Македонците од Албанија положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Претставници на Македонците од Албанија денеска се поклонија пред гробот на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев.

Цвеќе на неговото вечно почивалиште, во црквата Свети Спас” во Скопје, положија делегација на Македонска алијанса за европска интеграција предводена од претседателот Васил Стерјовски како и Панди Јани, претседател на огранокот на Партијата на слободата за Пустец.

– Делегација на МАЕИ положи цвеќе на вечното почивалиште на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев а по повод 120 години од неговата смрт. Името на Гоце Делчев ќе остани врежано во историјата на Македонија и на македонскиот народ. Ни останува на сите Македонци да го чуваме и славиме ликот и делото на овој наш великан. Вечна му слава, објави МАЕИ.

Заедно со Стерјовски почит му оддадоа и Таќо Гроздани, генерален секретар, како и Јани Колевски и Јордан Јанкула.

– По повод 120 годишнината од смртта, положив свежо цвеќе на вечното почивалиште на големиот македонски ревулуционер и идеолог за независна македонска држава – Гоце Делчев. Нека е вечна славата на Даскалот. Македонија вечна, напиша Панди Јани кој пред гробот на Гоце се поклони заедно со Спиро Малевски.