Премиерот Димитар Ковачевски се обрати денеска пред Советот за безбедност на ОН како прв македонски премиер кој зборувал пред советот, а на тема новата агенда за мир предложена од генералнот секретар на ОН Антонио Гутереш.
Ковачевски се обрати во чест на 30 годишнината од членството на Северна Македонија во ОН.
Темата мир е насушна во контекст на руската агресија во Украина, и Ковачевски рече дека Северна Македонија отсекогаш била пример за решавање на конфликти и отворени прашања дома и со соседите.
Обраќајќи се до Швајцарија како непостојан претседавач со СБ, премиерот истакна дека ОН и мултилатералниот систем во минатото се покажале ефикасни за придонесување кон мирот во светот.
-Денес кога имаме морална обврска да придонесме кон новата агенда за мир, не можеме а да не ја споменеме старата агенда од 1992 година и почетоците на првата превентивна мисија на ОН во нашата земја – високо оценета како успешна превентивн акција на ОН, рече Ковачевски.
Истакна дека во случајот со Северна Македонија, градењето на мирот бил потврден во пракса.
-Нашиот прв претседател Киро Глигоров во тешките војни на просторот на поранешна Југославија со својата мудрост и одговорност овзоможи мирно осамостојување и меѓународно етаблирање на Северна Македонија како независна и суверена држава, порача Ковачевски.
Во време на војна во блиското соседство, рече Ковачевски, нашата земја имала одржлива агенда за мир обезбедена со внатрешен консензус, но и тесна соработка со организации како ОБСЕ и ЕУ.
-Мисијат УНПРЕДЕП спречи прелевање на конфликтот, беа сочувани мирот и стабилноста, а со тоа спасени безброј животи и спречени непотребни разрушувања, рече Ковачевскии, додавајќи дека за време на конфликтот официјално Скопје промовирало култура на дијалог за надминување и на најсеризните предизвици.
Според Ковачевски, Северна Македонија станала пример за решавање на отварени прашања дома и со соседите, и затоа нашата земја во изинатите 30 години донела многу тешку одлуки.
-Ова беа тешки но визионерски одлуки кои ни овозможија да станеме членка на НАТО и да отпочнеме преговори со ЕУ, со заштитен и признат македонски јазик, идентитет и култура, истакна тој.
Додаде дека од земја на мировни мисии на меѓународните организации во нашата земја сме станале фактор на стабилост и домаќин на мировни преговори на други земји, но дека има уште многу работа пред себе, како остварување на Милениумските цели за одржлив развој.
-За жал, руската воена агресија во Украина ги промени глобалните односи, а тоа повикува придржување до референтната рамка на Повелбата на ОН, а тоа е избегнување војна, истакна премиерот.
Рече дека Северна Макеоднија како и многупати во историјата застанала на вистинската страна на историјата, на страната на демократскиот свет и правото на секоја земја за самоопределување.
Во завршниот дел од својот говор македонскиот премиер повика светот да се заложи за почитување на повелбата на ОН.
-Како рамноправен дел од тогашната (југословенска) федерација, која беше еден од основачите на ОН, но и како држава која пред 30 години се стекна со самостојно место во ОН, Република Северна Макдонија го крева својот глас и ја споделува крајна загриженост од кризата на ОН, но и кризата во меѓународиот поредок.
Тој истакна дека новат агенда за мир на Гутереш е „шанса која треба да ја искоритиме… потребен ни е мир сега и веднаш“.