Различни ставови за ЕУ и дипломатијата на седумтемина кандидати за Вила Водно

Во однос на евроинтегративниот пат на државава, дипломатијата, дали можеше да се испреговара подобра Преговарачка рамка, седумтемина кандидати за Вила Водно во предизборната дебата на Националниот сервис изразија различни ставови. За едни нема друга алтернатива освен ЕУ, особено во новиот геополитички контекст, за други на Европската Унија не и сме битни.

Кандидатот поддржан од СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски во однос на тоа како го толкува внесувањето на Бугарите во нашиот систем, рече дека потребни се уставни измени за да продолжиме во ЕУ.

-Јасно е дека ако влеземе во уставни промени ова што го заговараме некои од нас во однос на тоа дека Бугарите треба да ги ставиме во устав заедно со други пет делови од народи, значи ако се отвора уставот, не би требало да се отвора секој понеделник, ако го отвораме можеме да го промениме и делот на овие 20 отсто, се разбира и во делот на од суспензивно во апсолутно вето. Значи, немам дилеми околу тоа. Не велам дека само за апсолутно суспензивно треба да се менува устав, меѓутоа ако веќе го отвораме за ова што ни е главна пречка кон ЕУ треба да го направиме тоа. Инаку, вложив две вета, не едно. Првото е за диви градби на оваа коалиција која ме предложи и најавив две други кои не дојдоа до мене бидејќи знаеа дека ќе ставам вето и на тие. Јас сум човек претседател кој дал најмногу вета во историјата на Македонија, посочи Пендаровски.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател Гордана Силјановска Давкова вели дека требаше национален консензус за Преговарачката рамка.

– Јас не го перцепирав како земи или остави. Апсолутно така не е. Од што се водам јас? Се водам од националниот и државниот интерес. Не смеело да се оди во Брисел без да се постигне консензус. Информацијата за Преговарачката рамка од Османи е апсолутно нешто непознато. Очекував да се одбие, да опстои претседателот на одбивањето на Преговарачката рамка и да се повика на националните и државните интереси. Ова не е завршена работа и мислам дека треба да се преобмисли, оцени Силјановска Давкова.

Во предизборното соочување на Националниот сервис, седумтемина претседателски кандидати ја претставија својата визија и програма, со која сите ветуваат подобра државата, спречување на корупци

Претседателскиот кандидат на ГРОМ и „Храбро за Македонија“ Стевчо Јакимовски смета дека ние не сме и битни на Европската Унија. 

-Колку тие ни се битни нам, толку и и ние им сме битни. Од тие причини и ние исто така треба да поставуваме услови. Крајно дегутантно е да се однесуваме сервилни. Република Макеоднија во услови кога имаме земи или остави, тие однапред знаат – земи, ние не сме рекле остави, смета Јакимовски.

За кандидатот на ДУИ и Европскиот фронт Бујар Османи, овој прозорец на можности не смее да се пропушти.

-Често се кажува дека членството во ЕУ колку е меритократски е и геополитички. Сега вратата е отворена пак заради војната во Украина и ги чекаат земјите коишто ги исполнуваат условите за да влезат. После ова пак ќе се затворат вратите. Сега ни е шансата и затоа сметам дека е време за постигнување на државен консензус, вели Османи.

За кандидатката на Левица Билјана Ванковска, „главната алтернатива е дека ЕУ за која овде зборуваме е бајка, а таа е сијамски близнак со НАТО“.

-НАТО е во проксивојна во Украина така што целава работа не е онаа за која ние зборуваме и за која јас сум предавала. Во новиот мандат на претседателот светот ќе се промени. Тука мислам дека треба да се ослободиме од илузиите – бугарскиот договор кој најлесно се раскинува и Преспанскиот за кој треба малку повеќе време, оцени Ванковска.

За кандидатот на Коалицијата Вреди Арбен Таравари, треба да побараме гаранции од Европската Унија.

-Се согласувам дека Договорот со Бугарија не беше транспарентен и инклузивен. Ова е состојбата во која што е и ние мораме да побараме некаква гаранција од ЕУ. Да гарантира дека ова последниот Устав. Прва причина за тоа е што расте евроскептицизмот, истакна Таравари.

Кандидатот Максим Димитриевски од ЗНАМ истакна дека Брисел кажа дека е тешко да се промени Преговарачката рамка, но оти не е и невозможно.

– Случајот со Србија и Црна Гора тоа го потврдува. Референдумот за Преспанскиот договор беше за НАТО и ЕУ, денеска ја немаме ЕУ. Денеска е чиста хипокризија да слушаме од тие што се на власт сега – ние денеска сме под Косово. Затоа сметам дека граѓаните на Македонија треба свесно и одлучно на 24 април да излезат и да расчистат со претходните што не доведоа до овде, истакна Димитриевски.

-Немам никави забелешки по однос на другите одредби од законот. Ретроактивното важење на законот за мене е проблематично. Република Бугарија почнува една сериозна кампања во меѓународните инс

Во однос на професионалната дипломатија, кандидатите за претседател ги спротивставија ставовите.

За Јакимовски, оние коишто се најискусни, со најдолга кариера треба да бидат диполомати во Советот за безбедност. Економските да бидат во земји со кои имаме најголеми врски, значи според квалитет, а не партиски и според силата и значењето на земјите во светот.

Османи кажа дека во неговиот мандат успеал првпат дипломатската мрежа да биде целосно покриена.

– Ова е многу навредливо прашање. Кажувате ако има од етничките заедници нема да има квалитет во претставувањето на земјата. Успеав во мојот мандат првпат дипломатската мрежа да е покриена целосно. Последната тура се директори на директоратите во МНР и не дозволив политички притисоци – има и Македонци, Албанци, Турци,…оцени Османи.

За Ванковска – мала држава не значи вазалство дипломатија.

-Дефиницијата од мојата програма е рак рана, заслужни се Османи и Пендаровски. Мала држава не е вазалство дипломатија. Ние го земавме водењето на дипломатија во тип на вазалство. Нам ни треба вистинска дипломатска академија со покривање на различните подрачја во светот, рече Ванковска.

Таравари смета дека во дипломатијата ни треба пред се професионалност и мерит систем.

-Ни се случи две години во САД да останеме без амбасадор, ни се случи Теута од Брисел да ја вратат, Фрчковски да го вратат. Ова е скандалозно. 75 проценти од дипломатите треба да се професионалци. Нас ни треба професионална дипломатија, оцени тој.

Димитриевски смета дека дипломатијата е ставена на колена, и оти, според него, сега имаме бизнис или политичка дипломатија.

Пендаровски кажа дека надлежностите во надворешната политика се споделени меѓу претседателот и Владата.

-Ако не добијам предлог од Владата не можам да го вратам. Зошто немаме пополнето на многу места е Комисијата каде Милошоски е шеф на Комисијата за надворешна политика во Собранието, рече Пендаровски и истакна дека за ниту еден дипломат што тој го предложил не бил вратен предлогот од страна на земјата или организацијата, каде што се упатува.

Силјановска-Давкова смета дека по светот „имаме скандал мајстори дипломати“. 

-Имаме луѓе пред Комисијата кои не знае зошто одат и каде одат. Мислам дека на ова треба да се стави крај. Претседателот може да укаже дека нема да прати амбасадор на предлог на МНР ако смета дека не е добар, нагласи Силјановска-Давкова.