ЛУ ВЛАШО И НЕГОВИТЕ АКТИВНОСТИ ВО ПОВЕКЕ АСОЦИЈАЦИИ НА РАЗЛИЧНИ МЕСТА (41)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“

Неколку години откако го напуштив одборот, ме замолија да ги претставам директорите и службениците на клубот со луѓето во Имокали, која е најсиромашна општина во округот. Сега, комплетен кампус има и во Имокали.

Во 2003 година дадов предлог да се оддржи настан за собирање средства кој стана Академија за извонредност и достигнувања. Нејплс има повеќе пензионирани директори на големи компании кои се преселиле овде да живеат или кои ги поминуваат зимите овде, од кое било друго место во земјата.

Идејата беше да се додели признание на некои од овие поединци секоја година како гала настан за собирање средства. Покрај тоа, се надевавме дека дел од нив можеби ќе се заинтересираат за клубот и ќе станат спонзори.

Некои од лицата на кои им беа доделени признанија беа Харолд „Ред“ Полинг, пензиониран претседател и извршен директор на Форд Мотор Компани; Џон Крол, пензиониран претседател и извршен директор на компанијата Дупон; Џон Ф. Смит, пензиониран претседател на Џенерал Моторс; и мојот омилен, Роберт Карсело, претседател на Крафт Констракшн, врвна градежна компанија во Нејплс.

  Една година планиравме да му доделиме признание на Лери Бирд од Националната кошаркарска асоцијација (НБА), но тој сè уште беше професионално активно вклучен во работата и не можевме тоа да го оствариме. Настанот се одржуваше три години и, иако беше успешен, никогаш не ги оствари нашите очекувања и беше прекинат. Сè уште мислам дека оваа идеја повторно ќе стане актуелна некој ден.

Советодавен одбор на Агенцијата за ревитализација на заедницата (Community Redevelopment Agency Advisory Board)Во 1994 година, градот Нејплс основа Агенција за ревитализација на заедницата (CRA) за да ги насочува приватните и јавните иницијативи кои ќе создадат економски развој, ќе ги подобрат физичките карактеристики и ќе поттикнат инвестиции во центарот на Нејплс. Тој се финансира од зголемувањето на даночните приходи од повисоките вредности на имотот во областа што произлегува од приватна ревитализација.

Фил Мекејб, сопственик на „Ин он Фифт“ (The Inn on Fifth), и јас решивме дека во моментот не се посветува доволно внимание на Петтата авенија Југ. Во 2003 година, Фил и јас му пристапивме на тогашниот градски управител, Кевин Рамбоск, за да формираме советничка група за таа намена.

Со негова помош успеавме да го убедиме Градскиот совет да го формира Советодавниот одбор на Агенцијата за обнова на заедницата. Одборот би го советувал CRA со собирање мислења од јавноста и технички совети за економски и други прашања во областа на ревитализација на градот.

Работев во Одборот од 2003 до 2011 година и бев претседател три години. За тоа време, ги завршивме работите: со наше водство и приход од данокот на зголемената вредност на имотот, CRA изгради втора паркинг гаража во округот Петта авенија, ги замени сите улични светилки и далноводи долж авенијата и реконструира неколку улици во областа.

Еминентни личности (Men of Distinction)Фондацијата за образование на округот Колиер годишно дава признанија на 10 еминентни личности, а во 2008 година и јас ја добив таа награда. Фондацијата, која исто така го носи името Заштитници на учењето, постои за да создаде искуства во едукацијата кои ќе го променат животот на секој студент. Наградата Еминентни личности беше еден од нејзините главни настани за собирање финансиски средства.

За да се уверам дека настанот е успешен, спонзорирав две маси за 10 лица и поканив пријатели – меѓу нив и неколку пријатели Македонци — да ни се придружат на Патриша и мене на настанот.

Пред 40 години пронајдов рај – Нејплс – а во последните 33 години тој ми беше дом, што го прави град во кој најдолго сум живеел. Каков благослов беше да се нарече Кентон, Охајо, мој роден град; Трој, Охајо, градот во кој го одгледавме нашето семејство; и Нејплс, Флорида, парчето рај каде што ги поминав моите „златни“ години.

Оддавање почит на заедница од еден

1me88За време на моето кратко време како ерген, моето пријателство со Џон Мајкл Ханон, сожител од Пеликан Беј, кој го запознав во нашиот бар на плажа прерасна во категоријата „најдобро пријателство“.

Џек, или Џеко како што го викавме, беше сам, разведен од сопругата и отуѓен од ќерката. Тој беше воен ветеран од Втората светска војна и одлична личност која им се допаѓаше на многумина, но имаше малку блиски пријатели. Откако се оженив со Патриша, тројцата често бевме заедно.

Уживавме во неделните вечери со Џек и се среќававме еднаш во неделата по црквата на ручек во клубот „Вандербилт Тартл“(Vanderbilt Turtle). Џек секогаш инсистирал да плати половина од сметката за да може делумно да ја почести Пети.

За жал, проблемите со стареењето почнаа да го стигнуваат. Кога дојде време да се организира дополнителна нега за него, немаше кој да го стори тоа. Така да јас го организирав тоа. Додека гледавме како Џек ни се губи во 2010 година, се обидов да стапам во контакт со неговата ќерка, со надеж дека таа, или барем неговите внуци, ќе дојдат да го посетат во домот за стари лица.

Моите обиди беа одбиени. Така, кога дојде време за погреб на Џек, човек кој ѝ служеше на својата земја, отпатував во Охајо за да присуствувам на погребот и на закопот во Кливленд, Охајо и бев единствениот таму што го претставував неговото семејство.

Има работи што треба да ги направите, почит што треба да ја покажете. Се надевам дека сегашната генерација ќе се чувствува исто така кога ќе дојде крајот на нашата генерација која беше подготвена да ја плати крајната цена за нашата слобода.

Продолжува  

 Пишува: СЛАВЕ КАТИН