Пратеникот Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, се сретна со германскиот европратеник Кнут Фленкештајн.
Груби и Фленкенштајн дискутираа за ситуацијата во Македонија и европската перспектива на земјата и регионот.
Пратеникот Груби го запозна европратеникот Фленкенштајн со реализацијата на обврските на земјата, како што се законот за заштитен сведок, верификација на фактите, судскиот совет, изборот на Јавен обвинител и др.
За Македонија многу е потребна поддршката од европратениците, не само во европските институции, туку и во нивните матични земји, членки на ЕУ, побарал Груби на средбата со германскиот европратеник.
Груби го поканил соговорникот во февруари да допатува во Скопје на Конференцијата на Комисиите за Европски прашања на Парламентите на земјите од регионот.