СПЕЦИФИЧНОСТА НА МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Георги (Џорџ) Томов, а во превод на авторот на овие редови Славе Катин, во американското списание “Вилтис”, “Надеж”, од Денвер, Колорадо, списание за фолклор и народни игри, го објави и следниот текст во кој, меѓу другото се вели дека општо речено, македонското народно оро е оро на нерви и на сите делови на телото

 Движењата се намалуваат на местото, сообразени со вековниот стил и емотивното изразувања. Непрекинато, најпопуларни ора во Македонија и натаму остануваат правото, лесното, за рамо, и др. кои се ритмички идентични, но кореографски различно поставени со изобилство на фигури кои сеуште се развиваат.

Придружбата на овие ора е успешно компонирана и станале народни ора кои го величаат секојдневниот живот на човекот. Тешко е да се поверува дека постои човек во Македонија кој не знае да игра барем едно од овие познати ора.

Како и во развојот на останатата словенска литература, поезијата е таа што прва се појавила во земјата. Народните стихови изобилуваат со чувства и лирски квалитет. Основната карактеристика рефлектира едноставност и природност базирани врз шаренилото на секојдневните аспекти од човековиот живот.

Симболот на човекот е евидентен во македонските народни песни. Тие изразуваат љубов кон татковината, го изразуваат типичниот јужен темперамент кој изобилува со љубов и нејзините истовремени болки, радости и разделби. Овие народни мелодии го симболизираат животот на Македонците и навлегуваат во нивните души. Сето ова поетски се искажажува во хармониската поврзаност помеѓу зборовите и музиката.

Народните мелодии во македонското народно оро опфаќаат цела скала на тонска разновидностт. Некои песни имаат само една мелодија, други имаат десетина испреплетени мотиви. Може да звучи чудно да се каже “само една мелодија”.  Површно, тоа може да звучи така, но всушност тоа е една основна водечка мелодија пригодно украсена со раскошни девијации.

Оттука, она што најпрво предизвикува впечаток дека е едноставно, набрзо ја менува формата и карактерот и станува сосема сложено. Овие архаични песни попримаат восхитувачка сложеност во својата убавина.

Истиот вид на конструкција песни во посложени песни од три мелодии може да се најде во баладите од историско потекло. Според професорот Ј.Славенски, овие видови мелодии навистина се древни, многу од нив предхристијански и тие ги рефлектираат трагите на архаичните песни карактеристични за балканската музика.

Од друга страна, пак, овие мелодии, спротивно на своите тоналитети, се реминисценција, односно потсетуваат на песните кои дури и денес може да се слушнат во полињата во текот на жетвата на пченицата кои преовладуваат во источните делови на Македонија почнувајќи од Овче Поле.

Според Георги (Џорџ) Томов освен овие песни, кои се реткост во Македонија, може да се слушнат мелодии кои ги карактеризира полн основен тон со регистрирана впечатлива класично убава украсеност. Тешко е тие да се претворат во еден систем на тонови. Постојат уреди кои укажуваат на тонови со помалку од половина тон регистрирани со специјална звучна опрема.

Многу е тешко да се репродуцира една типична народна песна со каков било специфичен музички инструмент сообразен на штимањето, на пр. модерно, современо пијано. Токму тоа е причината што народните инструменти никогаш не се сообразуваат со темпераментот, не се штимаат.

Втора основна карактеристика на овој музички мотив лежи во специфичниот народен ритам, во неговото оригинално темпо. Овој ритам претставува главен проблем при опишување на овие песни со модерна музичка анотација. Честопати се вели дека ритамот е неправилен и се смета дека е типичен старобалкански ритам.

Едно нешто е сигурно: за класично образован музичар кој е навикнат на класичното темпо од 2/4, 3/4, 4/4, 6/8, итн., темпото од 5/4, 7/8 или 9/16 или 8/8 со внатрешна поделба на (?од) 3, 2, 3 или 12/16 со внатрешни поделби на (од?) 3, 2, 3, 4, 4, итн., изгледа неправилно.

1slb11

Македончиња играорци

Тука, треба да се спомене дека несомнено македонските народни мотиви се под влијание на Западот. Ова е од понов датум и најверојатно доаѓа истовремено со влијанието на урбаната култура во Македонија. Постои видна разлика помеѓу тоа како се развиваат таканаречените градски песни и песните од селото. Дистинкцијата помеѓу овие два вида песни е фрапантна и лесно забележлива.

Градските песни се од понов датум и самите текстови тоа му го сугерираат на слушателот. Песните се под влијание на западната музика. Токму затоа тие се многу популарни на Запад. Тие може да се репродуцираат со омилена комбинација или во трио или во секстет.

Од друга страна, пак, таканаречените селски или народни песни се сосема различни од гледна точка на видот, тоналитетот и изборот на мелодии кои поседуваат многу повеќе нијанси, оригиналност и звуци, а сите се карактеризираат со неопиплива убавина и се ‘зачинети’ со дарежливата помош од украсување. Селските песни се од многу стари композиции, често поврзани за одредени региони или некои историски или општествени настани во времето кога биле создадени.

Не така често, може да се слушне очигледно искривен коментар усмерен кон ориенталните влијанија во одредени мотиви што ги има во македонските песни. Без сомнение, во некои кратки песни, создадени во рамките на ориентален образец, може да се најдат трагови од такви ориентални влијанија, но само познавач на селските песни истите може да ги препознае.

Долго време, македонскиот народ останал под владеење на Отоманската империја, но ова не значи дека живееле во тесни односи со Турците. Турците биле екстремно малцинство, иако доволно моќни да наметнат власт над законските и религиозните аспекти на Македонија.

На тој начин, тие биле владејачко малцинство, додека Македонциите останале обични луѓе, таканаречени “раја”. И до ден денес, секојдневното народно пеење во ориентален стил, на пример во цркви, сеуште провејува при слушање на песните од источно-византиски вид.

Според Томов, со исклучок на двостраното присуство на ориенталиот вид пеење (од две страни), македонските песни останале многу повеќе автентични отколку што може да се очекува. Интересно е да се забележи како еден Македонец, кога ќе слуште турска песна, истата  ја споредува со “Изе Херувим” или слична. Тоа само покажува дека секој поединец има свои сопствени чувства за источното, ореинталното, но како туѓа музичка манифестација.

Може да се наведе дека многу српски и бугарски, албански, па дури и турски народни песни од поново време, рефлектираат едно влијание на македонските мелодии бидејќи тие се раскошни, динамични и лесно “сфатливи” Факт е дека македонската песна е популарна не само во границите на Македонија, туку се стекнала и со светска популарност, се вели во текстот.

Продолжува

 Пишува СЛАВЕ КАТИН