До ДИК досега 1 300 електронски пријави од дијаспората за гласање на изборите

До Државната изборна комисија (ДИК) до денеска пристигнале 1 300 електронски пријави за регистрација на гласачи од дијаспората за претстојните парламентарни (8 мај) и претседателски избори (24 април). 

Според податоците од веб страната на ДИК од вкупниот број на пријавени досега се прифатени 917 барања, одбиени се 138 пријави, а во процес на обработка се 245.

Согласно Роковникот на ДИК, доставувањето на пријавите за гласање на изборите е до 18 март.

Исто така во тек е и увидот во Избирачкиот список, што граѓаните можат да го направат во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и лекетронски преку веб страната на Комисијата. До 19 март, пак, до ДИК треба да бидат поднесени кандидатските листи на претседателските кандидати. Потписи да се кандидираат собраа седуммина кандидати.