Дачиќ: Ќе биде тежок состанокот на ОБСЕ во Скопје

Српскиот миистер за надворешни работи Ивица Дачиќ кој на Самитот на ОБСЕ во Скопје ќе дојде заедно со министерот за надворешни работи на Казахстан, Мурат Нуртле, кој е во посета на Белград, изјави дека „овој состанок во Скопје ќе биде тежок“, јави дописникот на МИА од Белград.

-Утре со министерот на Казахстан одам во Скопје. Имајќи ја предвид тежината на ситуацијата со која се соочува меѓународната заедница, не е лесно функционирањето на оваа организација, и имајќи предвид дека консензусот е начин на одлучување и дека не беше можно да се постигне договор за заедничките ставови и за најважните актуелни прашања, затоа овој состанок е важен. Да се обидеме да постигнеме компромис за буџетот и функционирањето на целата организација, без да зборуваме за тоа колку е загрозена таа организација што е создадена за време на Студената војна и постоењето на два блока за спречување конфликти. Ќе биде тежок тој состанок во Скопје, изјави денеска Ивица Дачиќ.