Државниот секретар на САД Ентони Блинкен ќе учествува на Министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје каде ќе зборува за главната улога на Организацијата во промоција на продлабочената безбедност во регионот и ќе се заблагодари на Северна Македонија за нејзината лидерска улога, соопшти синоќа Стејт департментот.
Блинкен денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО во Брисел, а во посета на Северна Македонија доаѓа утре каде на 29 и 30 ноември се одржува состанокот на министрите на ОБСЕ, изјави портпаролот Метју Милер.
-Во текот на посетата на Северна Македонија, државниот секретар ќе се ангажира со колегите од ОБСЕ за реафирмација на цврстите заложби на САД во ОБСЕ и главната мисија на организацијата да промовира безбедност, стабилност и соработка меѓу државите, со посебен акцент на човековите права и мирно решавање на споровите, рече Милер.
Блинкен исто така ќе ја истакне главната улога што ОБСЕ ја игра во промоција на продлабочената безбедност низ регионот и ќе се заблагодари на Северна Македонија за нејзината лидерска улога, се вели во соопштението.
Џејмс О’Брајан, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија вчера на брифинг изјави дека на состанокот Блинкен ќе зборува и за подршката на САД и сојузниците за Украина.
Од Скопје тој ќе опатува на Блискиот исток, во Израел и ОАЕ. Во Израел ќе разговара за правото на Израел да се одбрани од нападите на Хамас согласно меѓународните хуманитарни закони, како и за напорите да се обезбеди ослободување на останатаите заложници. Ќе се раговара и за идното создавање на палестинска држава.
Во Дубаи тој ќе учествува на Климатската конференција на ОН КОП28, каде со глобалните лидери ќе разговара за продолжување на борбата со климетските промени.