ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ (26)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Интересот на Атанас Близнаков кон пишувањето се разбудил уште во времето кога се зачленил во МАНС. Тој во својата куќа во САД читал бројни и различни весници, списанија и друга интресна литература, особено онаа која се однесувала на прогресивните дејства кај славјанските народи, со посебна нагласка на пишаните материјали за и околу Советскиот Сојуз

Така, всушност, и започнала неговата активност да се занимава и со пишување во слободното време. Во почетокот се обидувал да состави скромни говори за некои негови настапи пред членовите на МАНС, а потоа се појавил со неколку куси текстови во весниците ,,Народна волја” и ,,Народен глас”, кои се печателе во тоа време на бугарски јазик, а биле гласила на Македонците и на Бугарите во САД. Всушност, во тие гласила тој ги правел првите чекори во пишувањето, со што му се родила љубовта се’ повеќе да чита, му се родила желба да се запознае со историското минато и со судбината на македонскиот народ.

Таквата силна љубов кон својот народ го натерала активно са ја следи антифашистичката борба кај сите славјански народи, особено на Балканот, за подоцна, по Втората светска војна и тој заедно со големиот број иселеници кои живееле во САД, да ја сподели радоста и чувството на слободата со својот македонски народ. Тоа уште повеќе помогнало неговото перо да стане активно и да се заинтересира за се’ што се случувало во периодот на создавањето на Народна Република Македонија. Тој поактивно пишувал особено по неговото прво доаѓање во Македонија 1958 година.

Во периодот од 1958 до 1976 година, кога брачната двојка Близнакови се врати во Македонија, Атанас Близнаков собрал голем број материјали, за дејностите на македонските иселеници, за историската, културната и духовната сфера, со посебна нагласка на својот роден крај и на Егејска Македонија.

Во периодот пред конечното доаѓање во Скопје, Атанас се јавил со неколку текстови во весникот „Нова Македонија”, а особено во списанието ,,Македонија”, орган на Матицата на иселениците од Македонија, кое постојано го читал и за кое во една пригода рече дека тоа нему му ги отворило очите и му служело како буквар за учење на литературниот македонски јазик.

Атанас Близнаков ѝ припаѓал на постарата генерација македонски иселеници во Северна Америка, конкретно во градот Гери, Индијана. Акктивен учесник бил, речиси, во сите политички и национални движења на македонската и на балканската прогресивна емиграција во овој американски регион и поборник за афирмација на македонската стварност во Америка. Чест гостин бил и на страниците на списанието „Македонија” каде што објавувал статии за политичките определби на Македонците во САД и во Канада.

Тоа го правел бидејќи уште од тогаш постоеле различни политички убедувања и гледишта сред македонската емиграција во Америка и Канада. А неговата желба била да фрли малку светлина врз таа положба и мислел дека ќе биде од полза особено за младите Македонци, кои малку знаеле за минатото на Македонците во Америка.

Се чини списанието „Македонија” кај него имало силно влијание. Преку своите писма и интересни текстови за животот и активности на Македонците во Гери и пошироко  ја изразувал љубовта и почитта кон својот македонски народ и кон својата дедовска земја Македонија. Тоа и го поттикнало да размислува и да ја формира својата фондација, со цел на таков начин да се оддолжи кон својот народ со кој беше близок.

Прелистувајќи го списанието ,,Македонија” од самиот почеток, во период од триесетина години, тој се јавил со голем број текстови, кои се однесуваат на значајни активности и воопшто за животот на иселениците, за македонските организации, за црквата, за друштвата, асоцијациите и за поединци од Гери и пошироко.

Меѓутоа, неговата активност на полето на пишаниот збор, особено во публицистиката е изразена во период од петнаесеттина години од формирањето на Фондацијата „Атанас Близнаков”. Во тие години, Атанас како да доби крилја и со силен елан и волја ги водеше финансиите, акциите и целокупниот капитал на Фондацијата, а во исто време започна активно да собира и да обработува материјали кои се однесуваат за Егејска Македонија, особено за неговиот роден крај, селото Д’мбени.

Така и започна со пишување на монографијата за село Д’мбени, за кое во исто време одредена група д’мбенци подготвувала слична монографија за селото и која излезе од печат подоцна во 1996 година. Меѓутоа, Атанас Близнаков не се поколеба поради некои неосновани обвинувања во врска со монографијата и продолжи да работи на своето капитално дело, кое е високо оценето од бројни стручњаци за оваа област.


Понтиак, центарот на МАНС

Во оваа пригода треба да се нагласи дека во поттикнувањето и подготвувањето на материјалите за неговите две публикации, како и во пишувањето на машина, јазична редакција и друго, големи заслуги имаат вработените во матицата на иселениците од Македонија, потоа одреден број луѓе од Институтот за национална историја, Ректоратот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, Македонскат академија на науките и уметностите, Институтот за македонски јазик, Ахивот на Македонија, Архиепископијата на Македонската православна црква, Републичката комисија за односи со верските заедници и други институти и институции на Република Македонија, за кои Атанас Близнаков зборуваше со голема почит и љубов.

Затоа, нека горните редови бидат израз на благодарност кон сите оние кои ја почитуваат личноста и делото на Атанас Близнаков. А тој тоа не го забораваше и често велеше дека во неговиот живот, а особено во неговите активности, како на полето на бизнисот така и во организациона смисла на Фондацијата, покрај неговиот сопатник сопругата Славка, му помогнале бројни честити, правдољубиви и добронамерни Македонци, од сите делови на Македонија.

Атанас Близнаков со задоволство зборуваше и се сеќаваше на селото Д’мбени и притоа велеше дека родниот крај има магична сила која човека го држи поврзан за него цел живот, без разлика каде живее. Таа сила и него го спои со родното село, за кое голем дел од животот посветил за собирање материјали, с# со цел да го претстави во најдобра светлина и селото Д’мбени, и костурскиот крај и цела Егејска Македонија.

Затоа и се зафати да напише книга за родниот крај, која ја наслови „Д’мбени и револуционерното минато на Костурско”. Ова значајно и по многу нешта карактеристично дело претставува значаен прилог кон македонската книжнина за расветлувањето на вистината на селото Д’мбени, на костурскиот крај и на егејскиот дел од Македонија.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН