МАНАСТИРОТ „СВЕТА МАЛА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА, ПРЕСА (7)

ПРЕСПА ВО ДЕЛАТА НА СЛАВЕ КАТИН

Славата и честа на Пресветата Дева Марија во Македонја се големи. Слично како во целиот христијански свет, култот на Светата Марија особено се негува во Преспанскиот регион. Култот е претставен во македонската средновековната литература, во традициите и фолклорот. Историајта на уметноста има важна улога во културните достигнувања, а некои од македонските икони и фрески се вклучени во светското наследство.

Инаку, Според верувањата на христијаните Богородица била мајка на Исус Христос и сопруга на Јосиф. Марија е позната ѝ како Дева Марија, Светата Мајка, Мадона, Блажена Марија. Во православието и католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени.

Бидејќи манастирот „Света Мала Богородица“ изобилува со богати фрески, икони, резби, архитектура, интересни случувања и друго, во последните години тој е предизвик за бројни научници, патеписци и други заинтересирани кои посветуваат големо внимание на науката, литературата и воопшто на црковното и културното живеење на Долна Преспа и пошироко на Македонија.

Затоа и монографијата „Ореолот на Дева Марија и Света Богородица Слимничка во Преспа” чиј автори се д-р Вера Стојчевска-Антиќ и публицистот Славе Николовски-Катин е посветена на дел од вистината за Дева Марија. Книгата е содржински богата во однос на култот на Дева Марија проследен со текстови од многу книги посветени на нејзиниот живот. Оваа значајна и по многу нешта единствено дело е исто така посветено на Пресветата Дева Марија и на Слимничкиот манастир изграден во 1607 година, кој одбележува 410 години од своето постоење.

Во воведот се вели дека книгата претставува обид да се осветли култот, славата и честа на Мајката на Исус Христос во светот и во Македонија, особено во манастирот Св. Богородица Слимничка во селото Сливница во Преспа. Таа го претставува нејзиниот лик кој е интензивно насликан на бројни икони и фрески во македонските цркви и манастири, како и пишани текстови поврзани со неа во бројни староцрковни книги.

1ulus44

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во сливница

Во целиот свет доминараат светилишта посветени на Дева Марија кои го величат нејзиниот култ. Меѓу нив се црквите „Света Катерина Лабур“ во Париз, „Света Фатима“ во Португалија, „Света Гарабандал“ во Шпанија и други. Слични визии се забележани и во манастирот „Св. Богородица Слимничка“ од страна на локалното население во селото Сливница.

Монографијата „Ореолот на Дева Марија и Св. Богородица Слимничка во Преспа” на Проф. д-р. Вера Стојчевска-Антиќ и Славе Николовски-Катин е издание на Книгоиздателството „Македонска искра” од Скопје, 2007, 1-164. Тоа е публицистичко дело за манастирот и за Преспа како целина, а првпат беше промовирано на Велигден во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Ресен на 10 април 2007 година.

Во книгата е даден хронолошкиот развој на култут на Божјата Мајка почнувајќи од нејзиното раѓање па сé до денес. Овој дел го прикажува животниот пат на Пресветата Дева марија преку евангелија и текстови од Новиот Завет, какои преку делата на уметници и анонимни автори, преку легенди и митови, преку апокрифи. Посебен дел е посветен на македонските народни песни во кои Светата Дева Марија се величи, а прикажан е и список на цркви во Република Македонија кои го носат името на Пресветата Божја Мајка.

Во воведот се вели дека делот насловен „Текстови за Пресветата Дева” ја прикажува хронологијата на нејзиното раѓање, како и на сето тоа што претходело и следело. Прикажани се најважните датуми во христијанстово, како 8 септември – нејзиното раѓање; 21 ноември – нејзиново воведување во Храмот; 25 март – Благовестие; 25 декември – раѓањето на Исус Христос и 15 август – нејзиното Успение.

Исто така, апокрифни текстови посветени на голготата на Пресветата Марија, дел од средновековната религиозна поезија и неколку молитви се дадени во овој дел. Книгата исто така нуди и приказ на македонското народно творештво посветено на Пресветата Мајка на Исус Христа, односно текстови од македонски збирки на стари народни песни и обичаи, од фолклорното богатство и убавините на Македонија преку легенци и митови.

Бидејќи Сливничкито манастир се наоѓа во Преспа, авторите В.Антиќ и С. Катин даваат живописен опис на овој регион, нагласувајќи го неговото значење за црковните активности на Македонија во минатото, како и денес. Читателите ќе се запознаат со Преспа како главен град на македонјското царство на Цар Самуил; потоа со Препа како место на кое се формирала првата Македонска архиепископија; со Преспа како регион во кој многу Илинденци биле организирани, а чиј дух бил присутен и во текот на НОБ. Исто така, се прикажани бројни патеписи за Преспанскиот регион, за Република Македонија, Грција и за Албанија.

Посебен дел во книгата е посветен на селото Сливница и на величенствениот манастир Пресвета Богородица Слимничка. Живописниот опис на ова село, со своите пет цркви и манастари, едноставно го одзема здивот. Како Слимничкиот манастир да оживува и ги поканува ненајавените и добронамерните гости да го посетат. Делот што изобилува со легенди и митови само го потврдува значењето и важноста на култот на Пресветата Дева Марија во Македонија бидејќи таа е сакана и величена – и поради тоа е видена, а нејзините дела почувствувани. Дадени се искажувања и описи на локалните жители кои лично го доживеале присуството на Пресветата Марија како потврда на она што е горе наведено

Сливница, како и други македонски села, името му го должи на овошјето. Така, етимологијата на името Сливница потекнува од зборот – слива. Старите жители на селото раскажуваат дека на ова место некогаш имало многу сливи од разни сорти од кои селаните вареле многу вкусна ракија – сливовица. Исто така, Сливница е прочуено и по добриот асортиман на грозје, но сливите порано доминирале и така, поради многуте насади од сливи, луѓето населбата ја нарекле Сливница.

Кога ќе се пристигне во Долна Преспа, прво село е Сливница. Тоа е лоцирано на падините на ридот кој се извишува над источниот брег на Преспанското Езеро, на територијата на Општина Ресен. Сливница е ридско село, кое се издига на надморска височина над 900 метри, чиј атар високо се издига од езерото и се граничи со сртот на планината Баба, зафаќајќи простор од околу 10 километри квадратни.

Во Сливница живее исклучително македонско население. Населбата е малечка, но заедно со викенд населбата на атарот на Сливница и Претор е една од најголемите и најзначајните туристички населби на Преспанското Езеро. За жал, многу од нејзините жители се иселиле во Австралија, Америка, Канада, по европските земји, како и низ градовите на Македонија, така што бројноста на населението постепено се намалува. Но, иселениците одвреме-навреме, особено во летниот период, си го посетуваат селото, кое е привлечно за живеење и одмор.

Селото Сливница е едно од постарите и попознатите села во Преспа, со долга и вековна историска традиција на постоење. Во доцниот среден век на крајот на XVI и почетокот на XVII век во 1607 година над селото бил изграден познатиот Сливничкиот манастир посветен на Пресвета Богородица.

Продолжува

 Пишува: СЛАВЕ КАТИН