18-ТИ ГОДИШЕН МАКЕДОНСКИ ФИЛМСКИ ВЕСТИВАЛ ВО ТОРОНТО

На 20-ти и 21-ви октомври 2023 година, во Торонто, по 18-ти пат се одржа Македонскиот филмски фестивал, што претставува значајна културна манифестација за Македонците од сите делови на Македонија и за пошироката јавност на овие канадски простори. Фестивалот беше отворен со  прикажувањето на последниот филм „Кајмак“ во режија на прославениот македонски режисер Милчо Манчевски, најреномиран режисер, којшто „Њујорк тајмс“ на својата престижна листа го вклучи неговиот прв филм „Пред дождот“,

И годинава, Македонскиот филмски фестивалт во Торонто беше можност да ѝ се долови на публиката културата од Македонија, но и да им се даде простор на сите поврзани со неа – режисери, продуценти, сценаристи актери. Како и вообичаено на репертоарот доминираа теми кои го одбележаа и истакнуваа комплексниот македонски идентитет и неговите современи предизвици.

Според историските податоци, Македонскиот филмски фестивал во Торонто дебитираше во мај 2006 година и е единствен од ваков вид што се прикажува секоја година. Тоа беше поттик и почеток за македонските филмски фестивали да се одржат: Во Лондон, Англија (2008 и 2009), во Њујорк (2008) а во 2009 година Австралија да го одржа својот прв фестивал на македонски филм во Мелбурн, Со тоа се успеа да се инспирираат овие филмски фестивали да  прикажуваат македонски филмови.

Жанровски, филмот „Кајмак“ припаѓа на категоријата црна комедија, иако според некои критичари е тешко да се смести во кој било жанр. Според самиот Манчевски, филмот може да се стави во категоријата „љубовен филм за возрасни“. Филмот го прикажува животот на две современи македонски семејства

Според содржината најновата игра на Милчо Манчевски во „Кајмак“ ги истражува животите на  различните семејства во оваа паметна црна комедија. Потоа ги допира темите на мајчинскиот инстинкт, спонтаноста, неограничената радост и случајната суровост. Спојувајќи ја мирната селска глетка со онаа во градот која е преполна со метеж, приказната следи два парови кои се впуштаат во неконвенционални романтични врски.

Инаку, покрај сценаристот и директор на филмот „Кајмак“  режисерот Милчо Манчевски, продуцент е Јане Ќортошев, а главните улоги ги толкуваат Сара Климоска, Ратка РадмаловиЌКамка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спироска, Ана Стојановска, Филип Трајковски и други

Во содржината на филмот се претставени: Сара Климоска, која исто така беше во „Врбата“ на Манчевски, ѝ носи нежна ранливост на Доста, селската девојка која го посетува големиот град, додека забавното обезбедување на Александар Микиќ, исто така, беше пријатно за гледање. Како, па дури и дали овие приказни ќе се вкрстат, на почетокот не е јасно – како и во многу филмови на Манчевски, никогаш не сте сосема сигурни каде ќе оди додека тој не биде подготвен да ве извести – но Манчевски ни дава ликови во оваа неверојатна љубовна приказна.

1rade33

Во филмот се дадени непочитуваната, неконвенционалната и потресна љубовна приказна, но и критиката на нелибералното лицемерие. Млад, богат пар е на врвот на светот, кога некој далечен роднина доаѓа да живее со нив. Во меѓувреме, соседите во распаднатата куќа долу, се средовечни и се чувствуваат оставени, кога сопругот започнува афера како продавач на сирење. Под своето истражување на вечната потрага по љубов, Кајмак (Kaymak) се занимава со помрачни социјални прашања – сурогат родителство, неверство, улогата на жената во семејството и општеството, трговијата со луѓе, сексуалната слобода и други проблематики.

Според пишаните документи, подготовката на филмот „Кајмак“ траела неколку години, а издавањето на филмот било најавено во 2021 година. „Кајмак“ ја доживеал својата светска премиера на Токискиот фестивал, каде што бил добро примен од страна на јапонската публика. По прикажувањето на филмот, Манчевски одржал предавање кое, исто така, било добро прифатено. Наредната премиера филмот ја доживеал во Тајван, каде што бил прикажан на кинофестивалот „Златен коњ“ во Тајпеј. И во таа држава, Манчевски заедно со глумечката екипа имале контакт со публиката во кои раскажувале за работата зад филмот. Третата премиера на филмот се одржала на 16 ноември во Македонската филхармонија. Освен тоа, филмот бил прикажан и низ речиси 30 града низ Македонија, односно на сите оние места каде што има техничка можност за прикажување.

Интересно е да се спомене дека  за одржувањето на 18-от Македонскиот филмски фестивал на 20-ти и 21-ви октомври во метрополата Торонто, Канада, и прикажувањето на филмот „Кајмак“ на познатиот Милчо Манчевски имаше голем интерест, затоа беа продадени сите билети и киносалата беше исполнета до последното место.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН