Ковачевски: По победата на 8 мај за четири години ќе ги завршиме преговорите со ЕУ 

Претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски зеде учество на инфо сесија „ЕУ за младите – за знаења, вештини и добро платена работа“ заедно со заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања и секретар за меѓународна соработка во СДСМ Бојан Маричиќ и со Марко Ѓорѓиевски од Националната агенција за европски образовни програми и Марко Михаилоски од Социјал демократската младина на Македонија.


Ковачевски во своето обраќање до младите истакна дека „пред нас имаме избори на кои ќе се одлучува за исклучително важно стратешко прашање за државата, а тоа е дали ќе продолжиме на патот на европските интеграции или ќе се вратиме назад како што беше од 2006 до 2016 година“.


Тоа е особено важно за младите, рече Ковачевски, затоа што европскиот пат им отвора перспективи и програми, каква што е Еразмус+ програмата кои не смееме да бидат загрозени.


„Зошто Еразмус програмата е важна? Таа е важна од најмалку два аспекти, првата е финансиска меѓутоа по мене уште поважна е мобилноста за студентите и можноста да посетуваат настава, да одат на универзитети и на училишта надвор од нашата држава. Од друга страна можноста можноста од други држави да дојдат студенти и да се запознаат со нашето образование, нашата култура, со нашата земја, тоа е исто така многу важно бидејќи процесот на ЕУ го зајакнува нашиот идентите, нашата култура и нашиот македонски јазик го зацврстува во рамки на еврипскиот мозаик на јазици, култури и европски идентитет“, посочи Ковачевски.


Тој потенцираше дека СДСМ има многу јасен план за остварување на целта членство во ЕУ и дека со новата Влада, по победата на парламентарните избори на 8-ми мај ќе се забрза процесот на зачленување со донесување на потребните одлуки.


„Четири години се сосема доволни за завршување на преговарачкиот процес бидејќи покажавме дека во година и пол можеме да завршиме успешно скрининг процес за што комплименти давам на сите што беа вклучени на чело со Бојан и потоа за уште две години да се заврши процесот на ратификација и СМ да стане земја членка на ЕУ. Значи нема откажува од европската иднина на Македонија, јас ве поттикнувам сите вас млади кои сте тука присутни меѓутоа и сите оние кои што не следат по пат на социјалните медиуми да не се откажуваат од својата европска иднина“, им порача на младите Ковачевски.