Една година од стартот на преговорите со ЕУ: Уставните измени и натаму „пречка“ на европскиот пат

Владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски на денешен ден пред една година во Брисел присуствуваше на првата Меѓувладина конференција меѓу Северна Македонија и ЕУ, со што официјално започна преговарачкиот процес на земјава за членство во ЕУ. На стартот на преговорите претходеше одлуката на земјите членки на ЕУ, ден претходно, за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија и за официјална покана до двете земји за одржување на првите меѓувладини конференции.

Со ова, конечно по 17 години чекање, земјава официјално ги почна преговорите за членство во ЕУ, откако прва меѓу земјите од регионот на Западниот Балкан на 9 април 2001 година во Луксембург ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација, која стапи во сила во 2004 година, а една година подоцна го доби и статусот на земја кандидат за членство во ЕУ.

Во воведната изјава за старт на пристапните преговори ЕУ оцени дека тие не само што претставуваат важен чекор во односите на земјава со Унијата, туку се и јасен показател за недвосмислената поддршка за европската перспектива на Западниот Балкан. 

– Вашата земја е дел од европската историја, наследство и култура и очекуваме уште повеќе да ги интензивираме нашите веќе добро воспоставени врски. Отворањето на пристапните преговори дополнително покажува дека, кога се исполнети условите, ЕУ ги исполнува своите обврски. Ја поздравуваме одлучноста на Северна Македонија да напредува во однос на реформската агенда на ЕУ и очекуваме континуирана политичка посветеност за темелно и интензивно спроведување на неопходните реформи, беше наведно во изјавата на ЕУ.

На Меѓувладината конференција премиерот Ковачевски на македонски јазик ја прочита нашата воведна изјава, истакнувајќи дека со ова по 17 години го правиме клучниот чекор на патот кон остварување на нашиот децениски и генерациски сон и дека за реализација на оваа стратешка цел се донесени тешки одлуки, кои бараа лидерство и храброст, мудрост и одговорност.

Огромно е задоволството што после 17 години чекање, денес конечно ги отпочнуваме преговорите. Отвораме нови перспективи за државата и за граѓаните, и полека но сигурно се приклучуваме кон гол

На првата Меѓувладина конференција беше усвоена Преговарачката рамка за членство на земјава во ЕУ со што започна процесот на скриниг, а по чие завршување, но и по стапувањето во сила на измените на Уствот, по автоматизам без потреба од дополнителни одлуки треба да се одржи втората Меѓувладина конференција, по што преговарачкиот процес продолжува со преговори по кластери и поглавја. 

Дополнително, бугарската Влада изрази подготвеност да ги повлече своите резерви за склучувањето на предлог договорот меѓу ЕУ и Северна Макеоднија за статусот на Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс), кој беше потпишан лани на 26 октомври во Скопје на македонски и на сите 24 службени јазици на Унијата во присуство на премиерот Димитар Ковачевски и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Пред потпишувањето, Советот на ЕУ на 13 октомври ја усвои Одлуката за потпишување на Договорот, а документот потоа беше одобрен и од страна на Европскиот Парламент. Првата заедничка операција на Фронтекс во земјава официјално почна на 20 април, годинава.

„Француски предлог“

Деблокадата на нашиот европски пат беше овозможенa со прифаќањето на предлогот на француското претседателство со ЕУ од 30 јуни 2022 година од страна на Влада, откако претходно Собранието усвови заклучоци по Информацијата за предлог-преговарачката рамка со кои ја задолжи да ги продолжи разговорите со Европската Унија, со цел деблокирање на евроинтеграциските процеси. Предлогот на француското претседателство се базираше на предложената Преговарачка рамка од страна на Европската комисија за време на португалското претседателство со ЕУ, на која Бугарија имаше три забелешки: во однос на краткото име на нашата земја, македонскиот јазик и вклучувањето на Бугарите во Уставот на државата.

Од овие три забелешки, првата е надмината со нашата унилатерална изјава до ОН за краткото име, што беше прифатено од Бугарија.

Во однос на македонскиот јазик, Софија прво инсистираше во Преговарачката рамка воопшти да нема реченица во која ќе се спомене јазикот по примерот со Црна Гора, потоа да стои терминот „официјалниот јазик на Северна Македонија“, па „македонски јазик согласно Уставот на Република Северна Македонија“ или пак на место каде што е наведено македонски јазик со фуснота да биде појаснето дека тоа е согласно нашиот Устав или да биде наведен бугарскиот став по ова мислење. Меѓутоа сите овие предлози на Бугарија се одбиени од наша страна со ставот дека „не преговараме за јазикот“ и тие не се вклучени во преговарачката рамка, туку во неа децидно е наведено македонски јазик без никакви додавки или објаснувања. Со тоа македонскиот јазик станува е еден од 25-те јазици на ЕУ и како таков е дел од преговарачката рамка. Оставен беше простор во рамки на Записникот од седницата на Советот на ЕУ на која беше усвоена преговарачката рамка да бидат вклучени изјави на Бугарија и на нашата земја во однос на јазикот, но тие се дел од текстот на Рамката.

Што се однесува до третото барање за вклучување на Бугарите во Уставот на земјава, Софија инсистираше прво да се извршат уставните измени, па дури потоа да се свика втората Меѓувладина конференција со која официјално би отпочнале преговорите на земјава со ЕУ. Нашиот став по ова барање беше процесот за вметнување на Бугарите во Преамбулата на Уставот, како една од заедниците во земјава, да се случи до завршување на преговарачкиот процес, а преговорите официјално да почнат со првата Меѓувладина конференција, со образложение дека одлуката за старт на преговорите е донесена уште на 20 март 2020 година, а сега само треба да се формализира нивниот почеток. Како компромис е усогласно сегашното решение за вклчување на Бугарите во Уставот до одржувањето на втората Меѓувладина конференција.

Еден месец претходно, во пресрет на последниот Самит на ЕУ под нејзино претседавање, Франција излезе со нацрт-верзија на предлог за деблокирање на европскиот пат на земјава, кој беше поддржан од бугарското Собрание, кое и даде зелено светло на Владата во Софија „да ги одобри преговарачка рамка и заклучоците предложени од француското претседателство со Советот на ЕУ за решавање на сложените односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, ако се исполнети неколку услови“. Но, земјава го одби ваквиот нацрт како неприфатлив, при што премиерот Ковачевски нагласи дека државата има три клучни барања за преговарачката рамка – целосно признавање на македонскиот јазик, историските прашања да не бидат дел од неа и стартот на преговорите да не се условува со вклучување на Бугарите во Уставот. На крајот на јуни, Париз достави ревидирана верзија на својот предлог во кои беа земени предвид нашите позиции и барања и кој, како што беше образложено „ги адресира нашите забелешки на работната верзија“. Откако земјава го прифати ревидираниот „француски предлог“ и беше потпишан билатералниот Протокол меѓу Скопје и Софија за имплементација на Договорот за добрососедство, беше отворен патот за одржување на првата Меѓувладина конфренција меѓу Северна Македонија и ЕУ. 

На прифаќањето на предлогот и одржувањето на Меѓувладината конференција им претходеа неколкудневни протести во земјава под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, од кои се бараше отфрлање на „францускиот предлог“, со кој, според организаторите на протестите, „се негира правото на самоопределување и се условуваат македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, што не е дел од критериумите за членство во ЕУ, ниту правило меѓу државите членки“. Најжестоките протести се одржаа на 5 јули, кога беа повредени 47 полициски службеници, од кои 11 потешко, беа приведени 11 демонстранти и беа оштетени прозорци и фасадите на Владата, Собранието и Министерството за надворешни работи, полициска куќарка пред собранската зграда и едно полициско возило. 

Одржувањето на првата Меѓувладина конференција, меѓу другите, го поздравија американскиот претседател Џо Бајден, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жосеп Борел и чешкиот премиер Петр Фиала, чија земја тогаш претседаваше со Советот на ЕУ. Првата меѓувладина конференција беше поздравена и од домашниот политички врв, додека опозицијата оцени дека со неа „државата влегува во еден лавиринт каде што историјата и минатото ќе бидат многу поважни од сегашноста, иднината и европските стандарди“. ВМРО-ДПМНЕ најави и иницијатива за собирање на 150.000 потписи за референдумско изјаснување на граѓаните за Протоколот со Бугарија, додека партискиот лидер Христијан Мицкоски соопшти дека пратениците на неговата партија потпишале изјава на нотар со која потврдуваат дека нема да гласаат за уставни измени. 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери денеска ќе има средба со новиот амбасадор на Република Чешка, Јарослав Лудва.

Откако ги собраа потребните потписи, ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ја достави иницијативата за одржување референдум со прашање „Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија објавен во Службен весник од 18.01.2017?“. Но, претседателот на Собранието, Џафери ја отфрли иницијативата со образложение дека таа е противуставна, бидејќи „меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со закон“. Коментирајќи ја иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум, евроамбасадорот Дејвид Гир порача дека „се што води назад и ги попречува евроинтеграциите треба да се избегнува“, додека власта ја оцени како „отворање на Пандорината кутија и непотребни трошоци во услови на криза“.

Скрининг процес

Скрининг процесот предвиден со Преговарачката рамка почна во септември, а пред неговиот почеток Владата усвои Одлука за воспоставување на структура за преговори за пристапување на земјава во Европската Унија. За главен преговарач беше избран вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, а за негов заменик државната секретарка за европски прашања Дрита Абдиу Халили. Преговарачката структура, покрај главениот и заменик преговарачот, ја сочинуваат Комитетот за преговори, претседаван од Владата и премиерот Димитар Ковачевски, четворицата вицепремиери, министерот за надворешни работи и министерот за финансии, како и Државната делегација за преговори, на чело со министерот за надворешни работи и Групата за преговори. Формирани се и Работен комитет за европска интеграција и работни групи за пристапни преговори, како помошни тела поделени по кластери, три области и 33 поглавја. По воспоставувањето на преговарачката структура земјата го почна објаснувачкиот скрининг за ажурираното законодавство на ЕУ од 2019 година за областите и поглавјата од Кластерот „Фундаментални вредности“, како прв и значаен чекор во преговарачкиот процес.

Потоа објаснувачкиот скрининг продолжи по Кластерот 2 – „Внатрешен пазар“, со посебен акцент на Поглавјето 4 – „Слободно движење на капиталот“, како и по Кластерот 3 –  „Конкурентност и инклузивен раст“ и тоа по поглавјата 10 – „Дигитална трансформација и медиуми“, 16 – „Оданочување“, 17 – „Економска и монетарна политика“, 19 – „Социјална политика и вработување“, 20 – „Претпријатија и индустриска политика“, 25 – „Наука и истражување“, 26 – „Образование и култура“ и 29 – „Царинска унија“.

Во ноември скрининг процесот продолжи за Поглавјата 5 – „Јавни набавки“, 18  – „Статистика“ и 24 – „Право, слобода и безбедност“, а до крајот на минатата година земјава успешно го заврши билатералниот скрининг за Кластерот 1 – „Фундаментални вредности”, по што тој годинава продолжи по Поглавјата 1 – „Слободно движење на стоки“, 2 – „Слободно движење на работници“, 3 – „Право на основање и слобода на давање услуги“, 4 – „Слободно движење на капитал“, 6 – „Право на трговски друштва“, 7 – „Право на интелектуална сопственост“, 8 – „Политика на конкуренција“, 9 – „Финансиски услуги” и 28 – „Заштита на потрошувачите и јавно здравје“, од Кластерот 2 – „Внатрешен пазар“, по Поглавјата  16 – „Оданочување“, 17 – „Економска и монетарна политика“, 19 – „Социјална политика и вработување“, 20 – „Претпријатија и индустриска политика“, 25 – „Наука и истражување“  и 26 – „Образование, култура, млади и спорт “ од Кластерот 3 – „Конкурентност и инклузивен раст“, по Поглавјата 14 – „Транспортната политика“, 15 – „Енергетика“, 21 – „Трансевропски мрежи“ и 27 – „Животна средина и климатски промени“ од Клатерот 4 – „Зелена агенда и одржлива поврзаност“ и по Кластер 5 – „Ресурси, земјоделство и кохезија“.

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Бојан Маричиќ во интервју за МИА вели дека очекува извештаите на ЕУ за скринингот за усогласување на законодавството, да се најдат пред Советот на министри на Европскат Унија летово, додека во фаза на консултации во Европската комисија се извештајот за скринингот на Првиот кластер – Темелни вредности и на Вториот кластер – Внатрешен пазар.

– Ние очекувавме и досега, меѓутоа мислам дека од тактички или стратешки причини заради следењето на динамиката со уставните измени, Европската комисија се уште ги нема доставено извештаите. Инаку, знаеме дека извештајот за скринингот на Првиот кластер – Темелни вредности и на Вториот кластер – Внатрешен пазар се веќе во фаза на консултации внатре во Комисијата и очекуваме летово да се најдат пред Советот на министри на Европската Унија, изјави Маричиќ.

Уставни измени

На ден пред годишнината од стратот на преговорите, Владата вчера ги усвои Предлогот за пристапување кон измена на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот, со кој се предвидуваат промени во уставната Преамбула и во амандманите 12 и 36. 

Со предложените измени на Преамбулата и на Амандманот 36 на Уставот се предлага после „… бошњачкиот народ“ да се стави запирка и да се додадат „бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ“.

Со измените на Амандманот 12, пак, се предлага промена на бројот на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците од досегашните 19 да се зголеми на 43 члена, при што по 16 члена од редот на пратениците во Собранието Македонци и Албанци и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби, Бошњаци, Бугари, Хрвати, Црногорци, Словенци, Евреи и Египќани.

Како што соопшти владината прес-служба Предлогот за пристапување кон измена на Уставот го подготви работната група составена од експерти, еминентни професори од неколку универзитети во државата, како и претставници на политички партии и тоа со едногласна поддршка на содржината на текстот, по што точката е ставена на дневен ред на денешната владина седница на предлог на Министерството за правда. 

Измените на постојниот Кривичен законик во однос на насилството врз новинари се во собраниска процедура и тие треба да бидат усогласени со целосно новиот кривичен законик, кој веќе постои во

– Предлогот е изработен врз основа на Заклучоците на Собранието на Република Северна Македонија донесени на седницата одржана на 16 јули 2022 година, а врзани со Заклучоците на Советот на Европската Унија и Заедничкиот став и воведната изјава на ЕУ на Политичкиот состанок на Меѓувладината конференција за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија. Северна Македонија во согласност со својата стратешка определба за полноправно членство во Европската Унија е одлучна да ги спроведе обврските преземени во рамките на Преговарачката рамка и пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија што започнаа со одржувањето на првата Меѓувладина конференција, одржана на 19 јули 2022 година, се наведува во владиното соопштение. 

Одлуката на Собранието за измени на Уставот, посочува Владата, ќе овозможи одржување на втората меѓувладина конференција со ЕУ до декември 2023 година, отворање на поглавјата во преговорите, интензивирање на реформите и брзо членство во ЕУ.

– Владата повикува на разум и свесност за актуелниот моментум во којшто државата ја има можноста да избегне повторна многугодишна изолација и, напротив, конечно да ги реализира европските перспективи, наведува прес-службата на Владата.

Согласно процедурата за уставни измени, од моментот кога предлагачот ќе ги достави до Собранието до моментот на утврдување на потребата за промена на Уставот потребни се 30 дена. Дебатата на седницата на која што ќе биде на дневен ред потребата за уставни измени трае максимум десет дена, а Одлука за пристапување кон измена на Уставот се носи со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. По ваквата Одлука, Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници го утврдува Нацртот за измена на Уставот, кој потоа се става на јавна расправа. Земајќи ја предвид јавната дискусија собраниската Комисија за уставни прашања го подготвува Предлогот за измена на Уставот, на кој пратениците имаат право да предлагат амандмани за подобрување на текстот, по што се пристапува кон донесување на Одлука за измена на Уставот со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

За промена на Преамбулата на Уставот, пак, потребно е двојно мнозинство гласови – двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници во Собранието и мнозинство гласови од вкупниот број пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Северна Македонија.

Промената на Уставот – можна нова (само)блокада на европската интеграција

Но, усвојувањето на уставните измени засега останува неизвесно и продолжуба да ја бранува политичката сцена. И покрај поддршката за промена на Уставот и продолжувње на европскиот пат на земјата од владејачкото мнозинство и од опозициските партии на Албанците, опозицискиот блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека за нив „не се прифатливи уставни измени во околности на политички диктат од соседството“.

Во пресрет на годишнината од стартот на преговорите и очекуваниот почеток на постапката за уставни измени, во Скопје неделава престојуваа француската државна секретарка за Европа, Лоранс Бун, германската министерка за Европа и клима Ана Лирман и полскиот министер за ЕУ, Шимон Шинковски вел Сенк, кои ја сочинуваат т.н. „Вајмарската тројка“, додека мината недела земјата ја посетија шефовите на дипломатиите на Австрија, Чешка и Словачка, Александер Шаленберг, Јан Липавски и Мирослав Влаховски.

Членовите на „Вајмарската тројка“ порачаа дека го поддржуваат продолжување на евроинтеграцискиот пат на Северна Македонија и ја повикаа опозицијата да ги поддржи уставните измени, нагласувајќи дека земјава припаѓа на семејството на ЕУ и треба да биде дел од Унијата.

– Ги поттикнуваме сите политички сили да ја поддржат промена на Уставот. Се друго ќе биде штетно за влезот на Северна Македонија во ЕУ, рече германската министерка Лирман.

Министерската тројка од Австрија, Чешка и Словачка пак порача дека интеграцијата во ЕУ треба да биде прашање на национален консензус и сите пратеници во Собранието да ја надминат партиската политика и да размислуваат за европската иднина на државата, бидејќи колку побрзо се донесат уставните измени, толку побрзо земјата ќе стигне до ЕУ, со оценка дека предвремени избори би биле контрапродуктивни. Според нив, ако Северна Македонија не ги прифати уставните измени и не продолжи да оди по европскиот пат се соочува со опасноста да биде изолирана, па би било штета „откако истрча еден тежок маратон да се сопне на последната пречка“.

– Со сите коишто разговаравме, со сите коишто имаат политичка одговорност се сретнавме и тие покажаа дека се проевропски, дека сакаат да ја одржат земјата на патот за целосно членство во ЕУ. Имаме чувство дека сите се свесни за одговорноста дека ова е моментот, ова е посебен момент во развојот на патот кон ЕУ, изјави Шаленберг, кој со Липавски и Влаховски допатуваа во Скопје на иницијатива на високиот претставник за надворешна политика и бебзедност на Европската унија, Жосеп Борел, за да ги пренесат официјалните ставови на ЕУ по однос на прашањата поврзани со нашето европристапно досие.

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од партискиот лидер Христијан Мицкоски, кон крајот на минатиот месец престојуваше во посета на Брисел, каде, според партиското соопштение „со високи претставници на ЕУ се разговарало околу актуелната ситуација во Македонија  ивисокото ниво на корупција и криминал“ и „се консултирале за можни решенија“. Биле пренесени и позициите на партијата „кон заштита на националните интереси и гледањето на евроинтеграцискиот пат и низ таа призма, неприфаќањето на уставни промени под овие околности и под бугарски диктат и дека е потребно македонскиот евроинтеграциски пат да се гледа низ призмата на реалните европски критериуми“.

Коментирајќи ја посетата на партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ на Брисел и посетата на европските министри на Скопје, шефот на дипломатијата Бујар Османи изјави дека „Европскта Унија дојде во Скопје, бидејќи очигледно одењето во Брисел не беше доволно за да и каже на опозицијата дека не можеме да добиеме подобар договор“ и дека Преговарачката рамка е изгласана од сите 27 земји членки на Европската унија и никој не може да ја промени. Тој истакна дека лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски заминал во Брисел убеден дека ќе ја промени рамката, но добил силна порака дека „нема да може никој и никогаш да смени една запирка од преговарачката рамка“.

Во рамки на напорите за постигнување компромис за уставните измени на почетокот на минатиот месец се одржа и средба меѓу премиерот и лидер на СДСМ, Ковачевски и првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, која стана повод за нови препукувања околу резултатите од неа и за тоа што било договорено.

Според Ковачевски, заклучок од средбата е дека ВМРО-ДПМНЕ не е против уставни измени, кои се чекор напред на европскиот пат. Тој на Мицкоски му предложил заедно да го направат следниот чекор и да ги изгласаат уставните измени.

Ваков демократски дијалог треба да има на сите нивоа. Добро е што ставот утрово искажан од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски практично е променет и различен од ова што го слушнав

– Предложив заеднички да го изгласаме отворањето на Уставот со две третини и веднаш утредента ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Владата при што СДСМ ќе ослободи половина од своите места за претставници на ВМРО-ДПМНЕ, рече Ковачевски, додавајќи дека на тој начин ќе се добие влада која ги обединува сите политички партии кои се за евроинтеграција.

Според него, таквата Влада ќе го спроведе процесот на уставни измени, ќе го заврши скрининг процесот и ќе ги отвори поглавјата како втора фаза од преговарачкиот процес и ќе може да ги организира и следните избори. 

– На тоа додадов дополнително дека за да обезбедиме, иако тоа е веќе обезбедено во преговарачката рамка со сигурност, уставните измени кои ќе се донесат, во своите завршни и преодни одредби да имаат одредба со која важат во моментот на одржување на втората меѓувладина конференција која е и закажана без никакво одлагање, посочи Ковачевски, додавајќи дека се друго вон тоа е разговор надвор од преговарачката рамка.

Мицкоски, од своја страна, изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во влада со СДСМ и со останатите политички партии, но без учество на ДУИ, додавајќи дека „јасно му кажал“ на премиерот Ковачевски дека партијата стои на ставот оти уставни измени под бугарски диктат на ваков начин и под овие околности нема да поддржи.

– ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да учествува во таква влада и евентуалните уставни измени да важат денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот протокол на Македонија во рамки на ЕУ од парламентите на 27 земји членки, изјави Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата стои на ставот дека уставни измени под бугарски диктат на ваков начин и под овие околности нема да поддржи и тоа беше јасно кажано на денешната средба со прем

Според него, Ковачевски ваквиот предлог го протолкувал како кршење на преговарачката рамка, по што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ предложил да се одржат предвремени избори на есен, да се формира влада на широко национално единство без учество на ДУИ и да се обезбедат гаранции за националниот идентитет и јазик, економски пакет и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на пресудите на Судот за човекови права во Стразбур и измени од влада без ДУИ, поддржана од опозицијата.

ДУИ веднаш реагираше на ваквиот предлог, нагласувајќи дека се согласува да излезе од Владата откако во сила би стапиле уставните измени.

По лидерската средба, СДСМ формира работна група за разговори со ВМРО-ДПМНЕ околу договореното меѓу Ковачевски и Мицкоски, но опозициската партија оцени дека дискусии во такви работни групи би биле непродуктивни и бесцелни, доколку социјалдемократите не одговорат кој нивни предлог го прифаќаат. Дополнително, од ВМРО-ДПМНЕ минатат недела информираа дека ги прекинуваат сите контакти со власта и дека официјална комуникација може да има единствено само ако се разговара за распуштање на Парламентот и одржување на предвремени парламентарни избори. 

Но, и покрај ваквите јавно декларирани ставови, министерот за правда Кренар Лога во телевизиско гостување минатата недека изјави дека „има информации оти во ВМРО-ДПМНЕ се разговара за уставните измени“ и дека тие „ќе бидат изгласани во Собранието“.

 – Длабоко верувам дека ова лето ќе имаме уставни измени. Процесот не е едноставен, бара широк консензус и две третини во Парламентот кои верувам дека ќе се обезбедат. Верувам, бидејќи имам информации дека во ВМРО-ДПМНЕ се разговара за таков процес и дека ако тие не се за поддршка на уставните измени, ќе се најдат други луѓе, истакна Лога.