Тома Фила кандидат за градоначалник на Белград на СПС за изборите на 17 декември

-Познатиот белградски адвокат со македонско потекло и член на Претседателството на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Тома Фила, ќе биде кандидат на СПС за градоначалник на градот Белград на изборите што треба да се одржат на 17 декември, јави дописникот на МИА од Белград.

На изборите во 2022 година, Тома Фила исто така беше кандидат за градоначалник на Белград на СПС и до овие избори беше пратеник во собранието на град Белград.

Фила тогаш за МИА изјави дека сака да биде прв Македонец кој би можел да стане градоначалник на Белград.

-Дедо ми беше градоначалник на Скопје од 1923 до 1926 година, и јас си кажав, па ако можеше дедо ми да биде градоначалник на Скопје, зошто не би можел јас да бидам градоначалник на Белград. Се надевам со помош на Македонците кои живеат во Белград, кои ќе имаат единствена можност да имаат градоначалник Македонец, изјави тогаш Тома Фила.

Инаку денес СПС со Единствена Србија (ЈС) на Драган Марковиќ Палма и со Зелените на Србија (ЗС) коалициски договор за вонредните парламентарни и белградски избори на 17 декември.

Заедничката изборна листа за парламентарните избори ќе има назив „Ивица Дачиќ-премиер на Србија“,

Тома Фила ќе биде заеднички кандидат за градоначалник на Белград за оваа изборна коалиција.