Калас: По НАТО, би сакале да ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија и во ЕУ

Премиерката на Естонија, Каја Калас по денешната билатерална средба со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, изразила цврста поддршка за евроинтеграцискиот процес на земјава.

– Задоволство ми е да му посакам добредојде на премиерот Ковачевски во Естонија на неговата прва посета тука. Северна Македонија и Естонија се добри пријатели и истомисленици партнери во НАТО, и ние би сакале да и посакаме добредојде и во Европската Унија. Ние сме силни поддржувачи на Северна Македонија и се надеваме дека ќе го направите последниот чекор кој е потребен за да го почнете процесот на зачленувањето во Европската Унија, изјавила премиерката на Естонија, Калас, соопштија од владината прес-служба.
 
Калас се заблагодарила и за, како што се наведува во соопштението, големата поддршка која и ја давате на Украина, за да можат да ја победат оваа војна.

– Ви благодарам повторно и се гледаме во блиска иднина, изјавила премиерката на Естонија, Каја Калас.