Одобрено обвинението за „Трезор“

Советот за оценка на обвинитениот акт при Основниот суд Скопје 1- Скопје го одобрил обвинението на СЈО за случајот „Трезор“, во кој осомничени се поранешниот директор на УБК Сашо Милајков, поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујевски и поранешниот помошник министер во МВР Небојша Сајковиќ.

Предметот „Трезор“ се однесува на економски криминал  за злоупотреба на средства од Буџетот на Република Македонија во врска со набавка на електронско-комуникациска опрема и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија за потребите на Петтата управа при УБК.

Се очекува предметот да биде распореден на судија кој ќе ја води постапката и да биде одреден термин за почеток на судењето.