КОИ БЕА СЛОВЕНСКИТЕ (МАКЕДОНСКИТЕ) ПРОСВЕТИТЕЛИ И СВЕТИТЕЛИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ? (2)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ВО ЧЕСТ НА СВЕТИТЕ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА – АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН

Во врска со публикацијата „Во чест на светите Кирил и Методиј“ од авторите д-р Вера Стојчевска – Антиќ и Славе Николовски – Катин, рецензентот проф. д-р Радмила Угринова – Скаловска, напиша дека и покрај убавината на темата што ја пласира овој обемен ракопис, радува фактот што тој е посветен по повод чествувањата на Солунските браќа во последните педесет години 1944-1994.

Тоа значи редослед на нивното присуство во словенскиот свет, особено во Македонија, а е опфатено и чествувањето на Светите Браќа во Рим на „Деновите во чест на свети Кирил“ со учество на бројни поклоници, претставници, делегации, поединци, истакнати научни и јавни работници и др. кои посебно се занимаваат со нивното дело.

Од нашата средина изникна Охридската книжевна школа, основана од ученикот на Браќата – Свети Климент Охридски. Тој ја продолжи работата на сввети Кирил и Методиј и како резултат на тоа од Охридскиот центар ќе се рашири македонската книга, македонското слово и македонскиот збор ширум сите словенски средини, ширум Балканот и ширум сите културни народи во Европа. Од нашата средина се појавија луѓе чија големина и широчина и денес сите нас не напојува. Меѓу нив се нашите стари Учители – ветите Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски и многу други.

Архиепископот на Македонската православна црква г.г. Михаил, пак, во својата рецензија напиша дека подготвениот текст во делото „Во чест на светите Кирил и Методиј“, подготвениот текст им нуди и на сите заинтересирани читатели материјал за проследување на кирилометодиевската проблематика кај нас, негувана во образовните и научните институции, истовремено во црковните. Кирилометодиевскиот опус е значаен во нашата средина, од каде што знаменитиот филолог Кирил Солунски, ги зеде македонските дијалекти и ги вткаи во литературниот старословенски јазик, проширен и прифатен во сите словенски средини.

Со нивното христијанско и мисионерско дело се развиваат мошне значајни процеси, особено на историски и културен план. Откако беше оформено „Словото”, можеше да се чекори по културната европска врвица. Нивното дело го продолжуваат непосредно во Македонија нивните продолжувачи – светите Климент и Наум Охридски. Токму затоа, и замислата на авторите на овој труд, д-р Вера Стојчевска – Антиќ и Славе Николовски – Катин да ги приклучат кон кирилометодиевското дело и последните споменати Учители е наполно оправдана. Без нив кирилометолневскиот период би бил нецелосен.

Архиепископот г.г. Михаил исти така напиша декане можеме да ги одминеме, иако често цигираните мудри мисли од Светите Браќа изречени во Венеција во борбата со тријазичниците, на кои никако не им одговарала идејата за рамноправност на Божјите народи:„Човече, хажи ни кахо си им ги создал на Словените книгите и ги учиш од нив, што досега никој не измислил, ниту апостолите, ниту Римскиот папа, ниту Григориј Богослов, ниту Ероним, ниту Августии. А ние знаеме само три јазици на кои е достојно во книгите да се слави Бог – еврејскиот, елинскиот и латинскиот?”Филозофот на тоа одговорил:

„Не врне ли дожд од Бога еднакво врз сите? А Сонцето, не грее ли исто така за сите? Зарем не дишиме воздух сите еднакво? Па тогаш како не се срамите да признаете само три јазика, а сите други народи сакате да бидат слепи и глуви…”

Во публикацијата „Во чест на светите Кирил и Методиј“ се вели дека Солунските браќа се појавија на ветрометините од влијанијата меѓу Цариградската патријаршија и Папската столица во Рим, вкрстени над Балканот и Словените. Набргу нивнитепросветителски и светителски ореоли станаа симболи за дејноста на браќата Солунчани. Најраното вакво бележење чува Асемановото глаголско изборио евангелие од крајот на X или од почетокот на XI век, со провениенција од Охридската книжевна школа. За овој споменик важни се студиите на Блаже Конески, за култот и канонизацијата на словенските светци, на Владимир Мошин и други слависти.


Кирилометодиевската литература и библиографија доживува постојан растеж до денешни дни, иако браќата Кирил и Методиј се јавуваат на општествено-историската сцена на Словените во далечниот IX век, односно пред повеќе од единаесет векови.

Импозантната цифра на библиографски единици, собрани во делото на Г. А. Илинскиј и М. Г. Попруженко – „Опит систетическој Кирило-Методиевској библиографии”, до денес е толку зголемена, што и најновите библиографски податоци од среднните на сите словенски книжевности, не можат прецизно да ја заокружат нивната бројна состојба. Во секој случај сигурно е дека, и покрај ваквата ситуација воопшто во славистиката, постојано се јавуваат значајни студии или ракописи коишто го привлекуваат вниманието наистражувачите.
Епохалното дело на светите Кирили Методиј ги постави темелите на словенската култура воопшто, стана достоинство на словенската писменост, книжевност и култура, бидејќи резултатите од нивната дејност најдоаблагопријатна почва кај Словените. Нивната активност ќе отпочне по иницијативата на моравскиот кнез Ростислав, а ќе биде пресудна за растежот на сите Словени.


Солун



Барањето на моравскиот кнез упатено до византискиот император Михајло се состоело во истакнатата потреба од христијански мисионери коишто ќе умеат да го шират Христовиот збор на разбирлив словенски (старомакедонски) јазик. Византискиот император имал токму такви луѓе, испробани мисионери во Сараценската и Хазарската мисија.

Словенските првоучители и апостоли потекнувале од видна фамилија и нивните родители, таткото Лев и мајката Марија, живееле во средновековниот културен центар Солун. Таткото заземал висок чин на воен заповедник друнгариј (потстратег) и им овозможил на децата солидно образование. Во тој поглед посебно се истакнал младиот Кирил, кој откако ја завршил високата Магнаурска школа во Цариград, го добил називот Филозоф.

Љубовта кон книгата го следела Кирил од најмладите години, истакнуваат Панонските легенди, коишто се најважните извори за проследување на животниот пат на браќата. Иако досега книжевната историја не ги утврдила точните податоци за потеклото на нивните родители, познато е дека во Солун и неговата околина живееле македонски Словени, што значи дека тие имале можност добро да го научат словенскиот (старомакедонскиот) јазик.

Кирил, по завршувањето на високата школа каде што ги совладал: граматиката, поезијата, геометријата, дијалектиката, филозофијата, реториката, итн. ги добил сите почесни титули и станал библиотекар во цариградската црква „Света Софнја”. На 24-годишна возраст бил испратен од византискиот двор да ја изведе верско-дипломатската мисија кај Сарацените, (851-855). Втората мисија на двајцата браќа била Хазарската (860-861). Третата, Моравската мисија, ја започнале во 86З година.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН