позначаен за секој верник, намерник и патник.

На спротивната страна од Дељадровци под Скопска Црна Гора, над селото Матејче, Кумановско, до денешни дни високо издигнат е манастирот ние на „Св Богородица“, кој, и покрај тоа што бил и разурнуван и оштетуван и сквернавен, сепак тој постои.

Изградбата на оваа манастирска црква почнала во времето на царот Душан на старо култно место каде што порано постоела црквата „Света Богородица – Црногорска“. По смртта на Душан, изградбата на црквата овозможила да се доврши и да се живописаат неговата жена Елена и синот Урош.

Долги години црквата била напуштена и незаштитена, со откриени и урнати кубиња. Првата обнова – реставрација била извршена во 1934 година, додека целосна конзервација и реставрација на архитектурата и фрескоживописот се изведени во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век. За жал, во војната во 2001 година Македонската православна црква „Света Богородица“ беше осквернавена.

Во неа се урнати речиси сите спомени на минатото што предизвика голем револт и негодување кај македонската и кај светската јавност. Всушност, се настојува црквата да се реновира, особено со странски донации. Меѓутоа, лузните ќе останат по се’ изгледа засекогаш.

Во 1851 година, покрај другите поголеми урбани средини како Скопје, Велес, Кратово, Штип, и Куманово, ја добива својата голема соборна црква. Таа е посветена на св. Никола и е уште еден духовен бисер во Полошко-кумановската епархија на митрополитот Кирил.

По својата просторна концепција спаѓа во групата на карактеристични трикорабни базилики кои Дамјанов ги гради секогаш кога не бил во можност да реализира куполна градба. Така, освен манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, сите дотогашни градби се со иста или слична просторно-волуменска дефиниција. Дури потоа овој објект, а почнувајќи со осоговската црква (инаку двете се завршени во иста година), Дамјанов градел главно куполни храмови.

Основата на црквата „Св. Никола“ во Куманово е оформена од еден нагласено издолжен правоаголен простор, поделен на три кораби со помош на два реда од по седум столба. Употребата на толкав број столбови во еден ред (исто како и во Велешката и Новоселската црква) ја потенцира нејзината базиликалност. Централниот кораб е речиси двојно поширок од страничните и забележливо повисок, што се манифестира и на петтата фасада со базиликално надвишен покрив.

Во внатрешноста, централниот кораб е нагласен и со начинот на покривање со четири слепикалоти, за разлика од страничните кораби, каде што покривањето е само со полуцилиндричен свод. Речиси, во поткуполниот простор, се добива можност за доживување на внатрешноста на храмот од божествена перспектива. Чувството на возвишеност тука е неодминливо.

Исто така, Карпинскиот манастир „Св. Воведение Богородично“ е осамен објект во прекрасните планински предели – Жеглилово во близина на селото Орах, Кумановско, лево од патот Куманово – Крива Паланка. Карпинскиот манастир се смета дека е еден од најстарите христијански храмови во кумановско-кривопаланечкиот крај, подигнат во 1100 година според едно предание, а имало и натпис над влезот во црквата, подоцна уништен, во кој пишувало дека манастирот бил подигнат кон крајот на XIV век.

Првпат Карпинскиот манастир се споменуваво 1592 година, кога било напишано Карпинското евангелие. Во една преписка од 1592 година за напишаното евангелие се вели: „Се напиша ова евангелие во манастирот Карпински, во храмот „Воведение на Пресвета Богородица“ во лето 1592”..

..

Во дамнешните времиња Карпинскиот манастир бил многу богат и во него живееле повеќе од 300 монаси. Во неговата историја е забележан Карпинскиот триод, кој денес се наоѓа во Софиската народна библиотека. Во белешките на Карпинскиот триод пишува: „Да се знае кога дојдее ромонах Стефан во Карпино манастир во лето 1745… писах аз ерен Стојко от Нагоричане”. И уште еден запис на триодот од друга рака: „Да се знае братие мои во таја светаја книга кој пеал-папа Димитриа от Дебарска каза от село Врбен“.

Соборниот храм „Св. Никола“ во Кумановo

.

Исто така, во еден молитвеник на Карпинскиот манастир во 1806 година е запишано: „Во лето 1806 тогаш доите от Меденџију Реџеп Бјулјуг – паша у манастир Карпино и седе три месеца тоа лето се обраха пушке и тогаи доиде во Карпино манастир Кирил иеромонаха”. Еден друг запис врз ѕидот од црквата пишува: „Во годината 1812 дојде игуменот од Марковиот манастир Кирил иеромонах во Карпино”.

На еден запис на ѕидот од црквата на Карпинскиот манастир од 1789 година пишува дека во споменатата година во манастирот престојувал поп Атанас од Кратово.

Во 1848 година во манастирот се чувале 22 пергамента – ракописи, а во 1880 е забележано дека книжниот фонд изнесува 60 ракописи. Во 1902 година еден требник од 16 век се наоѓал во Куманово. Оттука станува јасно дека Карпинскиот манастир бил значаен средновековен книжевен центар во Македонија.

На дваесетина километри од Куманово, на патот кон „Св. Јоаким Осоговски“, во селото Старо Нагоричани се наоѓа црквата „Св. Ѓорѓи“. Таа е градена во два периода. Оригиналната црква била изградена во XI век, според изворите, по налог на византискиот император Диоген IV, а од благодарност кон св. Прохор Пчињски.

Од оваа базилика има зачувано само дел од северниот ѕид во височина од 6 до 10 м, со неколку фрагменти од фреските. Во поглед на архитектурата, тоа е трикорабна градба во форма на впишан крст, со голема централна купола и со четири помали кубиња. Во долните партии црквата е градена од блокови камен, додека во горните делови е применета традиционалната комбинација од наизменични редови камен и тула.

Во 1313 година српскиот владетел, крал Милутин, наредил црквата да се изгради повторно. Биле употребени цемент и тула со керамички декорации. Црквата претставува впишан крст со пет куполи и нартекс издвоен со столбови. Според натписот во внатрешноста, фрескоживописот бил завршен во 1317-1318 година. Прочуените средновековни зографи Михајло и Евтихиј ги оставиле своите потписи во црквата, како што направиле и во Св. Богородица Перивлепта во Охрид и во Св. Никита во Скопско.

Големиот број композиции се поделени во неколку зони. На северниот ѕид се портретите на крал Милутин и на кралицата Симонида. Исто така, тука се и портретите на св. Јоаким Осоговски и на св. Прохор Пчињски. За разлика од другите средновековни цркви, црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане има изѕидан иконостас, со столбови и со архитрав, а главните икони, св. Богородица Пелагонитиса и Свети Ѓорѓи се изведени во фрескоживопис. Ѕидното сликарст во во оваа црква е еден од најдобрите примери на палеологовскиот стил на византиската уметност во Македонија.

Крива Паланка е надалеку позната по манастирот св. Јоаким Осоговски. На падините од Осоговските Планини, недалеку од Крива Па ланка се наоѓа добро зачуваниот и вонредно изградениот манастир, посветен на македонскиот пустиножител св. Јоаким Осоговски.

Денешниот манастирски комплекс го сочинуваат двете манастирски цркви: помалата со

остатоци од XIV век, големата – соборна од XIX век, старите реставрирани конаци, понови станбени згради, стопански со амбари и сл., како и неколку други помошни згради за потребите на манастирските луѓе.

Уште во XI век кога живеел св. Јоаким Осоговски на местото на денешните цркви, по стоел манастир, но, од него нема сочувани никакви остатоци. Манастирот е познат во лите ратурата, а и во народното предание, како манастир Сарандопор, според месноста каде што е подигнат. Манастирот го основал Јоаким монахот, ученик на Иван Рилски кој живеел во XI / XII век.

Во житието на Јоаким Осоговски се вели дека во времето на византискиот император Манојло Комнен (1143-1180), некој свештеник Теофан од Овче Поле, откако се замонашил, го основал овој манастир и како прв негов игумен, изградил црква посветена на св. Јоаким Осоговски и по смртта на Јоакима ги погребал неговите мошти.

Во историските извори за првпат се споменува манастирот кога бугарскиот цар Калојан (1196-1207) го посетил манастирот, а во Карловачкиот летопис стои дека околу 1305 година, кралот Милутин изградил црква посветена на св. Јоаким, но може да биде и само нејзина обнова.

Исто така, се смета дека манастирската црква ја обновил К. Дејановиќ – Драгаш. Манастирот се споменува и во 1330 година пред битката кај Велбужд помеѓу бугарскиот цар Манојло Шишман и српскиот крал Стефан Дечански. Еден век подоцна, турскиот султан Мехмед II кога го напуштил Велбужд на пат за освојување на Босна го посетил манастирот св. Јоаким.

Во 1474 година поради слабата економска состојба неговите монаси отпатувале за Дубровник да бараат помош од тогаш богатата Дубровничка Република при што добиле 20 златни перпери.

Манастирските браќа со својот игумен Гервасиј и ќустендилскиот митрополит Висарион во 1585 година – кога манастирот го погодил земјотрес заминале за Москва да побараат материјална помош за негова обнова. Меѓутоа, во 1690 година Турците го разориле манастирот и скоро во целиот XVIII век тој бил испустен. Почнал да се обновува и да оживува дури кон средината на XIX  век. Во 1847 година почнала изградбата на големата соборна црква посветена на св. Јоаким Осоговски, а по иницијатива на Хаџи Стефан Бегликчијата како главен ктитор од Крива Паланка.

Изградбата на манастирската црква почнала во 1847, а била завршена во 1851 година, осветена и посветена на св. Јоаким Осоговски. Во изградбата на црквата учествувале еснафите од Крива Паланка, а исто така, и луѓето од околните села.Црквата има огромни димензии, со 12 куполи и отворени тремови на западната и јужната страна и спаѓа меѓу најимпозантните соборни цркви во Македонија, изградени за време на Преродбата во првите децении на 19 век.

Во манастирскиот двор се наоѓа и мала црквичка посветена на св. Богородица, изграденаво XIV век со остатоци од фрески, а обновена некаде во XVI-XVII  век, подоцна и во XIX век, а во најново време е извршена и целосна конзервација и рrеставрација.

Манастирскиот комплекс св. Јоаким Осоговски, почнувајќи од XII век, бил основно светилиште на неговиот култ, независно од црковните и политичките услови низ кои минувал овој крај.

 Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН