ДЕЛ ОД ФИНАНСИСКИТЕ АКТИВНОСТИ НА ЛУ ВЛАШО ВО МАКЕДОНИЈА (26)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЛУ  ВЛАШО – АМЕРИКАНСКИ СИН НА МАКЕДОНИЈА“.

Се сеќавам и на годината кога конечно имавме машко лице кое се кандидираше за водење на македонските Катлер стипендии кои Ристо толку великодушно ги финансираше. Многу беа блиску со гласовите со една од женските кандидати, но тој загуби на последното гласање. 

Така младиот Славе Јовановски не беше избран. Но, јас навистина сакав да му помогнам. Бев во добри односи со деканот на Факултетот за инженерство, Денис Ирвин, иронично во Нејплс. Советодавниот совет на Факултетот за инженерство во Охајо ги одржуваше своите состаноци овде, со претседателот; Бев поканет, благодарение на Џек Елис, вонреден директор за програмата за Катлер стипендии, на нивните приеми. За возврат ги угостивме нив со вечера. Така го запознав Денис.

Поради тоа му се јавив на Денис.

„Денис“, реков, „Имаме проблем“.

„Како мислиш, имаме проблем? тој ме праша. Тогаш му ја кажав приказната за Славе и му ветив дека ќе има еден извонреден студент. Денис се согласи да го прими на колеџ.

Како и обично, имаше компликации, и кога Славе конечно стигна во кампусот, знаеше само една личност: Денис. Затоа тргна кон неговата канцеларија.

Подоцна Денис ми рече: „Кога влезе, си реков: „Лу Влашо, што ми направи?“

Но, во текот на четирите години, Славе беше извонреден студент по компјутерски науки на колеџот за инженерство и технологија Рус (Russ College of Engineering and Technology) при Универзитетот во Охајо. Кога дипломирал, бил прогласен за извонреден студент. Неговите родители и неговата сестра Делфина дојдоа од Македонија за да присуствуваат на доделувањето дипломи.

Следниот ден, Денис и јас пиевме по една пијачка во барот на Универзитетот во Охајо да наздравиме за успехот. Знаевме дека го променивме животот на овој млад човек. И јас веќе знаев, во тој момент, дека Делфина сака да дојде на Универзитетот во Охајо на магистерски студии.

„Денис“, му реков во барот, „имаме проблем“.

Ја објаснив надежта на Делфина да дојде таму на факултет и додадов свое мислење: „Мислам дека е и подобра од Славе“.

Дали беше подобра или не, таа беше една паметна млада жена. Делфина ми кажа дека нејзиниот сон бил да работи за Епл (Apple). „Како да не“, си помислив.

Но, кога дипломира, отиде на интервју – и ја вработија во – Епл.

Славе се вработи во Силиконската долина, а потоа се префрли во Гугл. Во Калифорнија, тој магистрираше на Универзитетот Стенфорд, а заедно со неговите родители и сестрата Делфина, на церемонијата беше и „Чичко Лу“.

На приемот потоа, Славе ја зема својата наметка и ја стави околу мене: „Сакам да го имаш ова“, рече тој. Го донесов дома и го чував, но на крајот знаев дека тој треба да го има. Па го пратив по Делфина, кога таа дојде на гости. 

Тоа беа двајца млади Македонци со големо чувство на благодарност. Кога поминавме низ Калифорнија пред неколку години, им кажавме на двајцата дека доаѓаме, но ниту еден од нив не беше во земјата во тој период. Но, одеднаш Славе рече: „Јас ќе бидам таму“, а Делфина, која ни рече дека мисли дека нема да може да стигне, дојде исто така.

Сепак, уште една млада жена ме смета за нејзин вујко од Америка. Ана Гицова беше стипендист на Катлер и дипломираше и магистрираше на Универзитетот во Охајо. Требаше да работи како стажант едно лето за нејзините магистерски студии, и секако, ми се јави мене.

1ilio22

Универзитетот Охајо

Така, ние всушност организиравме стажирање во Нејплс во Стопанската комора, и најдов еден пријател од Нејплс кој и дозволи да живее во стан бесплатно цело лето. Ана има одлична кариера, работеше во Facebook извесно време, а денес работи за ARM Ltd.

Сметам дека е благослов што имав улога во тоа да помогнам на сите Катлер стипендисти на Гуштеров кои студираа на Универзитетот во Охајо. Бев среќен што одиграв мала улога во тоа секој од нив да стане Бобкет.

Меѓутоа, една врска немаше никаква врска со програмата за стипендирање. Додека беше таму, дознав дека Ирена Ставреска, сестрата на Ана Ставреска, исто така дошла во Универзитетот во Охајо — но со пливачка стипендија. Малку помогнав во нејзините магистерски студии. Ирена се вработи во Велс Фарго откако дипломираше и денес е клучен потпретседател во банката.

ДОПОЛНИТЕЛНА ПРИКАЗНА (ИМА СОПСТВЕНА ПОСЕБНА СТРАНИЦА) SIDEBAR (HAS ITS OWN SEPARATE PAGE

Лојалниот Бобкет на Универзитетот во Охајо

Тоа што се стекнав со добро образование многу ми значеше, и откако дипломирав во 1959 година, јас сум вклучен во работата на Универзитетот во Охајо. Еве список на работи во кои сум вклучен:

Основање на огранок за алумни Сид Бекерт во округот Мајами (Тори, Охајо)

Поттикнување на основањето на Македонската програма Меѓународни Катлерс Сколарс на Гуштеров

Помагање на голем број македонски студенти, со и без Катлер стипендија, да се запишат на Универзитетот во Охајо

Работа на Проектот за глобална конкурентност – Универзитет во Охајо и Македонија

Воспоставување на партнерство за институционална соработка помеѓу Универзитетот во Охајо и Македонија

Работам во четири одбори: Советодавниот совет на Факултетот за сметководство, Советодавниот одбор на библиотеката, Советодавниот одбор на Колеџот за бизнис и Советодавниот одбор на Центарот Воинович

Во 2001 година ми беше доделена наградата за истакнат придонес од страна на Здружението на алумни на Универзитетот во Охајо. Никогаш не мислев дека ќе ми биде доделена таква награда од Универзитетот и тоа беше навистина прекрасно искуство, со формална свеченост на Универзитетскиот кампус во Атенс, Охајо.

Покрај елегантната свеченост, имав чест да бидам дел од парадата на завршната церемонија од дипломирањето и да ми доделат признание на полувремето на фудбалскиот натпревар по повод завршната церемонија од дипломирањето. Мојата сопруга, Патриша; синовите Винс и Стив; и мојата сестра, Кристин Јанг со нејзиниот сопруг Волт, дојдоа на церемонијата. Истото го сторија и моите многу добри пријатели од Трој и Грин Беј – Чарли и Хелен Кандеа, Ед и Кети Велков, д-р Питер и Ненси Нимс, Ричард и Џоан Рачесон, Тед и Дот Ристов и Џим и Керол Хејстингс. Дојдоа и неколку македонски студенти од Универзитетот во Охајо.

Тоа што овие личности дојдоа да бидат со мене за овој посебен викенд го направи целото тоа искуство многу позначајно.

Продолжува 

 Пишува: СЛАВЕ КАТИН