МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ Е СИМБОЛОТ НА ЖИВОТОТ И РАБОТАТА НА ЏОРЏ АТАНАСОСКИ (23)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ЃОРЃИЈА – ЏОРЏ АТАНАСОСКИ“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Со излегувањето на неделникот „Македонско сонце“ се отворија нови видици во информативната дејност во Република Македонија. Неговиот прв број, всушност, беше празник за новинарството во Македонија. Затоа, по повод излегувањето на првиот број и промоцијата на „Македонско сонце“ до читателите и до целата македонска јавност во Републиката и македонската дијаспора, се обрати претседателот на Светскиот македонски конгрес за Северна Америка Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски, како основач и сопственик на гласилото. Тој зборуваше за мисијата и целите на „Македонско сонце“, при што, меѓу другото истакна:

Почитувани читатели,

Промоцијата на „Македонско сонце“ на 24 јуни 1994 година во Скопје, Република Македонија, е исклучителен чин во процесот на македонското национално, духовно, културно и економско обединување. Појавата на овој прв македонски светски неделник го обележа почетокот  на  долгоочекуваната македонска информативна пролет во којашто Македонците од сите континенти добија свој автентичен форум за информирање и комуникација. „Македонско сонце“ сега е составен дел од македонската пишана мисла, но истовремено е и водечки поттик во унапредувањето на македонското новинарство.

„Македонско сонце“ целосно му припаѓа на македонскиот народ. Вашето учество на стра- ниците на весникот е негова најјака квалитативна особина, негово најголемо богатство. Затоа особено нè радува фактот што го прифативте „Македонско сонце“ со огромен ентузијазам и што почнавте конкретно да се вклучувате во процесите на комуникација со своите сонародници низ светот. Големиот број писма што пристигнуваат во нашата Редакција со содржини на одобрување, честитки и желби за лично учество во овие процеси, сведочат дека информативното обединување на Македонците треба да продолжи и понатаму успешно да се развива.

Страниците на весникот се широко отворени за сите Македонци од сите политички опции, да комуницираат преку него со информации, со  предлози  и  мислења,  со  аналитички  осврти и креативни идеи релевантни за демократскиот развој на македонската нација и култура. Ја користиме оваа прилика да ги поттикнеме Македонците во Република Македонија и во странство, без разлика на политичката и верската припадност, активно да се вклучат во глобалната комуникација на сите полиња од интерес за нашата татковина Македонија. Бидејќи само толерантен дијалог меѓу нас Македонците – кој сам по себе претпоставува отворена конкуренција на идеи за конкретни солуции на проблемите со коишто Македонија се соочува – е гаранција за нејзиниот долгорочен економски и цивилизациски развој“.

Пред широкиот аудиториум основачот Атанасоски рече дека длабоко е убеден дека се созреани условите за нешто што во македонска- та историја многу пати е повторувано, а малку спроведувано во практиката. Тој со убедување зборуваше дека   „Македонско сонце“ се роди за македонскиот народ со визијата да стане водечки форум којшто ќе ги замени дегустираните кавги од македонското политичко и новинарско секојдневие. Тоа ќе биде со толерантни и со конкретни предлози за тоа како е најдобро да се остварат македонските национални интереси.

Во продолжение Џорџ Атанасоски нагласи: „Ние категорички ги одбиваме досегашните подвојувања и расколи што како Дамоклов меч демнат над македонското единство. Како одговор на подвојувањата, ние го нудиме „Македонско сонце“: да го мултиплицира богатиот потенцијал на идеи кај македонскиот народ, со чија помош нашироко е познато и во најтешките моменти на свој непокор нашол одговор за сите предизвици; да воспостави континуитет на долгогодишните напори на Македонците низ историјата да создадат свои автентични весници, со коишто го  овековечија  постоењето  на  својата  нација; и да придонесе за издигнувањето на цивилизациското рамниште на Македонија. 

1mnn22

Наш императив е до максимум да се искористи енормно богатиот и разновиден интелектуален и духовен потенцијал што го омеѓи македонскиот народ како посебност во историјата, за да се отворат нови хоризонти во неговото битисување. „Македонско сонце“ далекусежно ја гарантира таа можност“.

По повод петгодишнината од излегувањето на неделникот „Македонско сонце“, во јули 1999 година основачот на неделникот бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски го изрази своето задоволство и по писмен пат се обрати до читате- лите и воопшто до македонската јавност, при што, меѓу другото кажа:

Почитувани читатели!

„Поминаа  5  години  од  24  јуни  1994  година откако за првпат се појави неделникот „Македонско сонце“ за да го осветли македонството кај нас и во светот. Потребата за „Сонце“ постоеше тогаш, а постои и денес. Затоа што сè уште не можеме да кажеме дека нашите медиуми се комплетно слободни, како што е случајот со „Сонце“ кој не зависи од ниедна партија и според тоа е единствен и сосема независен весник. Затоа слободно може да  се  нарече  „весник  на вистината“.

Развојот на весникот е една од малкуте работи со кои можеме да се пофалиме. Весникот е прв глас во одбрана на македонството и македонските интереси кај нас и во светот. Меѓу првите во Македонија, почнавме да го објавуваме на Интернет и месечно имаме околу 65.000 пристапи. Од денешниот број, продолжуваме во ново, модерно руво. 

Во најскоро време, ќе ги прошириме интернет активностите, за подобро информирање на светската јавност  за  Македонија  и за промоција на македонската култура и националните интереси. „Сонце“, веќе неколку месеци, преку електронската пошта, секојдневно испраќа медија-монитор, информации и написи за Македонија и околу Македонија, објавени во светските медиуми за подобро информирање на сите оние кои се интересираат за Македонија.

Веќе две години, објавуваме месечно интернет-списание, „Македоника“, за мекедонската историја и култура каде што се собираат и објавуваат написи на англиски и македонски од еминентни историчари кои ја обработуваат оваа тема. Пред две недели регистриравме и „чет-канал“ на Интернет каде што Македонците и пријателите од целиот свет можат да се собираат и дискутираат за проблемите на Македонија. Планови има многу. Нè очекува многу работа и со Ваша помош, драги читатели, ќе ги оствариме идеали- те на нашите предци за слободна, обединета и силна Македонија. 

Како основач на весникот, им благодарам на сите читатели во светот кои нè поддржуваат и нè поддржувале. Им порачувам на сите дека неуморно ќе продолжиме да се бориме сè додека Македонија не ги исполни соништата на нашите предци“, напиша Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски.

По повод десетгодишнината на неделникот „Македонско сонце“, пак, во бројот 548/549 од 30 декември (снежник) 2004 година е објавено опширен материјал за работата и персоналот насписанието во боја „Македонско сонце“.

Продолжува

 Пишува: СЛАВЕ КАТИН