Османи: Ќе одговориме на тежината на моментумот и ќе обезбедиме предвидлива и конструктивна иднина за ОБСЕ

На крајот од нашето претседавање испраќам порака на надеж дека нема да ја пропуштиме нашата средба со историјата, дека ќе одговориме на тежината на моментумот и дека ќе обезбедиме предвидлива и конструктивна индина за ОБСЕ.

Ова го порача шефот на дипломатијата и претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа Бујар Османи во обраќањето на отворањето на 30. Министерски состанок на ОБСЕ во Скопје.

– Ќе ги пренесам трите пораки дека ОБСЕ опстоја и продолжува да испорачува. Северна Македонија го презеде претседавањето со ОБСЕ во година на активна војна со невидените досега закани по европската безбедност и по меѓународениот поредок базиран на правила. Руската воена агресија врз Украина ги прекрши сите правила на Организацијата, Финалниот акт од Хелсински и други клучни документи за европската сигурност и човековите права. Војната ги поктопа довербата, дијалогот и нашиот капацитет да испорачаме, а над се таа ги уништи животите на обичните луѓе, нивното право да живеат слободно, сочени со стравот од војната и создадените воени услови. Во рамки на ОБСЕ дијалогот и соработката беа заменети со поделби и поларизација. Консензусот често инструментализиран за постигнување национални политички цели, наместо да му служи на колективниот интерес, стана оружје правејќи ги постигнувањето на практичните цели далечни и тешко достижни, рече Османи во обраќањето.

Овие околности, како што посочи, создадоа уникатна оперативна средина за претседавањето на С Македонија. – Но и покрај овој исклучително тежок контекст, ние останавме решителни на нашиот курс да служиме на вредностите на ОБСЕ. Поддржани од мнозинството земји учесничи, успеавме да го избегнеме дефетизмот и да насочиме критична енергија да ги адресираме предизвиците со кои се соочува Организацијата по нејзиниот опстанок. Се чувствувам слобно да кажам дека и покарј овие препреки ние усепавме да ја одржимне организацијата релевантна. Сите заедно успеавме да ја зачуваме ОБСЕ, истакна Османи.

Зборувајќи за влијанието на руската воена агресија, Османи потенцираше дека покрај тоа што разорната сила на војната пред сè ги уништи животите на илјадници граѓани и суверената територија на Украина, таа има и негативен ефект врз ОБСЕ и нејзината главна задача – да претставува платформа за дијалог која нуди решенија за безбедносните предизвици.

-И покрај мрачната реалност на војната со која се соочува Украина и другите долготрајни конфликти во поширокиот регион на ОБСЕ, мултилатерализмот останува најдобрата алатка за спречување конфликти и надминување на разликите и споровите. ОБСЕ, како најголема регионална безбедносна организација во светот, е препознаена и ценета како потребен и сигурен партнер за мир и стабилност, рече Османи.

-Со поглед кон идинината ние дадовме приоритет на неколку важни области како што се климатските промени, сајбер закани, антикорупција… Како што се менува светот се менува и ОБСЕ и ние продолжуваме да им служиме на луѓето, рече шефот на македонската дипломатија.

Со цел одржување на ОБСЕ, нагласи Османи, ние бевме посветени на сите предизвици, а меѓу нив е постигнувањето консензус за Малта како иден претседавач со организаицијата за 2024 година. Тој ја напомна и важноста од изборот на челници на институциите на ОБСЕ, како и усвојување на буџетот на Организацијата.

-Програмите на ОБСЕ, нејзините теренски операции и механизми за градење доверба придонесуваат за наша поголема сигурност и безбедност. Затоа не смее да дозволиме овие алатки, кои придонесуваат многу во подобрувањето на животот на многу луѓе, да останат неискористени поради нашата внатрешна неусогласеност. Тоа би било парадоксално и неприфатливо, а најмногу предавство на луѓето на кои им служиме, потенцираше Османи.

Османи повтори дека како претседавач во изминатата година најмногу време посветил на луѓето и дека ОБСЕ постои и функционира за доброто на луѓето. ОБСЕ може да направи многу, и мора да испорача, бидејќи се работи за луѓето, а тоа, посочи тој,  беше и наративот на нашето претседателство.

-ОБСЕ мора да продолжи да служи како активна платформа за одговорност во време кога тензиите и конфликтите се во пораст. Не треба да заборавиме дека ОБСЕ е ангажирана низ целиот регион и работи на решенија за потребите на луѓето. Ни беа доверени важни мандати за придржување до принципите и заложбите на ОБСЕ, истовремено справувајќи се со различни предизвици во Источна Европа, Југоисточна Европа и Централна Азија. ОБСЕ останува активна на сите нивоа во нашите општества, придонесувајќи за сеопфатна безбедност за сите, бидејќи нашите дела денеска се наследство за нашата иднината, подвелеч Османи.

Сесијата продолжува со излагања на делегатите на сите земји-учеснички и партнери на ОБСЕ.

Северна Македонија и главниот град Скопје се домаќини на 30. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа – ОБСЕ, на кој учествуваат околу 1000 делегати од 57 земји членки на Организацијата и земји партнери.