Папа Франциск: Самата војна е злосторство против човештвото

Папата Франциск денеска изјави дека војната е „злосторство против човештвото“, повторувајќи го својот повик за мир во Украина и на Блискиот Исток.

– Да не го заборавиме тоа. На луѓето им треба мир, на светот му е потребен мир, рече папата по читањето на неговата неделна молитва во Ватикан.

Тој со молитва ги повика луѓето да не ги заборават оние кои во повеќе делови на светот страдаат поради „суровоста на војната“, а во неколку наврати повика на прекин на војната во Украина и Газа.

– Да се ​​молиме оние кои имаат моќ над овие конфликти да размислат за фактот дека војната не е начин за нивно решавање, имајќи предвид дека таа сее смрт меѓу цивилите и уништува градови и инфраструктура, рече папата Франциск.

Во Израел, денеска, се одбележува 100-от ден откако милитантите на палестинската исламистичка група Хамас со седиште во Газа го почнаа најсмртоносниот напад во историјата на оваа земја. Нападот го натера Тел Авив да одговори со жестока воена кампања чија цел е да ја уништи групата, досега убивајќи дваесетина илјади Палестинци и срамнувајќи со земја голем дел од крајбрежната енклава.