Седници на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, се чека партијата да ги соопшти министрите и дополнителните заменици во техничката влада

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи седници на Извршниот и на Централниот комитет. Засега нема официјална најава за тоа дали од овие седници ќе произлезат заклучоци за тоа кој ќе бидат министрите и дополнителните заменици министри од партијата во техничката влада која треба да се формира најдоцна на 28 јануари. 

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски по литургијата на Божик, најави дека на 11 јануари на седници на овие тела на партијата ќе се разговара за имињата на кандидатите за министри и заменици-министри за техничката влада, но не кажа дали тие вечерва ќе бидат соопштени. Во изјава претходно, Мицкоски рече дека имињата на министрите ВМРО-ДПМНЕ ќе ги соопшти после Водици. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со дел од партиската пратеничка група попладнево во 15:30 часот ќе оди на средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски во вила Водно и ќе б

Извесно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од техничката Влада, но Мицкоски ќе им предложи на сопартијците да донесат одлука во Собранието пратениците да се воздржат од гласање за Талат Џафери за премиер на преодната Влада. 

Најавената средба меѓу премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски и Мицкоски се уште не е реализирана, барем за јавноста, а последните информации беа дека партиите комунициираат на ниво на потпретседатели. 

ППремиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во Владата ќе има промена само на министерското место за локална самоуправа, но не и на челните места на други министерства.

Вчера премиерот Ковачевски рече дека ќе има средба, но не кажа кога.

И тој и Мицкоски, според најавите се очекува денеска да имаат јавни настани на кои се очекува да соопштат дали нешто се променило во однос на техничката влада.

СДСМ веќе ги соопшти нивните министри и дополнителни министри во техничката влада, се знае и дека премиер ќе биде претседателот на Собранието Талат Џафери и дека на негово место ќе биде Јован Митрески.

Формалната постапка за подготовка и формирање на техничката влада, според соопштението од последната координативна средба кај Џафери, е најавен за 22 јануари, а треба да финишира со изборот на преодната Влада на 28 јануари. Оваа Влада според нашето законодавство се формира сто дена пред изборите, а мандатот и истекува со формирањето на новата Влада, некаде до средината на јули.

Собранискиот спикер Талат Џафери вечерва во „КликПлус“ на ТВ21 говореше за процедурата за одново свикување на Собранието, откако СДСМ поднесоа иницијатива за тоа, но според него нема можност

Парламентарните избори ќе бидат закажани за 8 мај, а две недели претходно ќе се одржат претседателските избори. Партиите се уште ги немаат соопштено претседателските кандидати, наведувајќи дека се уште се прават анализи и се предлагаат кандидати од базата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *