ГОЛЕМА ЉУБОВ, ПОЧИТ И КОПНЕЖ ЗА РОДНАТА ЕЈГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (10)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Преку информативните гласила во новите средини Македонците ги збогатуваат своите национални вредности со помош на културните институции во новите средини и на тој начин го збогатуваат мозаикот на мултинационалните култури во новите средини во иселеништвото. Овој пат ќе поместиме интересни продолќенија

            39. “Глас на егејските Македонци” (1986-1987). Весникое се појави во мај 1986 година, на 4 страници на формат 29 х 42 см., како орган на Движењето за човечки и национални права за Македонците во Егејска Македонија.

Во првата година се отпечатени три броја, а четвртиот број се појави во втората година во јануари 1987 година, на ист формат и со слична содржина. Бројот 5, пак, излење во август 1987 година, чие клише на главата е модофицирано.  Имено, најпрво името на весникот е дадено на англиски јазик, а потоа на македонски. Од лево е амблемот на ЦОК за МЧП, а од десно знаме од античко време со 16 краци. Весникот е печатен на 8 страници на формат 29 х 41 см.

Бројот 6, пак, се чини е последен, е отпечатен  во декември 1987 година, на 8 страници и на ист формат како претходниот.

40. “Наш свет” (1986-1987).  Гласилото “Наш свет” започна да се печати во септември 1986 година како орган на Македонската обединета општина на Западна Австралија (инкорпорација).  Првиот број од “Наш свет” содржи 28 страници на формат 19 х 29 см. Се печатеше на литературен македонски јазик со кирилица, а имаше текстови и на англиски јазик, како и материјали преземени од весници и списанија што се издаваа во Република Македонија, кои се однесуваат на историското и културното минато на македонскиот народ и Македонија.

Вториот број од “Наш свет” се појави во октомври 1986 година на ист формат, на 26 страници, со поиздржана содржина и е подобро технички уреден.  Бројот 4 на “Наш свет” е отпечатен во 1987 година, ;со нов формат 35 х 25 см. што се применуваше и кај идните броеви. Од четвртиот број квалитетот на публикацијата се подобри и по форма и по содржина.  Бројот 5 од 1987 година е посветен на 84-годишнината од смртта на великанот Гоце Делчев, кој во својата рана младост го даде животот борејќи се за слободна Македонија, а бројот шест од 1987 година е на Илинден, најголемиот и најзначајниот светол ден на македонскиот народ.

Од бројот 7 од октомври 1987 година весникот “Наш свет” го смени името во “Македонска мисла”.

            41. “Македонска мисла” (1987 – 1989). Од бројот седум од 1987 година весникот “Наш свет” го мени името во “Македонска мисла”, но и понатаму остана орган на Македонската обединета општина. Тој е на ист формат како и претходните броеви на “Наш свет” (35 х 25 см.) но на 24 страници. Бројот седум на публикацијата, сега со ново име “Македонска мисла”, е посветен на 11 Октомври.

Во 1988 година е отпечатен само еден број на “Македонска мисла” посветен на 85-годишнината од Илинденското востание и формирањето на Крушевската република, како и на 44-годишнината од создавањето на македонската држава.

Во 1989 година е отпечатен исто така само еден број со ист формат како и претходните броеви, на 28 страници. Овој број десетти по ред донесува материјали за изградбата на Центарот, за Македонската православна црква, за Гоце Делчев, односно за 76-годишнината од неговата смрт, како и за посетите на општината.  Од 1989 година не е отпечатен друг број, но се прават напори во обединетата општина ова значајно гласило повторно да излегува.

             42. “Стирлинг Македонија” (1987).  Ова издание е печатено од Фудбалскиот клуб Стирлинг-Македонија” од Западна Австралија. Публикацијата е издадена на англиски јазик, на 80 страници, на формат 22 х 27 см. Таа е отпечатена по повод 29-годишнината од постоењето на Фудбалскиот клиб “Стирлинг Македонија” (1958-1987).

             43. “Монографија” (1988).  Билтенот “Монографија” е орган на Македонската православна црква за Делајд и Јужна Австралија во чиј состав работи Македонската православна црква “Свети Наум Охридски”. Тој излезе на 29 мај 1988 година по повод свеченото отворање на Македонскиот културен центар во Аделајд. Во редакцискиот одбор на Билтенот се Јордан Тасев и Мајкл Радин, а го отпечати Тоде Велјановски, на 8 страници формат 21 х 29 см., на англиски и македонски јазик.

Во продолжение, на македонски јазик на две страници е поместен животопис за “Свети Кирил и Методиј” од нивното раѓање до смртта. Исто така, на македонски јазик е објавен текст посветен на светите браќа Кирил и Методиј. Текстови се објавени по повод отворањето на Македонскиот културен центар на свечениот ден на светите браќа – просветителите Кирил и Методиј”.

          44. “Македонски патриотски билтен” (1989 – ).  Ова е прво информативно гласило од ваков вид што се печати во Австралија, а и воопшто меѓу иселеништвото во кое се презентирани голем број текстови што се однесуваат на човечките права на Македонците. Билтенот е орган на Организацијата за македонските човечки права во Западна Австралија. Печатен е во вид на списание на 24 страници на формат  21 х 29 см. на македонски и на англиски јазик, со кирилица и латиница. Билтенот се појави во јули 1989 година.

Во продолжение на првиот број од “Македонски патриотски билтен”, на англиски јазик е даден текст што се однесува на улогата на Комитетот за македонски човечки права од Перт, Западна Австралија, Извештајот на Делегацијата за човекови права на Македонците од Стразбур и Женева од 5 јуни 1989 година и од весникот “Австралиско-македонски неделник” е пренесен текстот под наслов “Македонците создаваат историја во Европа”, а кој се однесува за учеството на делегацијата на човечки права на Македонците од Солун.

Прололжува

1SlaveK2Пишува: СЛАВЕ КАТИН