МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА : НЕ ЗА ДОГОВОРОТ СО БУГАРИЈА

Придонесот на  Македонците кои го напуштиле дедовскиот праг во етничка Македонија и поради економски, политички и разните други околности за живеење „свиле нови гнезда“ насекаде по светот, е во тоа што тие се добри, чесни, примерни и трудољубиви граѓани во своите нови татковини. Трудејќи се да обезбедат достоиствен живот за себе и за своите фамилии, тие секогаш се подготвени искрено и честито да придонесуваат за поголем просперитет на новата татковина на која им се лојални.

Во исто време македонските иселеници се на распетие меѓу новите татковини и Македонија. Тие постојано се борат да не ги заборават нивните македонски корени, кои се и од каде се дојдени, и секогаш да живеат со надеж дека ќе има подобро утре нивната Македонија. Тоа го велат бидејќи Македонија е нивната дедовска земја чија географската положба ја прави крстосница на различни цивилизации, религии, традиции, култури…

Исто така, македонскиот народ насекаде во светот традиционално го празнува Илинден, светоит ден кога се поставени темелите на македонската државност. Така, на првиот Илинден во 1903 година, во Крушево беше формирана Крушевската Република, прва Република на Балканот. Четириесет и една години потоа, на 2 август 1944 година, на Илинден, на Првото заседание на АСНОМ одржано во манастирот Свети Прохор Пчински, македонскиот народ ги постави темелите на македонската држава, Народна Република Македонија. И четириесет и седум години потоа, на 8 септември 1991 година, македонскиот народ прогласи осамостојување на Република Македонија

Меѓутоа, жалосно е што на 2 јули 2022 година, еден месец пред големиот Илинден, на улицата „Илинденска“, во центарот на главниот град на Република Македонија, Скопје, каде се наоѓа Владата на, како што ја нарекуваат „Влада на нашата држава“, илјадници Македонци излегоа на сенародниот протест по повод револтот кон францускиот предлог како и неговото прифаќање од страна на македонската влада, таканаречен Договорот за добрососедство со Бугарија, кој не значи ниту мир, ниту рамноправност, ниту добрососедство, ниту пријателство, туку лицемерие, неостварени Санстефански фашистички тези, омраза, уцена и што не друго, укажувајќи дека со овие барања Бугарија нема ништо европско во однесувањето,

Затоа Македонците ширум светот се против, не само против предавничкиот Преспански договор (Договорот од Нивици), туку ти се против појавата и евентуално потпишување на  „добрососедскиот“ Бугарскиот договор.  Иселениците велат дека со „Договорот во Нивици“ ни го сменија името на нашата мила Македонија, за да станеме членка на НАТО, а со „Договорот за добрососедтво“ со Бугарија, Македонија да отпочне преговори со ЕУ.

1etnivka

Инаку,Бугарскиот договор го содржи бугарскиот триумфализам, поткрепен од ЕУ и тие заедно ни „нудат“  европски вредности, рамноправност, добрососедство, убаво однесување, а фактички договорот е исполнет со фашистички лицемерија, заборавајќи дека Република Македонија има своја историја, идентитет, јазик, култура, образование, наука и сите други карактеристики на наедна современа држава призната во светот, која треба во 21 век да биде заштитена, а не разнебитена од Европската Унија.

Поздато е дека Македонија е земја на премрежја, но и земја на убавини, земја на мистерии и опстој, каде што населението преживеало војни, глад, освојувачи, навреди, империи, притоа зачувувајќи ја волшебноста на своето македонско име. Од величествените времиња на Филип и Александар Македонски, преку римските и византиските владеења, преку големите миграции на Словените на југ и потпаѓањето под Отоманската империја, низ овој долг и богат временски период само два народа го избрале името на оваа земја за нераздвоен дел на својот идентитет – древните Македонци и Македонците денес, а тоа претставува силна врска која датира од пред милениуми, укажувајќи на посветувањето на македонскиот народ на својата библиска земја етничка Македонија.

Македонскиот народ на Балканот на кој најдоброто оро му е античкото оро, кое се вика „Тешкото”, објективно и не можел да има поинаква судбина и минато. Македонија не само што отсекогаш била на сечилото на многуте мечеви и јатагани, сабји и ками, туку во неа се судрувале и прекрстувале многу различни култури. И токму таа Македонија, всушност била и е лулка на цивилизациските средишта како една најстара цивилизација.

Во многу документи е запошано дека во богатата историја на Европа тешко е да се најде народ каков што е македонскиот, кој имал толку многу превирања со своето национално конституирање, народ кој имал и толку бурна историја. Затоа често се вели дека на многу народи судбината им била историјата, а на Македонецот историјата му била судбина.

На крајот да кажеме дека македонските иселеници се убедени дека не поминува подметнувањето старо-новиот ист договор со француска преговарачка рамка против македонскиот народ! Преговарачката рамка на Макрон од Париз, со сите “праведни“ бугарски барања, е со цел: Македонија од држава да стане територија без македонски народ, историја, јазик, нација и други државнички карактеристики.

Затоа, македонскиот народ, а особено македонските иселеници ширум светот не прифаќаат Македонија од држава да стане територија без македонски народ и историја чиј администратор ќе биде некој сосед, затоа под вакви услови едногласно го  исфрлаат францускиот предлог за кревање на бугарското вето и отворање преговори на Република Македонија со ЕУ.

Никогаш северна или бугарска, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!

Славе Катин