Статусот на дијалогот помеѓу Азербејџан и Ерменија беше главна тема на денешната средба на претседавачот со ОБСЕ, министерот Бујар Османи со претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев.
Тој посочи дека ќе продолжи со ваков избалансиран пристап. – ОБСЕ, со сите свои предизвици со кои се соочува, сè уште претставува форум кој е вистински заинтересиран да види мир во овој клучен регион, додаде Османи.
Претседавачот Османи истана дека преку постоечки и идни активности, ОБСЕ ќе поддржи решенија кои придонесуваат за стабилноста и безбедноста и кои ја подобруваат состојбата на населението погодено од конфликти.
Посебно бев заинтересиран да слушнам за прашањето на интеграцијата на Ерменците во Азербејџан и како по долги години конфликти и тензии може повторно да се воспостави стабилност и доверба, рече Османи.
Тој побара поддршка од Азербејџан, како долгогодишен партнер на ОБСЕ, за решавањето на најитните прашања на Организацијата и на тој начин подобро справување со безбедносните предизвици што го засегаат Јужен Кавказ, но и поширокиот ОБСЕ регион.
Како што информираат од МНР, Османи денеска ќе има и средби со министерот за надворешни работи, Џејхун Бајрамов и со претседателката на Националното Собрание на Азербејџан, Сахиба Гафарова.