Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, од денеска е во дводневна работна посета на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, кои извршуваат задачи во мултинационалните сили на НАТО во Република Бугарија и Романија, рамки на тнр „Активности на зголемена будност“.
Генералот Ѓурчиновски за време на престојот во Романија, ќе оствари средби со командантите на НАТО Мултинационалната борбена група и Мултинационалната бригада за Југоисток, како и со началникот на генералштабот на Бооружените сили на Романија.
Нашиот придонес во „Активности на зголемена будност“ започна од крајот на 2022 година со испраќање на два свои состави во Романија и во Бугарија, каде заедно со припадниците на Вооружените сојузнички сили се составен дел од колективниот систем за одвраќање и одбрана, соопшти ГШ на Армијата.