Северна Македонија атрактивна за австриските инвеститори

Можно проширување на две инвестиции од Австрија во областа на телекомуникациите и автомобилската индустрија, беше најавено денеска на Македонско-австрискиот бизнис форум во Стопанската комора.

На форумот се одржаа средби меѓу 25 австриски и 60 македонски компании, а целта беше јакнење на деловната соработка и интензивирање на бизнис разговорите.

Според учесниците, австриските фирми многу брзо го увиделе потенцијалот во македонската економија, а земјава се приближува до една милијарда евра австриски инвестиции.

-Дојдовме со намера да ги зајакнеме стопанските врски и стопанската соработка меѓу двете земји. Ние сме најголемиот инвеститор во Северна Македонија, а тука се и две фирми кои веќе изразија подготвеност да ги прошират своите инвестиции во секторот автомобилски делови и телекомуникации, изјави регионалниот менаџер за Југоисточна и Источна Европа и за Централна Азија, Рихард Бандера пред форумот.

Според Јирген Шредер, трговски советник во Австриската амбасада, околу 60 фирми од Австрија имаат инвестиции и филијали во Северна Македонија, а вработуваат околу 10 000 лица.

-ЕВН, Шпаркасе и А1 се водечки на пазарот овде и се активни со години наназад. Се приближуваме до цифрата една милијарда евра австриски инвестиции. Вчера ја посетиме компанијата „Магна“ чие седиште е во Канада, но е управувана од Австрија и таа укажа на тесните врски и соработка во Северна Македонија. Тоа се позитивни сигнали со кои можеме да ги мотивираме другите австриски фирми да продолжат или да почнат со свои инвестиции тука, рече Шредер.

Тој оцени дека трговската размена минатата година остварила многу високи резултати.

-Извозот од Австрија лани беше околу 160 милиони евра, додека увозот околу 140 милиони евра. Вкупната размена достигна околу 300 милиони евра, информира советникот.

Како што изјави извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев, Австрија е на 20. место во трговската размена на земјава.

Според Пешев, економиите во светот имаат поинаков пристап и проблемот не го решаваат со замрзнување на цените. Подобро е, рече, да се субвенционира делот од населението на кое тоа навистина м

-Пред две години Австрија беше вториот најголем инвеститор кај нас во неколку битни сектори како телекомуникациите, банкарството, трговијата со електрична енергија, гардежништвото,… Австрија е наш докажан партнер, но лани, за жал, Северна Македонија бележи негативна размена, за 70-на милиони помалку извезуваме од што увезуваме. Тоа е сигнал дека треба да се поработи во делот на инвестициите кои ќе имаат излез на австрискиот пазар. Затоа форсираме ситуација во која наместо австриските фирми да доаѓаат тука да инвестираат директно, инвестираат преку „joint venture“ со наши компании, нагласи Пешев.

Делегацијата што денеска беше на форумот во Комората, беше речено, е најголемата досега што ја постила земјава.