Премиерот Димитар Ковачевски денеска на маргините на Самитот на НАТО во Вилнус имаше куса средба со американскиот претседател Џо Бајден.
– Средбата со претседателот на САД Џо Бајден, на Самитот на НАТО, беше можност накратко да поразговараме за важноста на европските и евроатланските интеграции на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан како еден од предусловите за обезбедување на мирот, стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот, напиша Ковачевски на фејсбук.
Тој претходно се сретна и со британскиот премиер Риши Сунак, со премиерите на Словенија Роберт Голоб, на Луксембург Ксавиер Бетел, на Бугарија Николај Денков, како и со претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.
– Одлична прилика за повеќе куси неформални средби и разговори со европски и регионални лидери и мои драги колеги на #VilniusSummit на НАТО, премиерите на Обединетото Кралство, Сунак, на Словенија, Голоб, на Луксембург, Бетел и на Бугарија, Денков, како и претседателот на Црна Гора, Милатовиќ, објави Ковачевски.