Според зборовите на министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, со реконструкцијата на училиштето „Димитар Блахов“ во Љубојно, Преспа, во „Центар за македонски јазик“ , до крајот на 2025 година, се исполни аманетот на претците во овој убав долнопреспански крај. За реконструкција и за негова комплетна адаптација од буџетот на Министерството за култура во 2024 и во 2025 година ќе бидат издвоени 32,8 милиони денари (околу 520.000 евра).
Се верува дека 18 март 2024 година ќе се забележи со златни букви за генерациите кои ги поставија основите на своето образованија во училиштето „Димитар Влахов“, каде на 15 ноември 1945 година е одржан првиот час на македонски јазик во Преспа, а втор во Македонија по оној во Подвис, Кичевско, Денес е денот кога дефинитивно се официјализира издавањето на градежна дозвола за реконструкција и адаптација на старото училиште „Димитар Валхов“ во Љубојно, во Долна Преспа во „Центар за македонски јазик“.
Инаку, по ослободувањето на Македонија од фашистичката чизма, во Љубојно се отвори училиште во кое се одржал првиот час на македонски јазик во Преспа. Тоа е второ училиште во Македонија, по она во кичевското село Подвис, каде се држела настава на мајчин јазик. Денес, 80 години подоцна и ова училиште стои распаднато, обраснато со треви и непознато за пошироката јавност и покрај тоа што тоа беше гордост на плеада интелектуалци кои го започнаа своето школување на мајчин македонски јазик.
Затоа треба да се спомене дека од Љубојно потекнуваат околу 150 академски граѓани, од кои околу 50 се лекари, потоа има голем број професори, правници, инженери, писатели, новинари, агрономи, културолози и со други професии, меѓу кои и авторот на овој текст, Славе Катин. Затоа, често се вели дека Љубојно е расадник на интелектуалци.
Има голем број љубанци кои заради своите постигнувања на национално и општествено поле, потоа во политиката, образованието, науката, дипломатијата, културата, публицистиката, спортот и други гранки имаат пошироки општествени и други заслуги.
Сите тие своето образование го добиле во старото училиште „Димитар Влахов“.
Во летописната книга на училиштето „Димитар Влахов“ од Љубојно се вели дека со доброволна работа на селаните во 1907 година, изградено е новото и просторно училиште. Тоа било на два ката со 8 училници, канцеларија и два ходника, во дворот на старото училиште, а во близина на центарот на селото. Првата настава во новото училиште започнала во 1908 година, а за први учители биле назначени: Климе, Каролина и Лена, сите Македонци по потекло од Охрид
Денес, училиштето „Димитар Влахов“ е разрушено, а зачуван е само дел од надворешните ѕидови, Затоа, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната средба рече:
„Го исполнивме аманетот на нашите предци – до крајот на 2025 година, ќе имаме нов Центар за македонски јазик во Љубојно. Во изминатиот период, надлежната установа Завод и музеј Битола, со стручните тимови и со сите вклучени во процесот, со висока професионалност ги исполни многубројните неопходни чекори за остварување на визијата за еден модерен Центар за промоција на Љубојно, на Преспа, на македонскиот јазик, култура, на нашиот идентитет. Изработувани се сите потребни стручни елаборати и проекти, за да ја добиеме градежната дозвола и градбата да може да започне“,
.
Директорката на Институтот за македонски јазик, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска додаде: „Очекувам возобновениот Центар за промоција на македонскиот јазик да e место кое ќе го посетуваат младите луѓе од дијаспората, кои ќе го изучуваат македонскиот јазик. Но, очекувам овој центар да изврши голема улога и во зајакнување на билатералните и трилатералните односи со соседните држави, Албанија и Грција, да биде мост кој ќе ги обединува овие три држави“.
Затоа, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Елена Јованова-Грујовска, и Елизабета Бандиловска, член на Советот за македонски јазик, денеска во Љубојно направија увид во започнатата реконструкција и адаптација на старото училиште „Димитар Влахов“ во „Центар за промоција на македонскиот јазик“.
„Владата, Министерството за култура и Заводот и музеј од Битола со сето срце и одговорност се заложија објектот со имотен лист број 55 да заживее во чест на македонските дејци и на сите просветни работници, како и во чест на оние на кои споменот на школските денови во старото училиште е повеќе од спомен. ’Центарот за македонски јазик‘ ќе биде наш заеднички паметник за кој до крајот на наредната, 2025 година, со задоволство ќе речеме – аманетот го исполнивме“, рече Костадиновска-Стојчевска.
Министерката за култура рече дека секогаш со радост му се враќаме на Љубојно, на ова македонско образовно светилиште, кај темелите на нашето описменување на мајчин, македонски јазик.
„Како генерација го исполнуваме долгот за зачувување и на архитектонското наследство што како вредност го има ова старо училиште во историјата на македонската уметност, како и долгот кон просветителската и општествената улога што ја има училиштето за едукација на македонскиот народ“, истакна таа.
Додаде дека во изминатиот период, надлежната установа Завод и музеј – Битола, со стручните тимови и со сите вклучени во процесот, со висока професионалност ги исполни многубројните неопходни чекори за остварување на визијата за еден модерен Центар за промоција на Љубојно, на Преспа, на македонскиот јазик, култура, на нашиот идентитет.
„Овој благороден и исклучителен проект“, рече министерката за култура, „го започнавме со прогласување на селото Љубојно за заштитена споменична целина, по што беа изработувани сите потребни стручни елаборати и проекти, за да ја добиеме градежната дозвола и градбата да може да започне.“
Костадиновска-Стојчевска потенцираше дека со изградбата на „Центарот за промоција на македонскиот јазик“, ја искажуваме почитта кон сите учители и ученици кои на ова место се образовале уште кон крајот на 19 и почетокот на 20 век.
Директорката на Институтот за македонски јазик, Елена Јованова-Грујовска, потсети дека тие веќе одржаа настан во дворот на училиштето, на отворањето на „25. денови на Благоја Корубин“, и додаде: „Очекувам возобновениот ’Центар за промоција на македонскиот јазик‘ да e место кое ќе го посетуваат младите луѓе од дијаспората, кои ќе го изучуваат македонскиот јазик. Но, очекувам овој центар да изврши голема улога и во зајакнување на билатералните и трилатералните односи со соседните држави, Албанија и Грција, да биде мост кој ќе ги обединува овие три држави“.
За реконструкција на старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно и за негова комплетна адаптација од буџетот на Министерството за култура во 2024 и во 2025 година ќе бидат издвоени 32,8 милиони денари (околу 520.000 евра).
Пишува: СЛАВЕ КАТИН