Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол

Претседателот на државата Стево Пендаровски вчера во Њујорк остварил билатерална средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол.

-На средбата, која е прва средба на ниво на претседатели на држави, беше изразен интерес и подготвеност за истражување на правците за продлабочување на билатералната соработка и зближување на двете земји, по воспоставувањето на дипломатските односи во 2019 година, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

Двајцата претседатели потенцирале дека постојат можности за развој на политичкиот дијалог на сите нивоа, интензивирање на економската соработка, како и соработката во мултилатералните организации.

Претседателот Пендаровски изразил интерес за зголемување и унапредување на економската соработка, при што посочи дека размената на деловни делегации која станува се поинтензивна овозможува да се искористи потенцијалот за продлабочување на оваа соработка.